Девојки кога вежбате, навечер или наутро? Ептен е жешко времево. (немаме клима во станот па поцркувам, ќе му кажам на мојот додека вртам на орбитрекот тој да ме дува со ладниот воздух од фенот) Јас се се канам и се се откажувам. Ќе испадне за џабе дека го купив. На почеток го вежбав, за сега ене така да си чмае справата.
Да се пофалам, вежбам само 2 недели и веќе имам видливи резултати! Нозете во обем ми се намалени и спојлерите, што ми беше многу чудно ама супер штом и тие ги снемува Многу сум задоволна, а само 20тина минути дневно вежбам.
Јас вежбав на орбитрекот два месеци секој ден по пола саат и имаше видливи резултати, ни спојлери, обемот ми се намали, супер беше...
Иии по долго време денеска еве повежбав 15 минути. Јас возам наопачки. Ако не ме мрзи ќе се качам сега за да повозам уште толку.
да , денес возев 2 саати на највисок отпор, веќе имам стекнато кондиција и супер ми е, можев и повеќе но имав обврски вежбам наутро кога не одам да трчам(пешачам) некако е единствен дел од денот коа не ме мрзи
Девојки значи да ви кажам да не купувате Orbitrek од bidifit!!! Јас пред еден месец решив да купувам, и вака читајки препораки по форумов сфатив дека многу повеке го фалат Orbitrek Platinum одколку elite, решив да барам Платинум. Бидејки во топшоп немаше Платинум (а тој елитот некако многу нежен ми изгледаше), отидов во бидифит. Таму имаше Платинум наводно нов и го купив. Значи за помалку од 1 месец ми се расипа! јас вртам 30 мин 5 пати во неделата на најмал отпот за да ослабам, и сум 64кг. Како може да се расипе за помалку од 1 месец? Вчера го однесов на сервис и ми рекоа не е проблем ако сакаш почекај ке го поправиме, ако сакаш ке ти дадеме друг нов. Побарав нов. И ми дадоа пак СТАР! се познава целиот изгребан. Значи незнаете колку се изнервирав, продаваат стари орбитреци како нови
^ Прво не знам од каде идејата дека Платинумот е подобар од Елитот, едина разлика меѓу двата е што овој вториот е понов модел, попрактичен - зафаќа помалце простор, и тоа е тоа. Функциите се тие, отпорот е тој. И на двата ти самата си подесуваш на кој отпор ќе вежбаш, дали ќе вртиш поинтензивно или полагано.. Друга работа што ме интересира е како имаш дозволено кога веќе си видела дека е наводно стар, да го прифатиш за купување? И дали ги имаш прашано тие од БидиФит дали Орбитреците им се стари или сепак нови? Не ми е јасно како може да препродаваат користени справи, БидиФит е веќе фирма со реноме...
Па како што разгледав стварно платинумот ми изгледаше многу постабилен некако, а и што прашав по женски што имаат орбитреци, сите многу повеке го фалеа Платинумот. А во бидифит ги продаваат како нови! А јас не сум механичар или сервисер за да можам да проценам од дали е стар или нов Првиот си изгледаше сосем ок, неможев ни на се посомневам дека за помалку од 1 месец ке се расипе(на 11јуни е купен, со гаранција со се). А овој сега што ми го дадоа се познава дека е стар и користен. Ама стварно енмав нерви да се расправам со нив, доволно ми беше разочарувањето што купуваш нешто, даваш толку пари и се расипува за 1 месец. да не ни зборам малтретирањето за носење на сервис и назад!
Dechki edno prashanje shto mnogu me machi.. Sega posho e leto si legnuvam kasno 2,3 saatot. Resiv da oslabnam i sakam da ve prasham spored vas koga e najubavo da mi bide vecherata? Imam prochitano deka treba da se jade najmalku 3 saati pred da se legne ama slusham i od stilot treba vo 18h treba vo 19h no ako si legnuvam vo 2-3 navecher kako da jadam tolku rano? istovremeno i sekoja vecher vehbam na orbitrek po 20-30 min,posle vecherata. Shto mislite koa treba da jadam ako legnuvam vo 2-3 ? Ii sekoja vecher po 20-30 min orbitrek kje ima efekti? :/ [mod-kirilica:2jhjif05][/mod-kirilica:2jhjif05]
Феминки едно прашање вежбам на ден по 1 саат 30мин вежби за нозе ,30 минути на орбитрек ,сеа незнам како да комбинирам што прво на орвтрек или везбите или нема врска ?
Почнав да вежбам веќе неколку дена со орбитрекот, по 30тина минути дневно, измоткана со најлонска фолија и се препотувам, сакам да ослабам што е можно побрзо, во стомакот и нозете... се надевам ке успеам. Како се движеше брзината на слабеење кај вас додека вежбавте, одприлика по колку се слабее???
Јас вежбам на Орбитрек на фитнес кај што одам ама го местам на програма, со различни нивоа. Првите 3 минути на ниво 1, четврта, петта и шеста мин на ниво 2, седма и осма мин- ниво 3 и девета ниво 4 и пак одново.
Devojki da ve prasam kako se dvizat cenite na orbitrek i od kade e najdobro da kupam zatoa sto gledam razni ceni na povekje mesta
Трет ден како вртам на Орбитрекот, денес извртев 35 минути. Има право Анабела, понекогаш мислиме дека е тешко а само досадно е. Јас си пуштам епизода од некое филмче и супер ми е. Ама еве, трети ден и чувствувам огромна болка во колената Инаку јас вртам 20 мин така на послаб отпор, и после на секои 5 уште колку можам да вртам, зголемувам.
Орбитрекот е најдобро нешто јас си го имам дома и вежбам секој ден по еден саат лошото е што малку е досадно толку време да се вежба ама имам голема желба да ослабам.Веке симнав 5 кила за 2 месеци без никаква диета
Девојки ме интересира колкав е највисокиот отпор? И дали од константно вежбање на оваа справа сте забележале позитивни резултати т. е. Највеќе ме интересира дали ви се подигнал и заоблил задникот? Ако да за колкав период? Денес вежбав едно 20 минути.
луѓе сега значи за согорување на маснотии најубаво е на најмал отпор така???? поголемиот е за затегнување??