Не знам зошто детево ич не е заинтересирано за јадење, дали нема апетит или од инает не сака да џвака, односно по еден сат и пол се храниме, храната ја држи во уста не голта и најситно да му е направена, многу стресно ми е ко ќе го хранам, плус со цртани инаку не седнува, како да го навикнам дека мора да се јади, кога изгледа како да не чуствува глад, има 2 год и два месеци, секој залак е со молење и чекање да голтни.
Zdravo majki, nie sme vo kozle, od petokot. Nisto nw ni kazaa ima plevmonija malata. Po kolku dena od prilika ostanuvate nekojniskustvo, jas prv pat sum tuka...
Дали овој пептид се употребува само по препорака од педијатар? Како се внесува, со инјекција? Колку време се употребува? Дали е за 8 год. Дете? Многу прашања, ама искрено прв пат слушам за ова.
Како го даваш? Јас го ставам во сокче ама гледам се прават грутки и остануваат на шишето не знам дали воопшто пие нешто од тоа
Синко, има две години и скоро 8 месеци. Мака мачиме кога станува збор за јадење. 80% сме на формула. Сака да јаде грав, грашок, компир, павлака, паштета, колбаси. Ама незнам кој пат да го фатам?
Да намалиш со млекото. Ако оброците 80% му се млеко, нормално дека нема да јаде, млекото заситува. Скрати го на една чаша дневно, и давај млечни производи, готви си манџи и чорби, ќе пројаде. Што јадете вие, тоа ќе јаде и детето. Нема спремање друга храна или давање млеко ако не јаде тоа што спремаш. Паштети и колбаси нема да јаде ако не ги купуваш. Овошје и зеленчук на парчиња ќе му правиш, сам да јаде, исто и мафини, проја, кифлички... Има многу идеи во темата за детски јадења.
Полудев ова не се издржува Како е можно ништо да не сака да јаде и најомилените јадења нејзини не ги сака. Не ни пробала почнува да плаче дека не сака од понуденото, сака друго во ред попушташ даваш друго наводно тоа што го сака, ама по две мин и тоа не го сака. Вода и млеко само на тоа е неколку дена, секое седнување на маса ми е пекол. Во ред, беше настината со темперстура па тогаш беше оправдано да одбива а сега што и е?? Овошје зеленчук не јаде ни под разно... мусака, леќа, супа, ориз ништо сега не сака, риба никако, мачкано крем, намаз, маргарин ајвар никако, а се од ова јадеше Со милион убедување,одење во игротека ручање со цртани, нова играчка, со ништо не успева, дури и да ја оставам да прегладне и тогаш не сака... Што се случува 3год и 11месеци е, дали има некој слично искуство? Јас повеќе неможам
Може тоа ја заситува, па затоа не ти јаде. Пробај да скратиш млеко, не и е основна храна на таа возраст. Нуди се друго освен млеко, би требало да пројаде и друго.
Мајки може ли да ми предложите сируп а не прашок (зошто го осеќа во млекото и нејќе да го пие) за апетит од кои сте задоволни?
Незнам дали е до тоа ама моментално сме со апчињата на форевар кидс многу ги сака, конечно после толку долго време сама да побара да јаде до степен да ја пие и водата од павлаката