На строга диета сум 2 месеци, со мал внес на калории, исхрана претежно на овошје, зелeнчук, варена риба и варен/печен компир, но не можам да вежбам како порано бидејќи имам спортска повреда на коленото па не смеам да го оптеретувам премнoгу како не би дошло до влошување на состојбата и евентуална операција. Па, затоа зборот ми беше: дали има навистина, видливо добри резултати орбитрекот, и доколку некоја знае дали воопшто ќе можам да го користам редовно поради сето ова со коленото (инаку, повредена ми е плочката)?
каков Орбитрек да си пупам , слушнав дека имало разлика, дали имате искуство да ми препорачате кој и каков Орбитрек да си купам ..фала ви многу
Јас си купив и ми стои за украс. Па на тоа чудо повеќе од 5 минути да издржам...аууу Да купев статичен барем подолго ќе вежбав, сега криво ми е за парите...
Орбитрек е најсовршената машина за цело тело. Правилна , балансирана исхрана и три пати неделно од 30-60 минути вежбање , веќе за 1 месец има добри резултати.
слабеам со диета, ама на орбитрек не се качувам, се инатам, ме мрзи, ладно ми е (на тераса е).....сакам да намалам во обемот на бутките и спојлерите па си викам дали во комбинација со диетава ке биде паметно да почнам да го употребувам? и дали воопшто ќе се затегне тоа што се опуштило со диетата?
Си купив орбитрек пред некој ден и почнав да вежбам првиот ден 10мин. вториот 20мин. ама многу ме болат нозете над колената додека вежбам. После вежбање немам проблеми. Дали таа болка ке исчезне со текот на вежбањето и што мислите како е најдобро да се вежба?
нормално дека ке исчезне тоа е додека се навикне телото....порано вежбав на орбитрек во теретана и многу бев задоволна....и сега за мојот роденден мажето реши да ми го купи така да ке има многу вежбање по дома...
Која справа најмногу топи маснотии односно која е најпогодна за слабеење??? п.с. незнаев каде да го поставам прашањево па затоа тука
Решив сепак да го продадам орбитрекот. Ако сака некој нека пише. Доста му беше стоење и употреба како закачалка....баш ми е жал ама навистина и покрај желбата и потребата немам време за вежбање.
Ауу и ја неможам ич да вежбам на него. Многу ми е напорно ете си стои за украс во сова хаха.. Има има ефекти ама да се конбинира со кардио барем јас така правев ама сега не го користам мн ме мрзи и се заморувам бргу.
Na pravo mesto si. Tocno e toa deka e naporen, no zatoa od struk nadole gi resava problemite.Takvo e moeto iskustvo.
Dieta ne ti treba, samo orbitrek ti e dovolno. Vezbaj 4 pati vo nedelata po 30min., jadi isto tolku kolku jades do sega i obavezno prati mi poraka po eden mesec.
Мене ми помогна доста, само после го баталив бидејќи ставен ми е на лошо место и ми е досадно да гледам во ѕид. Се слабее стварно, а и има разлика од слабеење кога има комбинација од здрава исхрана и вежбање, отколку само со некоја диета. Ставете го пред тв и пуштете си музика или некоја синхронизирана серија, така помалце се чувствува заморот и времето. Инаку вреди за сите пари.
Јас продавам орбитрек елите ако е некој заинтересиран нека ми пише во инбокс. Нов е со гаранција до јуни користен е не цели две недели од топ шоп ми е купен околу 8 500 ама може и да се договориме
@Paula1.-P чудно ми е како ти е купен сега, а гаранцијата ти е до јуни? Гаранција даваат по една-две години барем и цената е 13.000 на орбитрек елит (со клуб картичка 11 и пол). http://www.topshop.com.mk/fitnes-proizvodi/fitnes-spored-namena/kardio/orbitrek-elite.html