1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    Верувам дека има, зашто со правилна исхрана, без диети без прегладнување, значи отфрлање на секаква храна која калориите само ги зголемува, можат да се симнат и повеќе од десет. :)
    Плус и упорност, а не само месец - два. ;)
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.565
    Може да ми кажеш колку пешачеше и каде и дали смени храна? Оти 20 кила се многу. И за колку време?
     
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.852
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    Cka пешачев околу 3 и пол км дневно, околу 50тина мин. некаде, иначе сменив и режим на исхрана, отврлив благо, грицки, брза храна, газирани сокови и бел леб скоро скрос, а со секој оброк гледав да јадам и зеленчук. Ако се издржи првите 2-3 месеци вака, после санува веќе навика и не е така тешко. Како што пишав, за година дена ослабев и после си ја задржав тежината бидејќи сметам дека 55 кила за 166 се таман. :)
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.565
    Јас дневно по 6 км пешачам, плус фитнес 2 саати и не јадам благо и сокови, леб скоро ич. Никакви резултати
     
  5. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Cka, мислам дека премногу го оптоваруваш телото и организмот и затоа има контра ефекти. Премногу е тоа намали малку. Физичката активност е најпродуктивна доколку се применува од 45 мин до 1 час максимум. Или прави комбинација кога пешачиш не оди на фитнес и обратно. Пробај така мислам дека ќе има резултати. Поздрав
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ако премногу имаш активност и внесуваш премалку калории,метаболизмот не само што се забавува,почнува да ги гори мускулите.
    Плус со премногу кортизол што е од премногу активност,добиваш и забавеност на тироидната жлезда и затоа не можеш да топиш маснотии.
    Маснотиите се топат на долг период не се топат веднаш.
    И вежбај паметно немој премногу,баш кога вежбаш премногу добиваш контра ефект,освен ако не јадеш повеќе за да надокнадиш калории изгубени.
    Тоа што сакав да ти кажам е дека не треба да форсираш и дека треба да следиш што јадеш.
    Само ако речеш не јадам благо,солено тоа не функционира,можеш и да јадеш здраво и да не слабееш.
     
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.891
    Допаѓања:
    132.565
    Мојот фитнес ден (+ мотивации)

    АЈ ве молам поупатените за еден одговор - која е разликата во трошењето калории или правењето мускули на орбитрек, на лента, на степер и на стстичен велосипед?
    Може ли исттото трошење да биде или е нешто поинакво? Каде што вежбам ми рекоа демек, а тебе орбитрек е супер, не на лента? Оти?
     
  8. Marija001

    Marija001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    7
    Не знам за трошење калории, претпоставувам е исто, само зависи со колкав отпор, брзина, време и сл. вежбаш. Јас како што знам вежбањето на Орбитрек е подобро за глуждовите, отколку стандардно трчање, зошто при трчање се врши голем притисок врз глуждовите, а ваму има елиптични вртења, што се каде каде по пријатни од обично трчање.
     
  9. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Еве вака од мое искуство со орбитрек а мислам дека има многу поголеми резултати...значи го имам дома со години уште од првите орбитреци кога излегоа од топ шоп и сум задоволна...си го возам повремено но летоска и сега почнав да го возам скоро секој втор ден барем се трудам да го запазам тоа...е сум приметила дека поголеми ефекти има кога го менувам нивото на отпор....вртам негде од 30 до 40 мин како сум расположена...но поголеми ефекти има кога се менува отпорот...кога вежбав на ист отпор многу ретко се потев...прочитав од некои феминки за менување на отпорот и да....повеќе се потам...10 мин вртам на најлесно па 1 мин наназад па покачувам отпор па после убрзувам како да трчам спринт најбрзо што можам едно 10-15 сек па продолжувам и така на секои 10 мин ми е истата процедура има повеќе резултати отколку кога вежбав со едно исто темпо..се надевам ова мое искуство ке ви помогне
     
    На melisita му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anuska.6

    anuska.6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Можеби и нема некоја врска со слабеењето... Но дали може со вежбање на Орбитрек, да се дојде до зголемување на задникот :$
     
  11. mace4545

    mace4545 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    Имам орбитрек супер е.Лесно може да се ослаби,а не заморува многу :)
     
  12. lauras

    lauras Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    3
    Дали продава некоја Орбитрек Елит?Нека ми пише порака да се договориме,заинтересирана сум за купување.
     
  13. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    А задникот исто така се затегнува нели ? Јас со нозете немам којзнае каков проблем, повеќе со задникот, сакам да го затегнам, па се мислам на моите да почнам да им досадувам да ми купат Orbitrek :D
     
  14. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Незнам колку ми е во соодветната тема прашањето, ама не видов некоја слична каде што ќе одговара.
    Имам справа, слична на Орбитрек, купена ми е на старо но ми се расипа, поточно каишот за вртење ми се скина. Знае ли некој некоја продавница или некој да продава такви каиши, не ми е битна цената.
    Благодарам.
     
  15. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Јави се во ТопШоп сигурно имаат они ...постар модел е тој со каишот го имам и јас ама фала богу добар е до сега...Би требало да имаат таму..позз
     
    На BurstBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас продавам орбитрек,поточно ''Protrek Platinum'',доколку има некој заинтересиран нека ме исконтактира во лп за да ви пратам слики. :)
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Што пари и прати ми слики.
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Ова Орбитрек стварно добра работа за слабеење е.
     
  19. vicko96

    vicko96 Нов член

    Се зачлени на:
    27 декември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам деали некој продава Орбитрек
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    23.375
    Пол:
    Женски
    Јас појдов на фитнес пред 2 недели и редовно си вежбам на орбитрек,по 30 мин. Одам 3 пати неделноо и за двете недели ослабнав 4 килца :)