Па дома ти го носаат расклопан, и после ти го монтират, а ако е за пратка може право пакетот да ти го пратат, па ти сама да го монтираш
http://www.topshop.com.mk/soben_velosip ... s=17&irp=1 Со овој точок можам ли да го стопам масното ткиво ако правам напорри секој ден по 30 мин. вежбање ИЛИ со оваа справа слична какао орбирек елите ????? можам да ослабеам и слично ...сакам да го отстранам масното ткиво и да бидам во топ линија http://www.topshop.com.mk/streamline_pl ... s=17&irp=1 aj побрзо дадете ми совет пошто сакам да си земам pozzz
Женски зедов орбитрек па сакав да ве прашав оние по искусните, за топење на стомачето кои вежби ги правите, колку мин возите, отпор едно друго.. Вежбам јас веќе 10 дена по 30 мин, некогаш и по еден сат (рекорд) и само пола кило стопив. Дај кажете некој совет
Ама не се обесхрабрувај, па вежбаш само 10 дена, за позабележливи резултати ќе ти треба малку повеќе време, само биди упорна.
Ме интересира, освен кардио вежба дали со орбитреков можам да зацврснам мускули,, како задник, нозе, раце...или морам да дополнувам со вежби..слабеам ама како слабеам така виснувам....
почни да си вежбаш и други вежби за да имаш побргу резултати,и само со орбитрек ке добиеш мускули но ке треба многу време да помине.Вака искомбинирај си 30 мин.трчање и 30 мин.некои други вежби што ке си ги избереш. А колку време вежбаш до сега?
леле ич, бебе имам мало....до летоска не доаѓа во предвид трчање и слични вон дома активности, нема кој да ми го чува. Значи скокање со јаже, орбитрек и вежби на простирка....тоа се опциите...најверојатно ќе ги комбинирам деновите...
Цела тежина ја носам на десната нога и забележувам дека ми е пообликувана за разлика од левата... Почнав речиси и воопшто да не давам отпор на десната нога, но тоа трае краткосе заборавам и истото го правам несвесно... Сте имале ваков проблем?
Дали со Орбитрекот може да се затегне и да ослабе стомакот ? И дали ако вртам обратно, наназад се затегнува задникот ?
20 минути немаат голем ефект, не согорувате масти се до плус/минус 30тата минута, мораш барем 40мин ако сакаш да видиш промени. Јас вежбав по 40-60 минути и ослабев 7 кила за релативно брзо време, а мускули на нозете не ми се направија... само добив тонус, по цело тело. За да проверите дали согорувате масти додека вежбате кардио, допрете си го стомакот некаде после 25тата минута... ако е ладен значи сте почнале да согорувате, ако не е, рано е да се откажите. Тогаш вежбањето има најголем ефект.
Јас да се пофалам дека се подновив со Орбитрек и вежбам веќе цела недела по 30 минути (не ја бројам таа недела додека се загревав по 5,10,15 минути). Отприлика за тие 30 минути согорувам околу 200-230 калории. Кажете ми вие поискусните со стаж колку би било потребно вежбање во текот на денот со се согорување на калории за да добијам некаков резултат. Значи вежбам 5 дена, а Сабота и Недела одмарам. Дајте некој совет за да знам дали постапувам правилно или не. Поздрав
нешто не ми штима вежбав денес еден час на орбитрек и ми покажа декасум изгубила 40 калории а потоа после 30 минути вежби за раце нозе и стомак и грб пак се качив на орбитрек и уште 30 минути за да изгубам16 калории мислам дека ептен е малку тоа