Ти значи тебе нешто тоа што еве јас вртам орбитрек сеој ден и тоа 90 мин,без отпор Ако ти е мотив у стил може некоја таму,зашто не и јас,еве знаеш дека има некоја таму
Вртам, по 2, 3 минути и толку едно ми здосадува, едно ме уморува. А и немам мотивација, мислам дека тешко човек да ослаби само со него. По колку вртевте на почетокот, колку минути и колкав период пред да добиете кондициа?
Ќ Ќе ми значи ако ми кажеш какви резултати имаш. Не ми е мотив што ќе знам дека има некој таму туку ако знам дека тој некој таму ослабел и е задоволен
Јас се засилив уште на почеток. Една недела вежбам двапати на ден по половина час. А во исто време почнав малку од малку да внимавам на храна, нејадам благо и леб. И за таа една недела едно кило сум намалила. Планирам да продолжам имам доста за симнување. Инаку почнувам од 1 па на секои 10 минути накачувам. Тука прочитав дека така имало повеќе ефект.
Немам проблем со прекумерна тежина,го користам за да бидам фит.Инаку сигурно дека ќе има ефект ако паралелно вежбаш и внимаваш на исхрана.
Вежбам и јас веќе цел месец и имам симнато 3-4 кг. Не ми е баш точна вагата затоа незнам точно во секој случај океј е
@Ana-lib Сакаш да ослабнеш или да ујачаш мускулна маса? Ако сакаш да ослабнеш поголемиот дел од вежбањето вртиш на помал отпор и при крајот зголемуваш. Ако ти е за зголемување мускулна маса обратна постапка.
Секој ден по минимум 30 минути вежбање и ќе имаш резултати. Ама треба упорност и посветеност, нема килограмите преку ноќ да ги снема.
Вежбам скоро секој ден по двапати по 30 минути. И мене ми изгледа дека ќе има резултати ама шо викам ако ме држи мотивацијата инаку ништо не правам.
Ќе има резултати, не треба да бидеш оптоварена со килограмите и само трк на вага измери се па ако не си симнала 500 грама да се разочараш. Не, ќе си се храниш правилно и во комбинација со вежбањево резултатите сигурно ќе дојдат.
Devojki zdravo Denovive pocnav so vezbanje na orbitrekot pa ako moze da mi kazete po kolku minuti vezbate i dali samo ednas na den ( vie sto go koristite za slabeenje). Edna godina posle poragaj sum pazam na ishrana slabeam megutoa sakam delot kaj stomakot i nozete da gi oslabam pobrzo haha Vi blagodaram odnapred
Само со орбитрек не.Можеш да вежбаш со поголем отпор за повеќе да ги активираш мускулите ама сепак само орбитрек нема да биде доволно.
Ти треба тежина за да додадеш мускулна маса, како и добра исхрана со протеини. Со орбитрек можеш да ги тонираш мускулите.
4-5 пати неделно по 60мин. Имам уште за симнување, искрено мислев побрзо ке оди дека сум и на кето исхрана ама тоа е што е,,, одиме напред.
Јас пред неколку години ја држев ун диетата и тогаш ослабев некаде 8 кг. На почетокот секако не се губат многу килограми ама потоа почнуваат побрзо да опаѓаат. Сега не сум на диета само не јадам благо и леб и тестенини избегнувам. Почнав наместо по 1 час, по 1 и 15 мин. да вежбам. А планирам да почнам и стомачни да правам.