Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.421
    Допаѓања:
    38.405
    Пол:
    Женски
    @NarCis@ колку пати неделно вежбаш и по колку време? Кога запримети резултати? Сакам да го купам, немам време за теретана и слично, а 5-10 кг. сакам да намалам.
     
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.206
    Допаѓања:
    181.271
    Пол:
    Женски
    Кристина, не вежбам веќе месец дена, почна многу да шкрипи, а дома сме кнап со време да го средиме. Инаку вежбав секој ден по 15-20 мин. Ама после тоа вежбав и други вежби, а со орбитрекот ми беше како загревање. Резултати кај мене имаше за прилично брзо време, со тоа што не толку на вага, колку во изглед, затегнатост, најмногу на бутови.
     
    На didisi, eli25, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. net-tet

    net-tet Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    14
    Девојки јас продавам орбитрек, нов нов, по поволна цена. Повеќе инфо ибокс. Благодарам.
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.482
    Браво Нарцис... Кај мене немало некој ефект. Макс.сум вежбала по 40,45 мин. Некако се откажав скроз од него ама сепак не ми се продава "скапата закачалка" што би рекол маж ми :D
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Женски
    Може прашањето не е за тука, ама не знаев каде да го поставам.
    Ви се има ли случено мониторчето да се расипе? Колку би чинела поправка отприлика?
     
  6. MinaFe

    MinaFe Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    17
    Здраво девојки,
    вчера почнав да вежбам на орбитрек и извртив 30 мин на секои 10 мин правев пауза по 2мин. Мислев дека нема да можам да станам од болки во нозете ама ништо не осеќам. Дали е нормално или нешто не е во ред со орбитрекот?
     
  7. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Женски
    Сакав да прашам колку калории отприлика се губат за 1 час вртење на орбитрекот? Затоа што мониторчето е расипано и немам претстава колку трошам. А досега немам вежбано, таков ми го дадоа, кај и да е ќе го носам на поправка.
    Стрелката за отпорот околу 30 мин е свртена кон мене на долната страна и уште 30 мин надесно.
    Фала однапред. :)
     
  8. seka87

    seka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2013
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    253
    Кај мене на среден отпор на секои 10 мин по 50 калории...е сега рачунај за 60 мин отприлика 300 калории. Јас вежбам претежно по 40 мин и завршувам со 200 калории. Поздрав :)
     
    На eli25 и GoodGirl45 им се допаѓа ова.
  9. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.825
    Допаѓања:
    80.895
    Проба да замениш батерија?И јас случајно дознав дека има батерија
     
  10. nikyshka66666

    nikyshka66666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Zdravo zenski ,
    dali Orbitrek regulira celulit ?
     
  11. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ме интересира дали знаете како би транспортирале орбитрек, односно дали има можност за лесно расклопување и склопување, или сепак е подобро да не се чепка и да се префрли така како што е?
     
  12. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    8.695
    Пол:
    Женски
    Единствено да ги извадиш рачките за рацете, друго не верувам дека би требало да се чепка.
     
    На GlowGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Вчера го купив Орбитрек Елите, долго време го мислев, инаку се трудам да се придржувам на хроно исхрана, ама со работни обврски па мали деца потешко ми оди. Не ми треба многу да намалам во тежина, 5-6 кг да симнам ќе биде топ, ми треба за оформување на телото, нозе, стомак, горниот дел на рацете, мислите ќе имам ефект? Колку време да возам дневно, вчера од љубопитност 5 пати по 5 мин, ама сакам план да направам... помош, благодарам
     
  14. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Јас скоро земав платинум, на почетокот едвај извозував 20мин, со тек на време зголемував и сега вртам по 40-45мин. Ги имам испрочитано сите мислења на темава и генерално важи тоа дека на послаб отпор е за слабеење, а на посилен за оформување и дефиниција. Се надевам дека колку толку ти помогнав :)
     
    На Kolin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Вчера и јас 20 мин реков за старт на планот ама денес нозете не ме држат, листовите ме болат, рацете малку помалку... Ама претпоставувам така е нормално, да издржам првиве недела две, па ќе се навикнам и на побрзо темпо. Сега засега планирам на најслаб отпор да возам.
    Фала ти за информацијата. @GlowGirl
    Убабо е да имам мотивација плус, кои се твоите резултати досега, и дали си генерално задоволна?
     
  16. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    Со години вежбам на истиот тип орбитрек. Дневно по 40-50 минути, 4-5 пати неделно, на среден отпор, средно темпо. За раце нема некој ефект, додатно вежбам со тегови, ама на нозе и задник сменив форма уште првите месеци кога почнав да го користам. Мене ми е супер, посебно во услови кога морам дома да вежбам, немам време за друго.
     
    На Kolin му/ѝ се допаѓа ова.
  17. GlowGirl

    GlowGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2019
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна, после две недели веќе ми лизна стомаков, на нозете се виткам со фолија и дополнително поти и се надевам топи, мене ми е најбитно да ослабнам, а за тоа треба и малку повеќе време и трпеливост.. Резултати за 2-3 недели, ќе ве известувам :)
     
    На Elenpelen и Kolin им се допаѓа ова.
  18. Kolin

    Kolin Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Ова ми се допаѓа, ако и кај мене има ефект уште во првите недели, ќе бидам презадоволна. Планирам да терам долгорочно.
    Како што спомна @Elenpelen погоре, немам ни јас време за нешто друго, а и поекономично е вака, нели?
    Ќе се сликам за она пред и после , ептен мерак имам на таква фотка. Во црни тесни хеланки и маичка на прерамки. хм...:muscle:
    Едвај чекам да си го видам телото такво какво што ми беше пред само две години.
    По породувањето со втората ќерка за скоро 6-8 месеци си бев старата ама што се случи потоа не знам.(facepalm)
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DiCaprio

    DiCaprio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2019
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Машки
    Немој со фолија, само полошо правиш. Дополнително се потиш со фолијата и губиш течности и минерали и го дехидрираш организмот. А мастите така воопшто не се топат. Процесот на разградување на мастите се одвива откако делото ќе ги потроши залихите на гликоген(јаглехидрати складирани во телото околу 500гр=2000кцал) , е тогаш за енергија телото троши масти.:D:o
     
    На Desi1991k, Kolin и GlowGirl им се допаѓа ова.
  20. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.023
    Допаѓања:
    1.099
    Хелоу , имам хипотироидизам веќе 3 години и нон стоп се вртам во круг со килажа. Сакам веќе еднаш да ги намалам килата што ми се вишок со исхрана и вежбање. Планирам да почнам да вежбам на орбитрек барем по 40мин дневно, но незнам дали ќе имам ефект само со вежбање и исхрана. Дали некој кој што го има истиот проблем како и јас пиел/а некои топачи на масти или аминокиселини (со оглед на состојбата незнам дали смеам да земам такви супменти како топачи и сл.) и дали имал/а ефект од оваа комбинација - исхрана, орбитрек и суплементи за топење масти? Секое искуство би ми било добредојдено, бијдеќи во Јули правам свадба па сакам барем до тогаш да симнам барем малку.