Направив мед со семе од коприва. Е сега читам некои ставаат лимон внатре....дали мора лимон или пак насабајле да се напијам витамин ц со лажица од смесата? На гладно така? И после смеам нешто да јадам/пијам?
Јас го направив со цеден лимон но семето од коприва го поминав во нутрибулет за полесно да може да се врзе со медот и лимонот. Насабајле на гладно сркнувам од тоа, потоа ц витамин и хеферол па појадок без млечни производи.
А бидејќи е со лимон, во фрижидер да стои? И јас го поминав семето во нутрибулет,.... не е баш чисто семе зрнца, туку како мешано е кај мене, со зелени парченца, ваљда од листот.
Здраво женски. Имам една недоумица за која би сакала да чујам ваше мислење и искуство. Бремена сум 24 недела. Досега не сум имала проблеми со слабокрвност, меѓутоа на последното испитување хемоглобинот ми паднал на 109. Ова ме испозагрижи многу Докторката ми напиша да ги пијам Iron Foliq капсулите за покачување на железо и Hgb. Е сега, покрај железо, тие капсули содржат и фолна киселина и витамин Ц. Јас сум со генска мутација Mthfr и мојот организам не ја преработува обичната фолна, па затоа јас си консумирав метилирана фолна досега. Имате ли некое слично искуство и што мислите, дали да ги земам овие капсули и покрај тоа што содржат и обична фолна? Дали имате пиено нешто друго за железото и хемоглобинот?
Мами кој суплементи се накдобри за железо за нарачка од Ихерб? Има толку многу што незнам кое да го нарачам па ми треба ваша препорака, фалааа
Мене лично ми помогна, пијам и апчиња нормално но, од кога почнав да консумирам и мед со семе од коприва многу повеќе ми се качи железото.
Јас не го мелев и така е ептен ситно,а го користев веќе следниот ден но може и веднаш . читам наназад некои во нитрибулет го минеле малку семето. Ако мислиш дека ќе ти смета можеш . И вит Ц заедно помага за врзување на железото .
Јас се изненадив, од 5ка железо пред 1 месец, со 10 тотхеми преку еден ден, денес железото 17ка. Сестрата рече тотхема та брзо го качува, се надевам така и ќе остане.
Девојки ќе може да ми кажете какво семе од коприва земате (органско или неорганско)? Мед (боров, ливадски, планински....)? И рецепт на колку грама мед, колку семе? Ви благодарам
Здраво девојки, само сакам моето искуство да го споделам. Сеуште сум на почеток бременост (13-та недела) очекувам пад на железото но, на последната контрола ми беше 24.5 од референтна горна граница 28. Бидејќи не сакам хемија, таблети, секој ден пијам по 200 мл цеден сок. Него го припремам во slow juicer, голема количина (5 л) и веднаш го складирам во стаклени шишенца и директ во замрзнувач.Секој ден си вадам од замрзнувач и доаѓа како тогаш цедено. Во него ставам: цвекло, јаболко, лимон, портокал,морков, буквално се што ќе помислам и во поголема количина.Ви го препорачувам овој начин бидејќи само еднаш неделно е маката, и после тоа цела недела сте покриени. Не секој ден сакам да го пијам- но го пијам
Ама она е 13та недела затоа и се држи железото после 20та почнува да паѓа, и јас у 16/17та имав 21 железо а сега 11 па дали и толку моментално
@stsmua05 затоа и наведов која недела сум да нема забуни Ќе терам со исто темпо па ќе тестирам како ќе оди понатаму Секако тоа е се природно без додатоци