Незнам колку е добар сирупот МУЛТИ ВИТАМОЛ но денес го земав од аптека па ке се обидам и со него.Белки ке му се зголеми апетитот.
Вака, бидејќи со синот имам искуство со нејадење и слаба крвна слика: Млекото го оневозможува абсорбирањето на железото. Иако е сируп џабе го даваш ако 2 саати пред и после сирупот пие млеко, а сигурно пие со оглед на количината која ја пиело. Во врска со нејадењето, има деца што не јадат ( патем и јас сум била таква до одредена возраст) , но не е решение да се даде било што колку само да има нешто во стомакот. Признавам и јас сум давала нешто -нездраво' во моментите кога ситуацијата била до толку ништо во уста да не стави со денови, но тоа било готов пудинг од хумана ( пишува дека имаат не знам колку витамини и минерали) и кроасани. Но повеќе одев на варијанта дека нема друго и ќе мора да јаде. Давав витамински сирупи, б комплекс гранули, цедев сокови а во нив ставав маџун и среќа што јадеше манџички па во нив ставав се можно од зеленчук. Малтофер капки за железо ги фалат ама ги има во бугарија или евентуално во виола аптеките. Исто сум задоволна и од флорадикс со додаток на железо ( отвара и апетит). Мајка не не сваќај погрешно, не е касно, постепено смени ја исхраната. Колбаси и сувомеснато не се добри ни за нас, не па за деца. За да бидат толку вкусни еден куп зачини и ароми има во нив, а месо- 10%. А кој пробал слатко и солено тешко дека после ќе се навикне на помалку зачинети јадења. Едит: кој сака нека се смее ама за да јаде син ми сум одела на банкомати ( не знам ама се смееше кога ќе го однесевме пред банкомат ) и додека вадевме пари ( 100-ка по 100-ка) му буткав јадење, да да со чинијата надвор бевме, па додека се возеше на колички и икс други ситуации ама неколку пати имаше искакано бела кака, од само пиење млеко....
Познато дека и јас маки имам со јадењето на син ми, среќа што не му е слаба крвта, ама сеуште цица, ете 18 месеци е, а јаде како врапче. Ама, јаде супи со зеленчук, ставам се што имам, и некогаш маскирам со супа од петел или ставам сол, од онаа Морската на Храна и вино. Јаде и банана и јаболка, тарана, јајца и палента. Од нездраво давам само смоки и кроасан и сокови со цевка, други нејќе да пие. Од кога почна на градина почнал да јаде таму, ама количински малку јаде. Јас му давам и од нашите обрци затоа што се храниме претежно здраво, салами, шунки, колбаси ретко зимам, а приметив сака да јаде, ама избегнувам колку што можам Имаше периоди кога по цел ден беше само на доење, и никогаш не посегнав по сувомеснато, давам само ете признавам во моменти на очај смоки и кроасан. Полека се оправи, јаде, колку толку внесува помалку храна, ама доброто е тоа што е здрава, претежно зеленчук. Не помагаат сирупите, помага трпението и упорноста. Јас се пробав, давав и сеуште давам храна пред компјутер, кога вози кола, кога си игра. Значи мајка упорност, никако сувомеснато, ќе видеш, ќе мора да јаде. Така синко, тргнав на работа, нема цице, мора да јаде.
Кај нас ја јадеше манџата сега уста не отвара. Се врти или ако сосила му го ставиш во уста залчето ке го плукне. Млеко пиеше по 1 ипол литар ама сега едвај 400 грама и тоа ноќе кога спие. Сокови уште откако за прв пат почнав да давам не сака ни да ги вкуси камоли да ги пие. Зеленчук никако во уста. Е сеа завчера пробав му сварив телешко со пиперка и морков па така си го изеде едно 50 грама само ама само месото зеленчукот го плука. Неќам со лекарства да го полнам ама што да правам ???? Море пробав и да не му давам ништо 4 дена само на по 200 грама млеко беше и само вриштеше . И сега можам да го пофалам и да не го подзаречам јаде овие 3 дена по 2 големи аргети паштети со по 1 филија лепче. И пак ништо друго , ама како велат мајката е среќна кога детето после скоро цел месец барем нешто јаде.
Еве еден рецепт за слабокрвност,проверен ми е и делува. Семе од коприва 250г лимон 250 г мед 250г таан 250г. Се заедно изблендирајте и давајте сабајле на гладно. И спирулина е добра за крвна слика,но за мали деца,консултирајте се со педијатар.
Кога веќе пробало од овие "вкусни" нездрави јадења, јас не верувам дека ќе сака да јаде здрава храна. Воопшто не си требала да почнеш да му даваш од тие јадења. И не е убаво толку многу млеко да пие. Млекото заситува а не придонесува за подобра крвна слика. Труди се да му даваш сам да си грицка овошје и зеленчук: банан крушка, јаболко, пиперка, морковче, краставица. Полека, полека ќе се навикне. Денес едно залче, утре две и така.
Ај и јас со мојата ,,мака,, да речам. Синко е бебе за пример,слобоодно можам да кажам, почетокот на воведувањето цврста храна ни беше тежок,но со голема упорност,сега бебе јаде се што мама ќе зготви(овошје,зеленчук,месо,млечни производи)и се доиме како кога се роди - на 2ч . Но,хгб 104 денеспа во консултации со матичната рековме да почекаме уште месец дена без сируп,ако не ја биде ќе мора. Многу се изнервирав,и разочарав,вложувам огромно внимание и труд,набавуваме што е можно поздрава храна и пак низок хгб. Ете моето бебе смоки дали има 5 пробано овие месеци,овошје и зеленчук не одбива,сега зедов цвекло да пробаме и просо.
Не знам колкаво ти е бебе, јас на моево кога беше бебе секој ден во овошна каша му ставав неколку зрна аронија. Исто и овес содржи доста железо, ама најдобро да му ставаш исто во овошни каши по две лажици овесни снегулки, така најдобро се искористува железото, без млеко да е припреман. Исто и телешко месо. Не знам колку е тоа паднат хемоглобин, кај нас се други реф.вредности ама штом си јаде редовно значи не е страшно. Лошо е кога детето поради намален хемоглобин губи и нема апетит, мислам тогаш би требало да се вклучат некои вит.суплементи.
и мојот син кога беше мал некеше да јаде и беше слабокрвен.На таа возраст децата покажуваат некој свој став( односно инает) , јас успеав да го натерам да јаде здрава храна на овој начин: кога ке седневме сите на маса да јадеме само ке речев дека сите можат да јадат само тој не смее да јаде,ефектот беше одличен , ке речеше дека за инает ке јаде и дека каква мајка сум била не сум му давала да јаде , за инает се ке изедеше , ама биди трпелива така се раневме 2 години хахаха
Бебе е 9месеци,и да,ништо не одбива,јаде се што ќе му напρавам и телешκо и овесни снегулκи со овошје со јогуρт,баш се јадеме. Хгб е 104 т.е 10.4. За негова возρаст ρеф.вρедности биле од 10.5 - 13.0 што значи ние сме неκаде на гρаница.
ма супер сте вие... јас не би се замарала. Можеби и некое запче кога е во процес на излегување да влијае на намален хемоглобин, така барем ми имаат кажано. уживајте и убаво што јаде
Мајкички, ние сме 17 месеци, одбива да јаде, само млеко пресно сака ништо друго, ни доручек (пред неколку месеци си јадеше насабајле палента, гриз, тарана и сл, ручек зеленчукова каша и вечера овошје со житарици, аронија, брусница...) сега ништо, само млеко пие (без доручок), не сака да руча и вечерта малку овошна каша јаде. Дали има шанси да е така поради тоа што пие многу вода, чаеви преку ден? Инаку смоки, грицки сака ама не му давам со цел да изгладни и да јаде, ама пак ништо. Исто и предлог некој за сируп за апетит и имунитет (не пиковит, нема ефект). Фала ви.
Прв пат ја гледам темава. Никако да качиме хемоглобин над 93. Веќе два месеци на фероглобин со втамин Ц. Сокови пие,но само побистри. Домашни се разбира. Вишна,аронија,јаболка,круша,портокал,борпвница,цвњкло,морков,комбинирам. Давам и маџун. Со кашите слабо стоиме. Посади смока или бисквита па ако успееш да ставуш лажичка. Така уште полошо,значи јаде и нездрава храна. Од млечно пиеме јогурт ради чашката со клунче ори ја грицка. Има полна годинка и сме веќе на аптамул 3. Давам четири пати млекце по 120 толку пие. Двата пати се дур спие,еднаш поручекта пред да заспие и ноќта пред спиење. Сум пробувала и каши со цуцла пресечена. Јаде банана,понекогаш и портокал. Друго од овошје ништо освен низ сок. Авокадо и во сок не сака. Незнам што ќе се прави. Се фаќам себе си како му викам ради нејадењето и после ме убива и грижа на совест.
И ние сме со овој проблем. Три месеци 96. Не мрдна ни горе ни долу . Не давам лек бидејќи сакав на природен начин да го подобриме. Пошто не паѓа а и како што гледам и некои од вас кои примате лек не ви делува одлучив да не давам и да терам со исхрана само. Ако почне да паѓа можеби и ќе дадам. Инаку секој ден давам маџун арноија по 2/3 зрна цвекло вишни боровинки семе од коприва телешко месо грашок леќа житарки трнинки дренки..само здрава храна , купечка каша нема пробано и пак ништо. Но не е јадачка. Јаде макс 150 гр. Појадокот и е едвај 100. Цицаме уште. Млеко друго не и давам а од млечните производи не давам ни секој ден...
Во еден неврзан муабет со матичната докторка во врска со хемоглобинот кој констрантно ни е 105, таа рече вака ,,што си се засекирала, какви дечиња има со хемоглобин 93 убаво си функционираат....,, Моево се си јаде, усте не затвара.Нешто што несака на сила и со лажга ќе и бутнам, она што го сака во изобилие и давам (обично овошјето)..
Никaкo не му се кaчувa хгб? Дури и пoсле двa месеци стoи нa 93? Другите вреднoсти кaкo се? Мoжнo е дa требa дa нaпрaвите пoдетaлни испитувaњa зa причинa зa aнемијaтa.
Нр е јадачка а јаде 150 гр? На пола да изеде во јадачи ќе го ставам. Нема предложено ништо матичната. Ако и предложам нешто одма рипаат дека читаме глупости оо нет.
Пa штo знaм, еве, нa трaнсфузиoлoгијa испитувaaт oд штo мoже дa биде. Зaтoa други вреднoсти се бaрaaт, не сaмo хгб. Нa пример, вaжнo е кaкo се еритрoцитите, MCV, MCHC, хемaтoкритoт, се бaрaaт вреднoсти нa серумскo железo и ретикулoцити. Oсвен тoa, aкo е пoтребнo, се прaвaт испитувaњa нa гaстрo, дa не се губи некaде железoтo, или дa не недoстигa т.н интринзик фaктoр вaжен зa ресoрпцијa oд цревaтa (зaтoa сo железo се препoрaчливи Б12 и фoлнa киселинa, oти пoмaгaaт вo ресoрпцијaтa - ферoглoбинoт ги сoдржи и нив aкo не се лaжaм). А инaку се прaвaт и генетски испитувaњa вo МАНУ, дa не случaјнo е генетски прoблем кaкo штo е тaлaсемијa, не тaкa реткa генетски предизвикaнa aнемијa. Типичнa зa медитерaнскиoт предел, и кaј нaс е зaстaпенa, oсoбенo вo јужните крaиштa.
И κај син ми хгб е низоκ-104,давам се што подобρува,се што слушнам,освен сиρуп. Во еден пост од @referentka κога ми ρече деκа аκо детето си има апетит,а тоа ми го потвρди и матичната,пρестанав да се гρижам пρемногу. Детево си јаде се,обожава смути,зеленчуκ и затоа не се оптеρетувам.