1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Па вака и јас имам орбитрек и за почеток треба да вежбаш трипати неделно по 40 минути , бидејки сакаш да го смалиш стомакот врз маичката стави си фолија за да се потиш повеке има ефект ја за еден месец ослабев 5 кг, арно ама после престанав да вежбам и ми се вратија назад :lol: Така да само упоност :!: И бидејки ти е за слабеење вежбај на 1 и 2 ниво за да вртиш повеке , а да не ти е премногу напорно, кога ке стекнеш рутина после зголемувај за мускулатура нели ;) Поздравче и немој како мене да се видиш во огледало и еј супер сум , престануваш и за пола месец си пак истата :$
     
  2. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Фала, ај ке се обидам па ќе кажам какви резултати ќе постигнам. И јас си планирав прво стомачето па после малку по малку и да си добијам некои мускулчиња ама малки онака :).
     
    На ciribiribela му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bibitri

    bibitri Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    19
    Девојки, и тоа како има разлика меѓу орбитреците купени од различен производител!!! Јас користам орбитрек веќе 10 години, претходно вежбав на статичен точак, па на изи-глајдер и потоа на орбитрек. Поточно сменив три опрбитреци до сега и затоа слободно можете да се потпрете на моето искуство. НАЈДОБАР ОРБИТРЕК Е ПЛАТИНУМ, со каиши, без магнет, со гаранција. Значи, без разлика дали е купен од Топшоп или бидифит, платинумот е најдобар! Само кога купувате морате да земете од овластени продавачи заради гаранција на квалитет и евентуални оправки. Мојот втор орбитрек го купив од една аптека од Карпош 3, само затоа што чинеше 9000 ден. и го искршив за 2,5 години (имаше страшни дефекти кои они не сакаа да ги поправат па морав да барам мајстори, маж ми нон-стоп го малтретирав итн) се додека не ми пукна филм и пред скоро 2 масеца купив нов платинум се разбира од бидифит за 10.000. (а првиот беше исто така платинум од топшоп)
    Ја сум многу задоволна, последниве 3 години вежбам по пола саат секој ден, додека првите 6-7 години вежбав по еден саат секој ден. Резултати има, поготово на почетокот, додека сега одржавам стандардна килажа (иако се породив), зошто веќе организмот се навикнува и кога ќе се постигне одредено ниво, подоле нема. Во секој случај, справата е одлична и за слабеење, и за одржување и што е многу битно како кардиоваскуларна вежба.
    Имам и лег-магиц, меѓутоа нема шанси со орбитрекот.
     
    На anglicanka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. carpediem

    carpediem Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    orbitrekot e odlicna sprava za vezvanje, jas vezbam redonvo i mnogu mi pomaga protiv bolkite vo rbetot.slaba sum no imam muskuli vo nozete( sto ne gi sakam i mislam deka orbitrekot uste poveke mi gi istaknuva).
    ako znae nekoj nesto za namaluvanje na muskulnata masa kaj nozete neka pise........Blagodaram
    [mod-kirilica:3o2x1cwk][/mod-kirilica:3o2x1cwk]
     
  5. Vodolija

    Vodolija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    12
    женски јас почнав веќе една недела да вежбам на орбитрек платинум(а дома го имам можда две години :worried: ) и сакам да го скинам малку стомачето и спојлерииве. вежбам 4 пати неделно по 15 минути и плус правам аеробик вежби за стомачни мускули. е сеа незнам дали ми е доволно само 15 мин а четири пати неделно?!? :^) :^) :*
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.085
    Пет дена во неделата по половина час е идеално за било каква физичка активност.Ја зголемува кондицијата,слабее и ја одржува линијата.
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Доволно е, толку и јас вежбав, некогаш 15 мин, некогаш 20 а некогаш и 30 мин.
    Јадев се ама помалку и ослабев 18 кила за неколку месеци :)
    Е сега немора секогаш 15мин, некогаш вежбај 20 некогаш половина час а резултати ке имаш 100% само не се откажувај.
     
    На Vodolija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    може некој да ми каже како да вежбам а да не ослабам ? може е смешно ама не сакам уште повеке да ослабамм... :lol:
     
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    И јас имам орбитрек платинум ама ме мрзи да вежбам, има периоди кога ќе вежбам секој ден и тоа по 30 мин ама јадам нормално, и не ослабувам само се зацврстувам ама има резултати стварно цело тело ми се зацврсти, а 4 пати неделно по 15 мин е МАЛКУ верувај ми, ако вежбаш по 15 мин бар секој ден вежбај. Сега и јас почнувам пак, мора дома ми е греота е така да стои :lol: Мора упорност инаку нема резултати, и јас самата се обидувам да се убедам да вежбам ама ние сите сакаме за една недела да ослабиме, зацврстиме и од кога ке го купиме вежбај, вежбај и после полека се откажуваме :( е неможи за една недела мора да помини подолг период. :)
     
  10. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Јас вежбав на Орбитрек елит скоро 2 месеци и симнав едвај 1-2 кг. но затоа пак телото многу ми се обликува,ми се намали струкот и најмногу ефект имав на нозете.Инаку вежбав скоро секој ден по 30 мин.
     
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Е па и јас така на почетокот, ама јас јадев нормално како секогаш а незнам за тебе дали држеше диета или не? Мое мислење, со вежбање мора и диета иначе неможиш да ослабиш :(
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Не диета, само помалку јадење а све да си јадеш. И плус вежбањето. Докажано, лично искуство.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.734
    Допаѓања:
    23.219
    Пол:
    Женски
    Фала Лакримоса од денес дефинитивно почнувам, ама сега сум ПМС и многу ми се јади неможам да се контролирам :( ама ќе го следам твојот совет сепак треба некој да те поттикни фала :*
     
  14. Vodolija

    Vodolija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    12
    Епа фала за советите девојки, јас еве вторава недела ја почнувам од денес, сега за 5 минути се качувам на орбитрек и ќе вежбам пола саат... Се надевам ќе има резултати барем малце да ослабнам, а повеќе да се зацврснам... И фала што давате волјааа..!!! :* :D
     
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Само да ви кажам, не очекувајте од 2-3 недели вежбање некакви си резултати. Треба упорност и неоткажување, а знам дека се губи волја ако не видите одма резултати али ке си бидете стрпливи.
    Значи првиот месец зависи кој како ама се губи 1-2 кила. После е побрзо. ;)
     
  16. strange-woman

    strange-woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    А да те прашам нешто може да ми кажеш нешто околу начинот на исхрана од што ти се состоеше? фала многу :)
     
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Абе се си јадев најискрено. Буквално. Само многу помалку.
    Сабајле си пиев какао (пошо не пијам кафе), понекогаш ке каснев пакетче смоки, или соленки, после за ручек јадев тоа шо ќе се направеше дома, али не да се прејадам. Наместо 2 тањира како што си јадев, намалив на еден али не скроз полно. Леб само не јадев првите 2 месеци, после си каснував по едно парче онака. За вечера ке јадев туна со краставица или патлиџан, или само овошен јогурт. Или ќе каснев пола тањир од што останало од ручекот. Абе буквално се си јадев, али мноооогу помалку од порано.
    Исто и благо си земав ко ке ме фатеше ептен криза, единствено за него ми беше прво тешко пошто јадев многу балго, а морав скроз да го намалам. Знаев да си земам по некоја чоко бисквита 1-2 во неделата. Какао пиев по 2-3 пати зависи во денот, пошо ми беше како замена за благото :lol:
    И пиј си секој ден по едно зелено чајче :) Аха, и да ти кажам понекогаш кога немаше ништо дома за ручек си земав хамбургер :lol: Али поретко тоа, 2 пати во месец ако ми се дешаваше. Значи ете, ослабев а дури и хамбургер си јадев.
    Плус вежбав нели.
    И сега ми е навикнат организмот на помалку јадење, уствари тоа што го правев беше некој начин на исхрана, без никакво отфрлање на некоја храна. Значи запамтете ништо не дебелее ако се јаде умерено и помалку.
    На овој начин побавно се слабее да, али барем знам дека све можам да јадам, и килограмите не се враќаат.
     
    На jennifer8, anglicanka и al-vik им се допаѓа ова.
  18. strange-woman

    strange-woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    7
    Епа супер јас имам орбитрек и ке гледам да ги послушам советиве :D пробав со Дајмонд начинот на исхрана ама не ми одговараше со школото и неможев убаво да се придржувам. Значи од утре 5-6 пати во неделата по 30-40 минути на орбитрек и да си ја намалам количината на јадење :)
     
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Девојки јас еве ослабнав 4 кила со Орбитрек, а што е најважно стомачето не ми надвисна онака смешно или немам некои стрии по слабеење. Вежбам скоро секој ден (добро понекогаш по 2 дена во неделата си дозволувам да не се качам. Јадам умерено ама не се откажав од благото ;). Затоа вежбајте барем по 30 мин., од сабајле сигурно ќе најдете време или доцна навечер.
     
  20. darce91

    darce91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    За колку време симна 4 килограми? И јас вежбам отприлика по 40 мин секој ден и немозам да видам некои резултати....