Веќе втор ден го пијам на гладно Хеферолот, за сега немам проблем, го пијам со ц витамин. После саат време ми доаѓа да подждригнам и тоа ми враќа во устата чуден железен вкус ама каснувам по еден тонус со хумус и океј е. Нешто во упатството пишува да не се пијат со лекови кои содржат магнезиум и цинк. А јас пијам и магнезиум и цинк. Сте пиеле вие? И уште едно прашање, се извинувам однапред ама столицата ми е темно зелена/ црна боја. Ваљда нормално е....
Железото ми допадна! Сега е 6.0 , а беше 6.6! Пијам и Feroglobin, земам семе од коприва со мед и лимон и плус секој ден цвекло со морков, лимон и мед. Понеделник ќе одам кај матичниот за да ми даде друга терапија. Што мислите кои таблети се најдобри за железо, бидејќи Feroglobinot мене не ми помага?
Женски мене докторката ми препиша да пијам 2 пати фероглобин и од претходно едни други што ги пиев за железо да не сум ги прекинувала. Значи 4 таблети железо дневно нели е многу. Мене железото ми е 6.6 ама хемоглобонот ми е паднат 103 (реф. 110 - 160)... Нели е премногу 4ри пати да пијам дневно?
Јас земам хеферол 2 на сен,фериглобин,и плус мултивитамини со железо.Организмот си земал колку му требало.За месец железото од 9 на 17 ми е.
Денес испитував хемоглобин од пред 5 недели кој ми беше 110 паднал на 103,а серумското од 17 се качило на 23,6..во тој период пиев фероглобин по едно со витсмин ц од 1000... Иначе сум 33 недела. Дали се добри овие вредности и со што да го зголемам хемоглобинот?
Медот со семето од коприва и лимон дали го чувате во фрижидер? Тоа што има лимон внатре колку време можам да го јадам?
Препишан ми е сируп Флорадикс 2х1. А дневно пијам Ц витамин од 1.000. Дали има логика да го делам и пијам на два пати Ц витаминот за да го пијам заедно со сирупот или така нема да имам ефект од Ц? Ако го пијам апчето со пр. утринското пиење сируп, дали тоа значи дека вечерното пиење сируп нема да биде соодветно абсорбирано?
Мораш витамин Ц заедно со железото ако веќе имаш купено од 1000ка крши ја таблетата ако не земи си од 500мг ако пиеш само железо нема да се апсорбира во организмот