Не знаев каде па еве тука да прашам: Има ли некој да го продава својот орбитрек ама исправен?. Има огласи ама од каде да знам дали е исправен, и не е некоја копија. Па наместо поефтино мене дупло да ме фати. Секоја информација е добредојдена. ☺️
Јас имам орбитрек веќе 7,8 години. Најбитно сакам да кажам дека не ми е купен од топ шоп туку друга продавница за фитнес справи (оддамна беше па не ми текнува како се викаше). Го купив 8000 и можеби малку повеќе брчи од оној на топ шоп, но премногу е ефикасен. Како помала имам многу ослабено од оваа справа, со тоа што се хранев исто како претходно но вежбав првиот ден 30мин, па 40,50 и продолжив со 1 час вежбање. За два месеци луѓето не можеа да ме препознаат. Најважно е да кажам дека резултати има на секој дел од телото и дека не е важно од кај сте го купиле и што сте го купиле. Доколку бидете упорни, што и да вежбате редовно ке имате резултати П.с. деновиве почнав пак да вежбам, па ќе ви пишам за резултати после 1 месец
I jas sega pocnav da odam na aerobik I vezbam I na orbitrek I super mi e oslabev 2kila no na ishrana ta ne vnimavam mnogu
Кога вежбам на орбитрек слушам музика така не гледам на тајмерот, побрзо мине време и поубаво се чуствувам, ја исфрлам негативната енергија. Неделно 3-4 пати вежбам околу 45 минути до час. Ефект има, постегнато се чуствувам.
Има и други справи што се слични на Орбитрек а функционираат по истиот механизам како и него и се многу поевтини. Јас лично го имам Орбитрек дома и сум задоволна бидејќи навистина има резултати-не само што сум позатегната, туку и метаболизмот ми е забрзан и сета негативна енергија испарува. Ама тоа не е поради Орбтирекот, истиот ефект можеш да го имаш и на други справи = ја во теретана возам на друга справа што не е Орбитрек а го има истиот ефект.
Сакам да купам орбитрек. Не сакам да слабеам само сакам да ги зацврстам мускулите на нозете, рацете и стомакот па дали би ми бил од корист за тоа?
Здраво, Каква исхрана е најпрепорачлива додека вежбаш со Орбитрек, мислам на поконкретно мени? Фала многу
Лелеее ова Орбитреков го гледам како закачалка кај моите веќе со години никој не го пипа хаха,ќе прашам дали им е за давање и ќе пишам ако има некој заинтересиран
Колку е максималната тежина на човек кој вежба на орбитрек ? Имаше некое ограничување, знам, ама не ми текнува... 115 kg?