девојки,моите сакаат да земат орбитрек.од каде е најдобро да земеме?и гледавме elite и platinum,кој е болје и што е разликата?
Силвер мојот орбитрек стоеше во собата и откако ќе станев, влегував во неа дури за спиење. Го преместив во дневната и почнав да вежбам, но ако имаш блиски роднини секојдневно на гости, посебно мали деца не ти препорачувам. Поголемото дете не можев да го тргнам, дури доведуваше и другарчиња за да им се пофали, а неговото братче седнуваше да го вози и морав да внимавам да не му ги фати нозете. Затоа го вратив пак во собата и кога вежбам пуштам музика на телефон, или на компјутер. Поздрав.
Има ли некој искуство со орбитрек купен од fitness.mk во Аеродром? Се рекламираат и на пазар 3 со поефтини цени.
Jaс го чував мојот орбитрек на затворена тераса, па доколку располагате со поголемка тераса затворена, може и таму да го стационирате, затоа што според мене е и најприлагодно. Од причина што на никого нема да сметате со бучава или слично (колку и да е минимална, знае да биде иритирачка некогаш), земате слушалки или лаптопот со себе, пуштате серија или филм, и вежбајте без грижа дали на некого пречите. Прво беше поставен кај мене во соба - тука ми беше многу досадно, па го преместивме во дневната, за да повеќе имам можности да ,,правам'' нешто додека вежбам. Тука зафаќаше многу простор, и убаво рековте погоре, се качуваа и го тормозеа кој како ќе дојдеше кај нас дома, на мали дечиња им служеше како се и сешто за играње, па токму заради тоа решив да го ставам на тераса. Сега го продадов, инаку.
Кога јас ги изнесував справите на тераса престанував да вежбам на нив. Имам и јас заградена тераса ама некогаш имам алишта, некогаш ми било ладно, куп изговори. Конкретно орбитрекот не сум го ставала на тераса, но степерот и косата клупа да. Клупата се уште стои таму и воопшто не ја користам, а кога ми беше во собата секој ден вежбав на неа.
Јас мојот орбитек си го чувам во ходник Имам едно прашање, тоа што е дистанца во што се мери во метри, километри? тоа не ми е јасно
Одам на училиште,и немам многу време за вежбање.Дали 15 мин секој ден се доволни?Или би требала да почнам со 20,30...?
Хаха. Јас одам на работа каде што не седам на газот по 7 часа туку работам, одам на јога и на ред други часови (да не набројувам) па сепак 40 возам. Зависи која ти е целта. Ако ти е за слабеење со 15 ништо апсолутно не правиш.
Ај некој да ми каже од каде да купам орбитрек, се мислев од топ шоп ама некако незнам..кажете некое др. место
Дозна ли некој некоја информација за каишов, каде може да се најде и дали со сигурност го има? Јас барав во БидиФит но ми рекоа дека тие справи биле постари и неможеле да се направат, што не им поверував.
dali da si zemam orbitek ili nekoja druga sprava za vezbanje doma i kakva? od kade da si poracam ?dali ima efekti ? pomoss
Вежбам на Орбитрек веќе околу 2 недели, но не толку интензивно бидејќи комбинирам со Insanity вежбите. Кога завршувам со овие, правам пауза од 2-3 минути и почнувам на Орбитрекот и вежбам околу 15 минути. Иако сум веќе 3 месеци секојдневно физички активна, кога почнав на справата, пак ме болеа нозете и задникот. Примеќам некои промени и навистина мислам дека ќе имам некој ефект, но не за толку скоро време зашто вежбам по околу 15 минути на ден додека да можам убаво да се навикнам, а и многу ме исцрпува
девојки,да ве прасам,во врска со орбитрекот,го имам купено и сакам да поцнам да вежбам,но од 5 минути нисто повеке немозам,знаци,кога поцнавте по колку време вртевте на поцетокот,и дали помага во намалуванје на целулитот,благодарам однапред
bella.s » На почеток по 10-15 мин. на послаб интензитет, а после исто време на поголем интензитет, па 20 мин послаб, па 20 појак и толку ми е отприлика рутината. Пушти си серија или гласна музика на слушалки и терај, побрзо ќе ти пројде така времето Инаку, за целулитот помага, но мене не нешто драстично, али пошто малце вежбам.
девојки сакав да ве прашам дали доколку вежбам на орбитрекот по 45 минути или еден саат ке успеам да ја задржам килажата? и дали мора да вежбам секојдневно?
Мислев дневно, инаку калориите шо ги мери доле кога вртиш не се точни. Ја со помош на саатот шо мери калории губам највеке до 600 калории, барем тоа со отчукувањето на срцето ми мери колку отприлика калории губам.
Па за одржување и чисто за затегнување доволно е пола час дневно и мислам дека можеш да прескокнеш некои денови или 10тина мин. да повежбаш на поголем отпор. За калориите сакаш да кажеш дека повеќе се губат отколку што пишува?