1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.062
    Пол:
    Женски
    Секоја машина има во спецификации меѓу другото, информации за максималната тежина, мислам дека можеби бидифит имаше до 140кг. Ако ти треба повеќе од тоа, ќе погледнеш во спортските продавници, брендот Кетлер може да држи повеќе килажа. Опција ти е и д асе упишеш некаде на фитнес каде имаш професионална елиптична справа и раат си, пошто колку подобри спецификации има машината, толку и поскапо чини. Кетлер беа едно време 400-500 евра, затоа поефтина варијант ати е фитнес сала со справи, и онака Орбитрек е супер, ама има ризик да ти здосади или да сакаш нешто друго да вежбаш, како напредуваш физички и во кондиција.

    Еве тука вика крос тренажер 150 кг за некои модели
    https://bidifit.com/category/list/a3671416-d2e2-48d9-ad11-facd2f040af1
     
  2. emilija1999

    emilija1999 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2022
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас овие денови после некое време повторно почнав да вежбам на орбитрек. Лани вежбав на постар и успеав да намалам 3кг за 3 недели, плус со помалку јадење стигнав и до 45. Не сум воопшто спортски тип и отсекогаш не сум имала кондиција, вежбам на мал отпор и многу бавно, првите 10ина минути едвај ги издржувам, после 20-30мин буквално умирам а пак да не зборувам за 1 час, пулс преку 140 и се чувствувам многу разочарано исто како ништо да не сум направила. Немам премногу вишок килограми, 52-54, а најмногу сакам да стекнам кондиција. Дали имате некој совет?
     
  3. Ане Анче

    Ане Анче Нов член

    Се зачлени на:
    25 септември 2022
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    На орбитрек како се мери distance, во км или чекори? Не ми е јасно бидејќи за 25 минути на орбитрек поминувам далечина од 10,00 а денес телефонот го ставив намерно на струкот кај хеланки и ми помала 25 минути 1,6км само, и само 2000 чекори

    Во што се мери дистанцата
     
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.638
    Допаѓања:
    8.477
    Пол:
    Женски
    Јас барав на фб ама страната која ми ја дава под ова име последно била активна уште 2019
    Може ли линк во лп да ми пратиш?
     
  5. pretty7

    pretty7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво.. вака се двоумам помеѓу орбитрек и точак справа домашен за вежбање, што е подобро за слабеење на листовите на нозете, значи слаба сум не ми е да ослабнам ама листовите ми се огромни дебели пробав вежбање вежбам секој ден ажа џабе секаде слабеам само таму никако а и на здрава исхрана сум, па затоа барам совет која од овие 2 справи би ми го решила проблемот која е подобра? Позз
     
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Не можеш фокусирано да слабееш одреден дел од телото, мастите се губат од сегде, а ако проблемот е дека имаш големи мускули, тогаш не знам, не може да го намалиш нивното користење, т.е. не може да се движиш помалку :D. Може само да избегнуваш да правиш вежби кои ги активираат листовите :D.
     
  7. pretty7

    pretty7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Не се мускули туку се само дебели,сало затоа и сакам да ги намалам не ни пешачам се сум дома или со кола,затоа и барам некоја справа да ми помогне да ги намалам
     
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Сфаќам, ама пак важи тоа дека не можеш да „одбереш“ од каде да губиш сало... Едноставно таква ти е генетиката, ќе треба од секаде уште да губиш масти за и кај листовите да ти се намалат....
     
  9. pretty7

    pretty7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Офф епа ќе бидам упорна само тоа остануваа совет што да купам од вие 2 справи да помогне во процесот
     
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    5.868
    Сѐ додека трошиш повеќе енергија отколку што внесуваш (ова е причината за слабеење, не самото вежбање; можеш да вежбаш и пак да не слабееш ако сепак внесуваш поголема енергија (т.е. калории) преку храната отколку што трошиш), не е важно која машина ја користиш. Всушност, можеш и без машина да трошиш енергија, т.е. калории, со секаков тип на вежбање. Ако си решена за машина, одбери ја таа која повеќе сакаш да ја вежбаш, односно таа со која имаш попријатно вежбање.
     
    На Freedomsense и Ajronmen им се допаѓа ова.
  11. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    29.303
    Пол:
    Женски
    Ние имаме дома и точак и орбитрек, вежбам редовно на двете, листовите никако да ми ослабнат :D И во последно почнав вежби да правам конкретно за листови, па ако се ефикасни ќе ти пишам.
     
    На pretty7 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pretty7

    pretty7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Да пиши ако има резултати
     
  13. <3<3 SONJICKA<3

    <3<3 SONJICKA<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Da spodelam iskustvo so vas
    Imeno pred dve godini bev na rezim strog kade jadev samo proteinska hrana meso riba jajca i salati i vezbav sekoj den an orbitrek po 45 minutki vo rok od tri meseci spustiv 47 kg ..po dve godini pauza kade vratov dvaeset kilogrami sega pocnuvam povtorno so ist rezim i so vrtenje kade za cetiri dena imam spusteno tri kilogrami ...ne se otkazuvajte upornost i ke uspeete
     
  14. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.164
    Допаѓања:
    8.803
    Пол:
    Машки
    Килограми што брзо одат надолу, брзо ќе се вратат и нагоре.
    Секоја чест за 3те килограми за 4 дена.
    Сепак, здравото слабеење не надминува оптимални 1 кг неделно.
     
  15. Kalin4eeee

    Kalin4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Dali nekoj prodava orbitrek vo Ohrid?
     
  16. pretty7

    pretty7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2018
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Дали некој ја има орбитрек платинум од биди фит да ми каже како е задоволен, вреди ли да се купи?
     
  17. barbequmaci345

    barbequmaci345 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Koj prodava total gym pisete mi vo lp da se dogovorime
     
  18. sencuk

    sencuk Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2021
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Prodavam orbitrek mnogu malku koristen,skoro nov
    Cena 6000den
     

    Прикачени фајлови:

  19. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Сакам да купам Орбитрек. Маж ми го видел овој модел на интернет - Orbitrek Proteus.
    Кога почнав да барам излегоа еден куп модели. Еве некоја ако го има овој модел да сподели искуство, сакам за зимоска дома да вежбам.
     
  20. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    807
    Долго време имав Орбитрек Платинум и го користев со години додека сосема не се распадна :)
    Лани купив Елит ама некако воопшто не го користам,сега сум решена од 1ви навистина да вртам секој ден,
    па ќе видиме дали ќе има резултати..