Виталиа ама претпоставувам има во секоја друга продавница за здрава храна. Има на мерење, 100гр. ти е доволно за почеток-120ден.
Јас за слабокрвност јадев мед со млеч по една лажичка 2-3 пати на ден (ама од проверен пчелар купена тегла за да сум сигурна дека е прав млеч). Месо телешко почесто да се јаде, какао и зелен, лиснат зеленчук. Подоцна со син ми (за неговата слабокрвност) секој ден прво на сабајле му давав ц вит. од 500 мг., па по пола час свежо цеден сок од цвекло, морков и лимон и се што ќе имав дома од овошје сезонско ставав во него. Сокот го правам со power juicer и секогаш свеж, поубав ми е така..Инаку може да стои бар 1-2 дена во фрижидер ама нема потреба - повкусен е тазе.
Зедов резултати ,10.78 а вредности од 9 до 30.Докторката ми рече дека по 2 хеферол биле многу.Не знам зошто.Досега по 1 пиев и еве ми има паднато...Дали сте земале по 2 хеферол?
Ти си супер, колку толку! Мене ми е 6.6 железото, а пиев Feroglobin 1 на ден. Повеќе несмее. Така ми кажа докторот.
Мене ми беше железото 3,3 и по препорака на матичен гинеколог пијам по две капсули Сидерал форте. Тие се уште појаки, една капсула има 30мг железо. Ќе видам дали има подобрување на железото за две недели.
Јас пијам хеферол капсули од 350мг по два пати на ден така ми ги препиша доктор заедно со вит ц за подобро сврзување
Хеферолот биле уште појаки. Мене ми ствараат многу мачнини и болки во желудник препаратите со железо, па може затоа ми ги препорачаа Сидералот. Од нив не осеќам ама баш никакви тегоби.
Само да прашам, безбедно ли е семе од коприва во бременост? Јас порано го прававев овој лек со семе од коприва со мед и таан. Таанот му дава многу убав вкус a и здраво е да се јаде. Но тогаш не бев бремена. Но сега во бременост ми е некако шубе дали е дозволено. Ве молам искуства ваши, од кој месец од бременоста почнавте да го конзумирате овој лек ?
Мислам дека е безбедно, бидејќи гинекологот ми спомена за семе од коприва! Јас земам по една голема лажица на гладно!