На каков отпор вежбаш за слабеење? Јас немам вежбано недела и пол , се немам ниту мерено и мислам дека ги вратив и тие 3-4 кг што ги симнав претходно.
Мислев дали на послаб или на потежок. Како што читав низ темава полесен е за слабеење, потежок е за тонирање. Кај мене кога ептен ќе го стегнам отпорот се чувствува, инаку ист ми е ако сакам барем малку да зголемам. Најверојатно ми е расипан. Во врска со исхрана, бев на кето, ама минатата недела пак јадев и благо и јаглехидрати и се. Стварно незнам веќе што да превземам а да не се вртам со круг дека едвај ги симнав и тие 3-4 кг. Ако имаш некој предлог би ми бил добредојден.
И јас незнам. Не сум се ни потрудила. Ова дојде случајно ,баш се изненадив и јас. Имаше период кога не јадев благо,газирано па воопшто не симнав кг. Можеби треба да почнеш со трчање, аеробик.... Кај сестра ми хрони има доста влијание, дали си ја видела и оваа диета?
Потешка ми е хроно од кето, затоа и ја избегавам. Незнам се мислам дали да вежбам и да бидам во калориски дефицит, а да си јадам од се по малку. Може па така повеќе ќе имам ефект
Ако почнува да крцка можно е да се скинат штрафовите на рачките за брзо време. Јас до сеа 2 штрафови сменив
Јас баш на овој начин ослабев, многу, ама и имав доста за симнување, кога се 3-4 кг у прашање потешко оди.. Еве јас последниве 5 кг што имам намера да ги симнам, со тешки маки, вагата не мрда 3 недели.
Ослабна со хроно или со калориски дефицит? И јас имам околку 10 кг за симнување.... и нон стоп се вртам во круг.
Калориски дефицит. Си пресметав со калкулатор на интернет, до сега функционираше. Моментално стагнирам ама сегде кај што прочитав е нормално..
Здраво дечки. Ве молам за помош Во план сум да купувам орбитрек па би ве замолила за предлог ако може. Кои орбитреци се убави, јас иначе сакам со дисплеј, да ми кажува минути, потрошени калории итн... Исто ме интересира дали има ефект на слабеење без диета, на пример да го поднамалам јадењето и да вежбам секој ден по 40мин до саат. Ви благодарам
Јас пред 2 години ослабев повеќе кг со орбитрејк секој ден одев во теретана по 1 час,но прво почни по 20минути па зголемувај секоја недела по 10минути плус па потоа цело време по 1час, 6 пати во неделата , Храната е најважна со тоа што нема јадење леб, благо,шекери, алкохол. храната нека ти биде зеленчук, овошје,можеш и протеини во помала количина и многуу водаа барем 2л на ден и додека вежбаш пиј многу вода и исто така движи колку што можеш повеке низ град. Јас така симнав 10кг за 2 месеци ама строго се придржував.
Јас не сум на диета ама почнав помалку да јадам. Избегнувам благо, леб и тестенини, газирано никако, сок исто не пијам и се трудам вечерата да ѓи е пред 7. Вежбам на орбитрек скоро секој ден, кога е добро времето пешачам кога колку можам и за 6 недели имам 6 кг симнато. Порано сум држела и диети ама вака е полесно.
Има ефект и без диета, ако си ја задржиш старата исхрана и само вметнеш вежбање ќе има резултати да, но ако направиш некои мали измени со тоа што ќе исфрлиш покалорична храна, ќе имаш уште побрзи и подобри резултати. Иде лето, овошје и зеленчук колку сакаш, полесна исхрана практикуваме како и да е. Ако веќе даваш пари да купуваш орбитрек, вметни уште некоја мала промена - многу вода, пешачење било каде, и со сигурност ќе имаш резултати. А инаку за видот на орбитрек мене се ми се чини дека е сеедно каков ќе купиш. Очекуваме да се пофалиш со позитивни резултати!
Ти благодарам за одговорот Се надевам дека ќе се пофалам, сега сум во процес на Ти благодарам за одговорот. Се надевам дека ќе се пофалам, сега сум во процес на купување орбитрек а во врска со килограмите имам минимум некој 20 кила за слабеење
Како оди вежбањето? Како стоите со резултатите? Мене дури и не ми се верува дека успеав да симнам 8 кг за неполни два месеца и тоа во последно време не сум баш активна со вежбањето, што не е за пофалба. Продолживам понатаму не застанувам тука. Сакав да ве прашам за некој чај за забрзување на метаболизмот. Дали некој знае нешто испробано што има ефект?
Само не чаеви за забрзување на метаболизам, од такви реклами и маркетинг лаги подалеку.Пиј околу 2 литри течности, вклучувајќи вода, обични чаеви, кафе и ќе бидеш океј.
Па добро после породување и во нареден период нормално е да има промени. Јадење премалку може да успори метаболизам, на пример, исто и малку спиење...Зелен чај помага за забрзување, јадење доволно протеини, кафе во нормални количини како што ти спомнав горе.Ама искрено штом си симнала за 2 месеци 8 кг. веројатно ти е океј метаболизмот.