1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слабеење со Orbitrek

Дискусија во 'Фитнес' започната од Yvona, 17 јануари 2010.

  1. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    се слабее и те како! Јас го имам дома Орбитрек елит и презадоволна сум, вежбам скоро секој ден околку 40тина мин, и има резултати ептен! Е сеа и мене некогаш ме фаќа мрза па наместо да вежбам знам да си легнам :D , ама реков дека до летово мора да се стегнам ептен и не се откажувам од тоа! Можеби од прва по килажа нема да се примети дека си ослабена ама се познава по облека.
    Орбитрек кај мене дома НЕ Е ЗАКАЧАЛКА :D
     
    На Chimera, kalinaaa и anglicanka им се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Браво за Пеперутка, кај мене е само привремена дур не го наместам палтото на закачалка ако ме мрзи да го ставам одма инаку куп алишта на него нема ! :)
    Лудо те пратам овде и гледам напредуваш :clap: , со тек на време ќе набиеш кондиција абе со трчање после водно ќе можеш да го качиш :D
    Завчера вртев само 10 минути ама она ептен брзо и се изморив дури и напред и назад како на тур д франс бев :rofl: и после тоа продолжив вежби комбинирани уште 20 минути и дневниот тренинг од 30 минути заврши.
    Резултат опуштеност, задоволство некое смирувачко и гордо ха, протегнати мускули, размрдано тело и после тушот како јагода на шлаг !
     
    На Ema.Sk и ludoto19 им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Малце по малце лукс :D
    вечер кога ќе се стемни :bandit: ќе трчам!
    има една градинка овде, абе бо круг е, топ за трчање :rofl:
    оваа недела по 1 круг ќе трчам само :D си направив план јас :rock: не може веќе вака
    дома-до кај другарка ми-компјутер-до продавница!
    :D ако сакам да ослабам мора малце активност
    е тој газ не е од праз да се разбереме :P
    Малце по малце иде работава! не можеш ти од 1 ден
    1 саат вежби 1 саат орбитрејк 1 саат трчање
    10 саата во кревет со воспалени мускули! ете така, неделава трчање едно крукче, орбитрејов златен и после месец дена се надевам ќе има мала промена! нагласувам, не очекувам јас за 30 дена да се зацврстам до даска!
    за да се зацврстиш до даска, најмалце ти треба 4 месеца упорност и секој ден вежбање!
    малце офф, ама и масажирање на газот со креми и релакс н тонов, ми стана ритуал! секоја божја ноќ туширање со жешка вода, мачкање креми, па со масажеров :D не за џабе толку пари дадов за креми, уште да не се ангажирам, па да ги изедам од нервоза :D

    едит---- веќе се истрчав дури и 2 круга со моето куче :D уф уф, ама сум се запотуела
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anglicanka

    anglicanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0

    женска, а на најлесно ли вежбаш и со која брзина по 1 саат??, зашо незнам за ослабнување која брзина ке му дојде најдобра,зашто нозеве ми се мускулести но одвнатршниот дел имам сало :D
    :inlove:
     
  5. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    девојки а да ве прашам денес го гледав во бидифит што е тој ЕЛИПТИЧЕН ВЕЛОСИПЕД, дали некој има таков оти е ист како орбитрек со 2 пара тегови што е и дали е добар?
     
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Одам да се качам сега на справа и ќе пишам ко ќе слезам планирам 30 минути.
    ЕДИТ: речено-сторено, слегов одам сега финиш да направам со растегнување , ахх времево врнежливо инаку надвор ќе трчав .
     
  7. loca7

    loca7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Dechki si kupiv Orbitrek i vezhbam veke dve nedeli po 15 ili 20 min. dnevno....no nekako stomakot ne mi se namaluva,a so stommachnite slusham deka samo muskulna masa se dobiva.. :| shto bi pomognalo?? :) btw. ne sum na rigorozna dieta tuku se hranam zdravo.. :)
    [mod-kirilica:16nj7wzz][/mod-kirilica:16nj7wzz]
     
  8. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    ^
    само да продолжиш така како што си почнала, повеке трпение зошто 2 недели се малку и помалку да се гледаш во огледало така резултатите ке бидат побрзи!
     
  9. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Orbitrekot e fantasticen, jas go koristam skoro tri godini, so povremeni pauzi poradi toa sto letno vreme e premnogu zesko i tesko disam dodeka vezbam, a inaku preku zima e top. Sto se odnesuva do muskulite na nozete ne treba da se sekiras, zenskoto telo laci pomali kolicini na testosteron od mazite i poradi toa e pomalku sklono kon sozdavanje na golemi muskuli, zatoa i zenite potesko slabeat od mazite. Jas go koristam Orbitrekot 5-6 pati nedelno po saat vreme. Zavisno od toa za sto go koristis za slabeenje ili za toniziranje na teloto....ako ti e za slabeenje posle 20min kardio vezbanje zenskoto telo pocnuva da sogoruva masti sto znaci treba otprilika saat vreme da vezbas na nego i toa so zgolemuvanje na naponot, ako ti za toniziranje togas mozes i pomalku vreme. Sto i da te interesira za Orbitrekot i za vezbanje slobodno prasaj me, posle 3 godini mislam deka go doktorirav :)
    Vo vrska so ckripenjete da ti dadam eden sovet...mojot orbitrek pocna da ckripi posle edna godina vezbanje.Voopsto ne go odnesov na servis tuku sama go otvoriv, i ispitav sto e problemot. Izgraden e na princip na tocak, i od vrtenjeto na pedalite vintovite se oodvrtuvaat i osovoinata se razmrduva i zatoa ckripi i imas custvo deka ke ti se rasklopi orbitrekot dodeka vezbas. E sea jas uspeav da go stegnam za da nemozat da se odvrtuvaat vintovite, i sega za sega e koska. Inaku e dosta jaka sprava ali ete mora da ima mana za tie pari...ali mislam deka malce da porabotis na toj problem ke najdes resenie, jas najdov ;)
    [mod-kirilica:1rnacbxm][/mod-kirilica:1rnacbxm]
     
  10. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пред 3 години, за 5 мин. вежбање се осекав ко да сум се качувала на Килиманџаро. Денеска после три години за саат време поминувам 20км и чуството е фантастично :D
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SpanjolkA

    SpanjolkA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво Феминки и јас сакам да го споделам моето искуство во врска со орбитрекот, јас едноставно го обожавам, иако не вежбам континуирано преку целата година, тогаш кога ќе си забележам салце на мешето одма се качувам на орбитрек.Навистина има резултати верувајте.Пред 2 години имав 10кг вишок и решив да ослабам оти редно време беше, за 3 месеци континуирано вежбање, 5 пати неделно јас ослабнав 10кг се разбира дека држев и еден вид на диета која самата си ја составив, односно се хранев здраво.Презадоволна сум од него, ако планирате да си го купите верувајте нема да ви бидат залудно потрошени парите ако го користите! ;)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vikktorija

    vikktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    Еј феминки..јас вежбам континуирано секој ден по 1 час ..па сакав да прашам дали некој од вас знае колку калории се губат за 1 час?
     
  13. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Зависи тоа од организмот и од тоа на кој отпор вежбаш , ама некаде во просек мислам дека идат 600-700 калории :)
     
    На vikktorija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. vikktorija

    vikktorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2
    ахам...ти благодарам ..и уште нешто да прашам..има ли шанси да ослабнам ако се придржувам кон УН диетата но не премногу строго и да вежбам на Orbitrekot..? :)
     
  15. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    390
    Јас си вежбам 5 дена во неделата по 30 минути. Некогаш кога ќе ме мрзи 20-25 минути ми идат. Задоволна сум и тоа како. За 1 недела почнав да си забележувам промени во мешево. А пренајсреќна сум што успеав да влезам во едни фармерки преомилени а одамна смалени :) :) :) Но :!: да напоменам, влегов во фармерките по 3 недели вежбање и намалено јадење ;) Не се слабее така лесно ;)
     
  16. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    И тоа како ќе имаш резултати!!! Ун диетата е всушност здрав начин на исхрана.
    Имаш вклучено во исхраната и тестенини и чоколадо , па човек полесно може да се придржува и плус ако вежбаш на Орбитрек , тоа ти е полн погодок. Орбитрекот е посебно добар ако сакаш добро обликуван задник и нозе.
    Па , ајде ќе ни пишеш за брзо како ти оди ;)
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    KalaV претеруваш многу :D Поточно дупло претера.
    За 20 минути 100 калории, 1 час отприлика 300. 2 часа 600 калории.
    Не е возможно за 1 час вежбање да согориш толку многу, невозможно е 700 калории. Ако е така ќе вежбаме 2 саати и ќе согоруваме се што сме изеле во текот на денот :rofl:
    Баш еве пред да го пишам постот проверив знам Сеси пишуваше колку троши калории и таа има напишано 600 за 2 саати, значи 300 за саат.

    Иначе јас секој ден по 15-20 минути, не слабеам, ама имам мускулче на рацете, на нозете малку, стомачето си е исто, ама ми се развива долниот стомачен дел :wasntme:
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    На страната на Топ Шоп пишува дека може да се изгубат до 820 калории за еден саат, ама треба да имаш мнооогу кондиција изгледа.Јас за 45 минути губам, 300 калории, значи за саат 350.Имам уште за веслање :D Инаку последниве три недели вежбам 3-4 пати неделно по 45 минути, а си јадам исто и има резултати,иако не ми е тоа целта на вежбањето.
     
  19. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Па ова го напишав според податоците на интернет ( а варираат многу во зависност од тежината на личноста што вежба и отпорот )
    Иначе од мое искуство , јас кога вежбам отприлика 100 калории ги губам за 7 минути , барем така ми покажува на тоа мерачот или како и да се вика. Многу или малце-не знам..
    Во секој случај не се оптеретувам многу со калориите , не дека се најважен показател. Најважно е да се вежба секој ден по минимум 20тина минути и со текот на времето резултати ќе има. :)
     
  20. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    јас си вежбам на орбитрекот назименично со аеробик значи се загревам едно 15 мин после вежбам на орбитрекот после пак аеробик и тоа е ја менувам брзината од помалку на повеке и обратно кога ке се почуствувам ептен изморено и притоа на колковите ставам кесиња или фолија од прозирната одозгора хеланките и ем трошам калории ем се намалува салото и кожата изгледа помазна и после туширање правам масажи на нозете и плус секој ден одам на пешачење имам ослабнато 2 кила и продолжувам понатаму нема откажување