Имам разговарано со професионален тренер, најдобро решение за согорување маснотии е да се менува скалата на секои 10-15 мин. ( почнувајќи од 1,2,3 па и 4 ) а после 40та минута активно вежбање почнуваат да се топат маснотии останатите од 5 нагоре е за затегнување на мускули
Аеробичните вежби не градат мускули и не тонираат. За да изградиш мускули (Тонирање) треба интензитет за да се стимулира. Не сакам да те разочарам но орбитрек служи само за да стопиш вишок сало комбинирано со калориски дефицит(намалена исхрана). Најдобро нешто е интервално вежбање + тренинг со тежини. Се надевам дека ти помогнав.
Имам еден проблем. Ослабев 20 килограми за година и некој месец со правилна исхрана и сега килажата ми е во ред. Но, имам спољери и ми треба да го затегнам телото, бидејќи кога слабеев само пешачев, без дополнителни вежби. Дали доколку вежбам на орбитрек со поголем интензитет може да помогне? Бидејќи дома само прашина ми фаќа
Eленче93 со кој режим на исхрана намали килажа? што те мотивираше да иистраеш,да не потклекнеш толку долго? инаку имаш големо браво од мене
Гледам јапонски филмови додека си вежбам. И да ви кажам не ми е веќе досадно како што ми беше порано. Имам за цел да им ја сфатам поентата на филмовите, тие сами по себе се комплицирани, и не ни мислам на тешкото при вртењето на орбитрекот. Денеска ми е втор ден. Штознам до кога ќе издржам.
Ако си истрајна доста ќе издржиш. Ама не се сконцентрирувај цело време на филмовите. Обрни малку внимание и на тоа како вежбаш и како ти е потешко/полесно. Се со цел да имаш ефект. Ти посакувам пријатно вежбање, јас на мојот после ќе му се качам само ужасно ме нервира што прави силна бука, треба да се подмачка за да биде во ред. Изгледа од многу вежбање се расклати, иако го штедев, па место на него вртев на статичниот велосипед. Сега повторно му се враќам на орбитрек за дооформување.
И јас почнав да вежбам меѓу другото и на Орбитрек и да, се согласувам дека ако немаш некоја занимација станува ужасно досадно. Јас досадата ја разбивам со слушање музика. Слушалките на уши и си вртам. И многу повеќе можам да издржам на таков начин, дури и до еден саат, ама не мислам толку на вежбањето и на минутите и ми лета времето. Инаку еве веќе две недели вежбам и мислам дека од Орбитрекот до сега најмногу резултати за толку краток период имам постигнато. Со ниедна друга справа и други вежби немам толку постигнато како со ова. Вреди да се испотиш на ова ама секако треба и упорност. Некои денови не ми се мрда од кревет, а не да вежбам ама мора. Првите пет, десет минути одвај ама после веќе енергијата и мотивацијата сами ми доаѓаат.
Трет ден! Првиот ден вежбав десет минути. А вториот и третиот ден вежбав по 30 минути. Првите 10 минути на најмал отпор нанапред вртев, вторите 10 м. на потежок отпор само наназад. После 5 минути вртев напред на потежок отпор и 5 назад на полесен. Спојлер Вчера какво газе видов . Па не е фер!!! Некои имаат широк, а јас:
Исто и јас имав најдобри резултати со орбитрек.. За да не ми е досадно си гледав The vampire diaries(една епизода 45мин,супер за мене) или Two and a half men или мотивирачки видеа од You tube...По 1 недела вежбање по 40-60мин, воглавно здрава исхрана и 10мин вежби потоа(понекогаш ги правам,понекогаш не), забележав резултати.. Сите ме пофалија дека сум ослабела...значи видливо беше дека има ефект... така да,ни треба само упорност и решителност... а после колку ми беше убаво во моето тело мхмхм Убавото чувство потоа најмн ме мотивира и да вежбам и да не јадам глупости...
И сакав да ви кажам на сите што ве болат нозете, прво загрејте си ги мускулите, полека полека со некои вежби, па после орбитрек и не би требало да ве болат (или барем болката ке е помала)
Ве молам за помош!!! Одамна планирам да купам Орбитрек Елит од Топ Шоп ама имам проблеми со вените, т.е. имам почетна фаза на варикозни вени, наследно е, ништо страшно, ама ме интересира дали вежбањето на Орбитрек би имало негативни ефекти врз вените, зошто одредени спортови треба да се избегнуваат ама не знам дали и Орбитрек? Совет, ве молам!
Јас вежбан веќе некое време на Орбитрек Елит од Топ Шоп. Неколку ми имаат речено дека сум ослабната, и јас самата си осеќам, само освен вежбањето имам намалено и со исхраната..па сега незнам од што повеќе има резултати
http://www.youtube.com/watch?v=0Pow2X5Te3I Супер е видеово, има помал отпор-поголем, поспоро-побрзо и сл. и многу помага, пробајте Јас обично вежбам + 20\30 минути во комбинација со УН диетата и резултати WOW
И јас купив неодамна орбитрек, демек ке вежбам и никако да почнам.На работа по цел ден седам пред компјутер и психички се исцрпувам, патувам секој ден до работа и назад, и кога ке се вратам сум преморена.На орбитрекот неможам да издржам повеќе од 5 минути без да направам пауза, иначе мислам дека срцето ке ми пукне.Секој ден си викам дека од утре ке почнм редовно да вежбам и искрено се надевам дека ке се натерам себе си тоа да се случи.
Почни прво со многу мал отпор, онаков каков што на тебе ти одговара. И не мора веднаш да почнеш да вежбаш по пола саат - саат. Важно е постепено да го зголемуваш отпорот. Штом издржуваш само 5 минути, вежбај 3-4-5 дена само по 5 минути. Наредните 3-4-5 дена колку ќе си ги одредиш вежбај 10 минути со истиот отпор, после вежбај 5 минути со истиот 5 минути со поголем отпор. Немој да се преморуваш да добиеш воспаление на мускулите туку постепено комбинирај си поголем и помал отпор ама колкав што можеш да издржиш. Штом го поминуваш целото работно време седејќи пред компјутер и се враќаш преморена, тебе ти е потребна било каква физичка активност за да не бидеш толку уморна психички и да не се чувствуваш преморено. Јас бев таква, после 10тата минута мислев срцето ќе ми излезе. Ама почнав со тој распоред погоре што го наведов и после два месеци можев да издржам и по 45 минути без пауза, намалувајќи и зголемувајќи го отпорот, секако. Пробај и ти така, па пиши ни како напредуваш.
А некој да направил поголеми резултати со орбитрек на пример симнување на 10 кг и повеќе? Или немало толку упорни