Од 30ка железо за шест недели на 11 ми паднало Не можам да си поверувам... Какао, ц витамин, цвекло, аронија, мед со семе од коприва... Друго што да земам? Ц витаминот го пиете после јадење или??? Јас земав еден како сируп, го платив 800денари се пие 2 пати по 5мл
како се ефикасно малтофер капките у споредба со овие сидерал или др препарати од ваше искуство кои се најдобри посостав
Реков ќе пишам резултати. Хемоглобинот го вратив на 111 ама затоа железото отишло 27 Морам да паузирам малку
Мнoгу ми пoмoгна фoлoвит ферo сo ц витамин. Oсвен штo брзo ми се врати вo нoрмала кс oд нив нема гадење затoа штo се вид на витамини. Дoкoлку е малце паднатo се пие 1 сo 2 таблети ц витамин за да се врзе ,а акo е пoише 2 се пие. Oкoлу 300 ден се.
Железото ми беше 3ка и пиев Сидерал форте по две капсули на ден. Контрола направив по 20дена, железото беше 9ка. Имам една кутија малтофер фол, се мислам да пробам со нив каков ефект ќе има.
Малтофер е многу подобар од Сидерал.Ретко го дават оти го нема кај нас. Многу лесно се поднесува и дава супер резултати.
Имам и капки и таблети Малтофер, ми ги донесоа од Бугарија. Знаеш ли како се дозираат? И дали прават иритации на стомакот, мене од тоа ми е страв...
Не прават иритации, за тоа се и добри. Не сметат на желудникот. За дозирање најдобро доктор, зависи и како се движат границите, различно се дозира.