Менувај отпори периодично, прв-втор-трет па пак одново. Така има повеќе ефект за слабеење. Јас вежбам по 10тина мин на 3 отпори. А за тоа дека ти се шират бутовите и задникот се работи за мускулите, растат полека, т.е. на почеток од вежбањето се шират а по одреден период се доведуваат во нормала. Нека не те мачи тоа, тазе си почнала затоа, продолжи со вежбање и ослаби, ќе имаш благо оформени мускули, а тоа не значи дека ќе ти растат постојани па ќе се прошириш.[/quote] Се надевам дека така ке бидне многу се нервирам сите фармерки ми се тесни а вака стомак струк рацете доста ми се намалени има резултати али нозете и задникот уште повеќе ми се зголемиа јас и онака сум поширока во тој дел и намерно го купив орбитрекот за тоа и се мислев да го продадам и да купам статичен велосипед и степер демек така рамномерно се слабеело али ајдеее штом така велиш од утре ке почнам пак да вежбам ке те послушам и се надевам дека ке има добри резултати фала многу
орбитрејкот е најдобра справа за слабеење дефинитивно . Додека бев на диета секој ден вртев по 1 саат некогаш и повеке и видно ослабнав и во килажа и во обем . Имам склоност кон дебелееење во долниот дел , задник и бутини , па орбитрејкот многу ми помогна да намалам во тој дел . Да не се лажеме најбитна е исхраната но и вежбањето исто така. Не се проширив не ми се направија грозни мускули на нозете , напротив одлично изгледам . Не верувам дека може да се направи мускул толку лесно , ако внимавате на исхрана нема шанси. И сега за одржување на килажава одам на фитнес и најмногу се дружам со орбитрејкот и таму . Не се откажувајте , само упорност , без тоа нема резултати !
мерачот на орбитрекот дали мери точно ми покажува многу големи бројки ја сменив батеријата и пак исто не знам до што може да е
Точно покажува но,тоа е така бидејки сите калории кои се изгубени се сите заедно.Повторно ке почне да смета од 0 кога нема да се користи Orbitreko неколку дена . Вежбанје на Orbitrek и внимавање на исхраната тоа е се што треба. Мене не ми помагаат вежбите но,со Orbitrek верувајте има резултати но,треба да се има упорност !!
Не знаев каде,па одлучив тука да го пишам ова. ДОколку некој има исправен орбитрек,а сака да го продаде нека ме извести во приватна порака. Сакам дА КУПАМ, ама моментално не можам да издвојам 13.
За да го рестартираш мерачот после секое завршено вежбање притисни на тастерот на мерачот и задржи неколку секунди додека на екранот не ти се појави 00:00
Немав поим дека моите биле во план да купат Orbitrek. Денес кога го видов дома, останав Ееее сега, богами ќе вежбам, па се надевм ќе има убав ефенкт
Ја орбитрекот склопен го купив, не знам да го расклопам, инаку знам дека може рачките да се извадат, само мислев дали може да се поправи дома без да мора да се носи по сервиси. Ама штом нема шанси сама да го сменам каишот ќе терам дур не се скине, па после ќе видам што како. И онака периодов поише вежбам со видеана од youtube и супер ефект ми имаат, така да орбитрекот помалце го користам.
Девојки особено оние поискусните со орбитрек... Во план сум да купам овие дена и сега сакам да ми препорачате една програма. Значи сакам најпрво да ослабам некаде 4-5 кила секако со комбинирање на диета. Го имам користено претходно па знам дека за слабеење сум имала резултати. Ме интересира како оди затегнувањето.. Дали има резултати во пределот кај задникот, подигање, затегнување и тие работи.. и во пределот кај стомакот таму имам баш масни наслаги.. Ваши мислења?
Врти наназад (место нанапред) за да ти реагира на задниот дел највеќе и врти се странично (со рачките коа ги вртиш) во пределот на стомакот и сигурно ке има ефект. Ова е добро и за губење на целулитот на нозете. Моја препорака ти е 30-40-50. Значи еден ден 30 мин втор ден 40 мин трет ден 50 мин. Ден одмор и пак одново. За две недели ке праиме муабет
И моите го купија пред 4 дена, здравје од задутре ќе почнам со вежбање. Па ме интересира,ми треба уште некое килце да симнам 4-5, но и килцата не се битни колку ефектот на половината. Па што препорачувате?
Епа ете ја си почнав со слабеењето со орбитрек. Ќе го применат тоа што го пиша DigY 30-40-50 и четврти ден одмор. Само што денес почнав со 10 и утре и задутре ќе биде 20-30 за да не добијам воспаление. Потоа ќе си продолжам како што треба. Па сенадевам првите резултати ќе бидат видливи за 2 недели.
Сноу, ако ти значи,совет плус... подобро според мене,(значи и јас тоа го практикував), бидејќи си почетник подобро е секој ден да вртиш одреден период кој ти ке си го одредиш дали недела или две не е битно но една иста минутажа,пример 10 мин. но битно да е секој ден немој да накачуваш веднаш на 20 мин, па следниот ден 30 мин.зашто баш така ке добиеш воспаление . Брем две недели држи си ја истата минутажа дал 10 дали 15 мин, потоа почни да накачуваш по 5 или десет минути на пет дена, тоа е моето искуство и бев задоволна од резултатот, кој беше очигледен.
Јас мислам дека од орбитрек нема шанси да воспалиш мускул. Барем јас досега не сум воспалила. 10 мин се премалку. Ќе вежбаш на најмал отпор и готово.
Фала на советот. Девојки сите што имате искуство со орбитрек слободно пишете.Секој совет е добредојден.
Плус совет, земи си од Та на на хеланките (најлонски) за екстра потење - ги имав постирано во темета морална поддршка, види ги.. или евентуално појас за половината/стомакот за да го потиш повеќе, може и претходно намачкано со некој целулит гел (јас и на стомак го мачкав ) и ќе имаш уште побрзи ефекти (од лично искуство )
Нема врска најлонот луѓе.Подобро носете памучно нешто за потта да се впива. Тоа е само мижи асан да ти баам најлонот. Иначе Сноу Квин почни колку што можеш. Да се воспалиш нема, ама може ке ти треба време за кондиција да добиеш, се зависи од претходното кардио искуство. Стискам палци.
DigY фалааа :up: Ќе биде...е сега дали со нешто памучно наоблечена или со фолија ќе размислам со тоа ќе почнам од наредната недела,овие денови така се загревам полека
Па нормално дека одоздола ќе треба памучно да облече (маица, хеланки) каде инаку ќе оди потта.. и има врска, бидејќи сум го правела, буквално се цеди пот од тебе, мокри се алиштата.. сега тоа е совет, кој сака нека го примени..