Хм, да го носам толкав орбитрек по сервиси баш и не би можела, ама не знаев дека имаат сервис, може они ќе знаат да објаснат како да се смени каишот , фала за инфо.
нема шанси сама да го наместиш каишот, а орбитрекот и не е така тежок за транспорт за да неможе да се однесе на сервис, рачките ке му ги извадиш
За орбитекот инаку имам слушнато дека со оваа справа се слабее меѓутоа многу се ширеле бутините, а јас тој дел бутини, задник ми се најголем проблем кој треба да го намалам така да после ова што слушнав се двоумам дали да го користам демек подобро било статичен велосипед и брзо одење отколку орбитрек, не знам колку е точно па би сакала да ги споделите вашите искуства, совети и кој тип на вежбање најмногу би ми помогнал
Ако ти е средена исхраната нема да се рашириш. И јас најголем проблем имав со нозете. т.е. бутовите. И 65 кг да иам даска ми е стомакот али нозете... Секогаш постоело едно правило и секогаш ке е така-80% исхрана и само 20% вежби е тајната. Значи среди си ја исхраната прво и немаш гајле. Резултатите се феноменални.
Што се однесува до исхрана водам ред значи буквално за се само за вежбање се двоумам откако слушнав за ова еве веќе 3 недели вежбам на орбитрек и се уште нема којзнае какви резултати повеќе струкот ми се намали и стомак тој дел отколку нозете а планирам и степер да купам овие денови така да можеби ке има поголеми резулати иако сеуште е рано,на кој начин успеа да го решиш проблемот само со исхрана или и вежбаше нешто
Чим не ти реагира на нозете, зголеми на левел срцка. Мораш да ги напнеш, посебно ако имаш (а очигледно имаш) генетски големки нозе.
Деновиве ќе земам орбитрек на Нео па сакам да ми каже некој искуство ако има сo орбитрекот од оваа марка.. anybody?
Знае некој каде да купам орбитрек освен во биди фит... не ми се даваат многу пари.. :/ да не продава некој од вас?
Побарај по огласиве на интернет или печатениве, продаваат многу. Јас мојот така си го земав дупло поефтин, а не е чепнат воопшто.
Имам слушнато низа лоши коментари за орбитрек..дека не бил ефикасен,дека требало мноооогу време за да има некаков резултат,бла бла... јас сакам да си купам,чисто за да имам некаква активност при држенње режим...ама не знам...ептен се двоумам.
Неслушај муабети од тој тип. Смешно ми е кога некој ќе го рече тоа. За да немаш видливи резултати од вежбање значи дека во денот лакомо ќе се најадиш, па плус и она шо не треба, а исто и по вежбање, па место да одиш минус со калории дури и додаваш. Не е возможно било каква физичка активност да нема резултат врз слабеењето, освен ако претеруваш со исхрана. Пред се е битна исхраната за да има брзи резултати. И инаку е можно да се ослаби ама многу бавно и минимално. Ако ти си спремна да одвоиш минимум 30 мин барем 5 пати во неделата резултати ќе има многу брзо. Купи го единствено ако веруваш дека редовно или често ќе го користиш а и дека ќе комбинираш помалце јадење со вежбањето. Јас го имам скоро година, го користам редовно и од почеток имаше резултати а сега држам линија со него. Не вежбав само 2 месеци летово заради жешко, ама место тоа пешачев секој ден и трчав кога можев. Еве пред некоја недела го активирав пак по 30тина мин 2-3 пати неделно и одма ми се затегна телото. Незаменлив е. Значи оваа справа е предобра ствар ама за тој што знае како да го користи. Сите останати што се жалат дека нема резултати се само лажговци кои не сакале да скратат на гнетење па да ослабнат или пак се откажале по 1 недела вежбање зато што ги мрзело па сега изговорот им е неефикасност.
Многу се шират бутовите и задникот од орбитрекот од лично искуство ви кажувам и воопшто не сум задоволна од него
Што се однесува до исхрана водам ред значи буквално за се и вежбам 5 пати неделно по 30 мин на орбитрек 2 месеци и нема некои резултати освен што се шират бутовите и задникот ништо друго
Јас го имам орбитрекот и од 85 килограми ослабев на 60 вежбав секој ден по 1 час но и внимавав на исхраната значи од исхрана го исклучив лебот благото и газираните пијалоци и јадев ориз , компир многу салати и во рок од 3 месеци ослабев многу ... орбитрекот е ефикасен доколку редовно вежбаш и внимаваш на храната !
Втор ден како вежбам 1 саат на Орбитрек и супер ми е 50 минути на помал отпор и 10 на најак отпор и тоа многу брзо вртам и буквално се цедам тие последните минути! Едвај издржувам ама чувството не се опишува кога ќе станеш од него! Мене многу ми помогна, симнав со орбитрејкот 7 кила за 2 недели ама СЕКОЈ ДЕН - 1 СААТ! и не лежерно ко да умирате да вртите колку само да ви помине времето туку, БРЗО КО ДА ВЕ БРКА ЛАВ! Исхрана - мусли/корнфлекс со јогурт/млеко ( доручек ), манџа со салата БЕЗ ЛЕБ! ( ручек ) и толку. Вечера? Кратко - НЕ Долго - НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!
Менувај отпори периодично, прв-втор-трет па пак одново. Така има повеќе ефект за слабеење. Јас вежбам по 10тина мин на 3 отпори. А за тоа дека ти се шират бутовите и задникот се работи за мускулите, растат полека, т.е. на почеток од вежбањето се шират а по одреден период се доведуваат во нормала. Нека не те мачи тоа, тазе си почнала затоа, продолжи со вежбање и ослаби, ќе имаш благо оформени мускули, а тоа не значи дека ќе ти растат постојани па ќе се прошириш.