Ики, како те служи справата. Сакам и јас нешто за по дома да земам. Ја зема од продавницана кај Државна болница?
И еве ви одокативно, колку се трошат калории за одредена активност која не верувам дека мониторот на било која машина може да го одреди (освен со професионална каде има опција да се внесат сите потребни параметри) бидејќи тоа најмногу зависи од пол, возрас, висина и тежина, композиција на тело (процент масти, вода, мускул) и комплексно е за пресметка, но чисто да можете нзс да си направите. https://www.sparkpeople.com/resource/calories_burned.asp?exercise=65 Од тоа што гледам , со вакви елиптични справи се трошат доста калории, а се најбезбедни за колена, зглобови, карлица и слично.
Da ve prasam za kolku vreme vidovte efekt od orbitreg ja veke dve nedeli vezbam oslabev 2 kg sto jadete ako moze nekoj da mi kaze jas sum na ovosje zelencuk i zitarici
Јас планирам да земам орбитрек ама не ми е за слабеење, некако оваа справа најмногу ми се допадна од сите што ги разгледував. По колку е доволно временски да се вежба, и колку пати на ден? Јас најмногу ја земам затоа што имам слаба физичка активност последно време, ама па не сакам ни да ослабнам затоа што сум и мањак со килограми, немој уште толку мањак да ми отидат Отпосле прочитав искуства, одговара за оние што не сакаат да слабеат? Ме исплашија искуствата на другите, 7,8 кг слабеење за месец, два, па ако така одам јас на 30 ќе спаднам. Има некој искуство што ја зема само за физичка активност? Некако ме предомислија споделените искуства, немој да се стопам
Jас престанав да вежбам бидеjќи се стoпив. Ми фали, убавo е, пoсле вежбање друг чoвек си ама мнoгу се слабее.
Е сега има нели да се пoдеси на пoтешкo нивo ама каj мене баш тoа не функциoнира убавo и на некoе среднo нивo на тежина ми е наместемo.
Мене најмногу ми требаше за физичка активност вака со вежби по дома кога вежбам, кога не, мислам со тоа поактивна ќе бидам, ама штом се слабее, не сакам. Јас со моите 50 кг не сум за ризик
@anggell, не се слабее од самата физичка активност, каква и да е. Се слабее кога се наоѓаш во калориски дефицит, кој се постигнува кога преку исхраната внесуваш помалку калории отколку што трошиш. Со оглед на тоа што со физичката активност го тераш телото да троши повеќе отколку без физичка активност, тоа може, но не мора да значи дека ќе си во калориски дефицит и ќе намалуваш тежина. Значи доколку јадеш доволно, т.е. доколку внесуваш доволно калории, можеш и покрај физичката активност да ја одржуваш или дури и зголемуваш тежината.
По колку време вежбаше? Колку време ти беше потребно за да ги намалиш кг? (10кг ко да ги прочитав) знам секој организам е различен, и исто е важна почетната килажа, ако се повеќе кг плус се симнуваат по брзо. Јас почнав пред една недела 15мин сабајле, 15мин навечер. А од денеска 15мин сабајле 30мин навечер. Се надевам ке симнам
Да има jа ставав бебе вo релаксатoр и вртев за да заспие. Чуднo какo гo смируваше звукoт oд oрбитрек.
Здраво. Кој Orbitrek користиш? Јас имам за намалување -20 кг. Која марка е и од каде го купи? Дали може на рати со кредитна картичка? Благодарам однапред за одговорот.
Јас го имам овој супер е ама некако скап. Моите ми го купија пред едно 15години зарем уште е толкава цената? Побарај на старо продаваат.
Истиот го земав на старо пред 6-7 години. Задоволна сум, ваљда имав среќа ми се потрефи здрав и неупотребуван. Да бе некако држат цена, и да паднала минимално паднала. Стар шеј е ова за толку да држи цена..
@Jana06 @DaisyDoo ви благодарам на одговорот. Прееска контактирав со едно продажно место и ги прашав зошто цената и после 15 години е иста? Одговорот беше, дека можеби некогаш бил и 7990 денари, дека се подобрени перформансите и дека во иднина цената сигурно ќе се зголеми. Многу се разочарав. Да е 7000 денари ајде се "јаде", ама вака е ептен скапо. А, да земам на старо, што знам што ќе купам? Може и да е очувано, но може и да е раздрндано. А, ептен ми треба.
Исти е мojoт гo земав 8500, чoвекoт пoранo имал прoдавница и сега прoдава залиха. Нo нoв е. Fitnes mk се пoтпишани на фб има и брojче. Иначе вo гoтoвo е плаќање. Дсва и гаранциjа. Мене ми се пoгoди ептен.