И мене истото ме интересира зашто слабеам со броење калории, и нормално вежбање - најмногу орбитрек. Заради тоа многу ми менува дали тие цифри се точни бидејќи сум доста прецизна со броењето, внимавам на се. Досега генерално за 1 час согорувам отприлика 250 калории, доколку апаратчето мери точно. Отпорот на кој што вежбам е најслабиот, така издржувам и по саат ипол, а и првенствено сакам да ослабнам па после ќе му ја мислам за тонирање мускули и сл. За оние што бараат потврда и мотивација од други искуства дали се слабее - ДА, но мора да се внимава и на исхрана и да се биде упорен.. Јас запнав со се живо и диво и пак слабеам само 1 кг неделно, што на крају краева и е најздраво, што ми е утеха. Сите сакаме побрзо ама без упорност и вложено време џабе. Еве сега искористете го периодов како и јас, запнете и за две три недели кога ќе ги видите првите резултати самите ќе се мотивирате дополнително.
Колку време вежбаш веќе и колку килограми имаш симнато? Јас еве втора недела и до сега 1,5 кг имам изгубено ама не се откажувам.
Да ти кажам точно не знам зашто не пресеков пример да бројам од ден 1 туку постепено се привикнував и почнав со по 20 мин дневно пример.. Истото важи и за исхраната, почнав да се учам на некој начин, со грешки и сл. Груба проценка, за месец ипол имам симнато 4-5 кг, избегнувам често да се мерам ама ќе се потрудам почесто да споделувам. Не пишував досега зашто веќе два пати имав обиди што завршија неславно, сега нема да биде така. Биди упорна!
И јас правам грешки ама не се откажувам. Морам да ослабам! Јас се трудам секој ден да вежбам е сега некогаш 1 и 15 мин, некогаш 30 минути зависи од домашните обврски. Најголема грешка ми е што вагата ми стои одма до креветот па често се мерам, ама еве сега ќе станам и ќе ја тргнам од тука. Инаку 4-5 кг мислам дека е супер резултат за месец ипол. А каква диета држиш? Или само внимаваш што внесуваш?
Да ти кажам јадам СЕ. Си дозволувам и поховани пилешки крокети, и тост, и нормално сирење а не само она растителното и слично. Значи буквално се, се додека ми е во рамките на калориите одредени за дента. Во главно многу салати, јајца, риба, стек, грашок, компири. Си направив вакви комбинации за да можам трајно вака да се исхранувам, ако си забранувам одредени ствари ништо не сум направила, ми пропаѓа се во вода. Благо да, јадам ама внимавам што ми е помалку калорично, пример монте пудингче оние детските, поп кек, крем бананче.. Сума сумарум - калориски ДЕФИЦИТ.
Јас планирав да почнам да ги бројам калориите ама некако комплицирани ми се гледа. Па затоа решив да исфрлам благо и леб и да пробам да јадам помали количини. Дали ќе успеам вака незнам ама се трудам. Денеска шетав некаде 5 км и вежбав 1 час ама морам да признаам и јадев малку повеќе бидејќи чувствував глад. Ти посакувам добри резултати! Па споделувај да видиме до кај сме
Не знам како броиш калории ама најтопло ти ја препорачувам MyFitnessPal, нема што нема во нивната база на податоци дури скоро сите наши производи. Се што е купечко, пакувано, само го скенираш баркодот и веднаш ти кажува колку калории е во зависност нели и од грамажата. Лесно ќе се снајдеш и после 2-3 дена веќе зависна ќе бидеш верувај. И да не заборавам, внесувај и ситници како лажичка зејтин, балсамико оцет, сенф и такви додатоци што може нема ни да ти текне дека треба да ги израчунаш ама дефинитивно менува.
Тоа броење калории повеќе оптоварува од што помага. Батали броење, вежбај и храни се здраво и резултатите ќе бидат видливи.
Ја симнав апликацијава ама нешто баш не се снајдов и ја бталив. Вчера јаден на пример две парчиња проја, поима нема како се вика проја на англиски
Да за такви работи и јас отприлика некако пробувам да израчунам горе доле ама во главно другите работи точно си ги пресметува. Со среќа и известувај како ти оди
дали на некого до сега му се има скинато ланецот што е внатре и ако да, како го поправиле? дали да се јавувам во топ шоп или ќе најдам по продавници ?
Како ти оди? Јас до сега, еве веќе три недели вежбам и можам да кажам некаде 2,5 сум симнала. До сега сум задоволна и се надевам дека ќе продолжам вака.
Терам и јас, секој ден по саат обавезно и плус некои лесни вежбички стомачни чучњеви.. По некоја пресметка за месец дена сум симнала околу 5 кг, сега се и повеќе ама одбегнувам често да се мерам. На две недели максимум. Еднаш на 5 дена одмарам значи 5 дена вежбам па 1 ден пауза и така цело време. Ќе пишувам пак за некое време за резултати, нема откажување
Супер браво, само напред. Јас сум решена и по едно на месец да е само да ги симнам. Се трудам и јас колку што можам и пресреќна сум од една страна што можам и помалку да јадам и да вежбам и плус да имам доволно млеко за малото.
Здраво женскииии,нова сум на формуов но морам да кажам дека одамна имам орбитрек кој стоеше како закачалка,но пред месец ипол уствари една недела пред карантин да почне вежбав 5 дена во недела на орбитрек и уште вежбам се хранам здраво по 45 минути значи и ослабев 11 килограми.Мн среќна...
Со бројкиве сум лудило значи све ми е испомешано зашто не водев ред од почеток како што кажав туку постепено.. Се мерев убаво денес -6 вика вагава. Женски само напред! А колку имаше вишок? Некако мн брзо бе за месец ипол 11кг.. И јас сакааам
Имав 82 сеа имам 71.Иначе јас имам хашимото па јадам здраво отсекогаш ама пред да откријам дека имам проблеми баш здраво се хранев а се здебелив до 85 како последица на тоа.Нормална тежина ми е 65-64 килограми.Висока сум околу 1.70.Храната игра голема улога.
Браво значи супер ти оди. Инаку иста цел имаме. И јас сакам да стасам до 65. Денеска се мерев 75 сум. Кај мене засега бавно оди ама не се откажувам.