Од вчера почнав повторно да вежбам на орбитрекот дома. Имам многу вишок одприлика 20кг и сега планирам барем 6 дена неделно да вежбам по 40-50мин се надевам дека ќе успеам во целта и да почнам да ги намалувам килограмите
За некое време пиши дали ке имаш резултати и дали ке држиш и некој режим на исхрана посебен. Јас месец и пол вежбав секој ден значи 7 пати неделно по 45мин и не ослабев воопште се издишав ептен, престанав, ама ке почнувам пак, па ке видиме
Браво , тоа е супер резултат јас и со пола од тоа би била среќна. Денес 3 ден издржав 50мин со 2 кратки паузи од 2 - 3мин.
Во врска за исхраната сега за сега гледам да не јадам после 19 часот и со исфрлање од исхраната на благо, бел леб и газирано .
Јас бел леб не јадам веке 3 години, јадам тонус, а благо си каснувам ама не сум страствен благар. Никогаш не сум можела лесно да намалам кг
Сега имам 54-55 варирам ,а бев плус 12 кг Едит: ни пред да рoдам две деца, значи девojка немав ваква линиjа. Секoгаш бев oкoлу 58, нo сега некакo сум и затегната.
Jas poveke od 10 min ne mozam da vrtam na orbitrek, kako pravite da nabildate kondicija? Ili prvo so pauzi vrtite pa potoa kondicija bildate?
Како и да вртиш секако има резултати. Сега бидејќи сум бремена 7 ми месец, вртам по 1 час мин 5 дена во неделата на максимум 3( мојот орбитрек е до 6) ама вртам онака умерено, претпазливо. На 15 мин правам по минута пауза колку да се напијам вода. Кога не бев бремена вртев побрзо на 4-5. Ама тогаш мислам дека 45 мин вежбав на ден. Нормално е да правиш паузи, напиј се вода па продолжи. Кога ќе се измориш намали брзина, одмори малку па повторно почни со поголема брзина. И нешто што е најважно е твојот мотив, само ако си мотивирана можеш да постигнеш добар резултат.
Ajde malku pomosh imam orbitrek i neznam kako pravilno se vezba. Vo stilot kolku minuti koja jacina. Pocnav da vezbam jacinata e so + i - ja staviv na nekoja sredna jacina ni teahko ni lesno i vezbam 20 min na taa brzina. Sakam da nakacuvam na vreme sekoj den +min. pa po odreden period da pokacuvam i jacina. Sto e pravilno i kako e najpravilno da se vezba
Здраво, ми треба инфо/искуство со орбитрек платинум плус од Бидифит, дали е ок баш да вежба некој со поголема килажа (да не се скрши ) ама сериозно, битно е искуство од други дали да се купи или не.
Не може да се вежба со килажа повеќе д 120 кг. Прашајте во продавницата исто ќе ви кажат. Уште кога ќе го видите орбитрекот ќе процените дека не може. За 60 70 кг до 80 е ок.
Имав нема благе везе за разлика со реален велосипед, а чини колку еден добар велосипед и плус врзан си статично дома, нема витсмин Д, нема свеж воздух, се здосадува брзо
Имам кај моите, знаев често да вежбам ќе си пуштев музика да не ми е досадно посебно кога е зима, во лето не го користев толку.