Ти бидејќи си понапред од мене, ајде ајде тест месец дена секојдневно пиј вакви сокчиња па да видиме следен резултат баш ме интересира
Јас вакви сокчиња пијам од пред трансфер. Со железото немам проблем но хгб уште во 11гн почна да ми паѓа, оттогаш сум поатојано на суплементи и одвај го држам 100. Секој организам различен. Удавена сум во сокчињава, какао и коприва и не бива.
Со суплементи за железо и вит ц обавезно да земате ако не ви кажале докторите. И млечни производи на минимум ставете. После 20та бебињата качуваат многу на кулажа затоа паѓа. А за пораѓај ви треба добра крвна слика.
Денес го направив па ќе видиме за 2 недели сум на контрола патем кај мене две цурици влечат, така да резерви мама имаТ снемано
Во 5та недела ми беше 10,1 сега во 9та ми е 10,9 и лекарката рече слабо било. Јас имам таласемија и се радувам на 10,9 сепак од утре ќе почнам да пијам лекови. Инаку млечни производи може и мора да се јаде, но да има неколку саати разлика со земањето железо.
Мене железото ми падна на 9.9, дрнед бев кај матичната ама само ми кажа дека ми е на долна граница, а не ми даде ништо да пијам. Еден месец јадев секое сабајле мед со коприва и од 12 на 9 падна наместо да де покачи. Дали може да земам некој суплемент на своја рака или да чркам 3 недели кога ќе одам на контрола да ја прашам докторката Од кој сте задоволни?
Здраво девојки, ако може некој да ми го пише детално рецептот со семе од коприви. И тоа семе од кај го купувате? Ми падна железото од 22ка на 11ка, хемоглобинот од 130 на 116 за нецел месец. Фала ви
Тотхема ампулите се најдобри, само не знам дали се дозволени во бременост. Ја пиев IronFolic, железо на Farmavital (од овие повраќав), и уште едни што ми ги препишаа матичит, не можам да се сетам како се викаа. Немаше некој ефект, ми паѓаше цела бременост железото и хемоглобинот, и после пораѓај исто. Од тотхемата+вит ц се среди, само треба подолг период да се пијат за да не падне пак. Прашај дали смееш во бременоста да ги пиеш.
Јас ги пиев тотхема 10 дена во бременост, од 5 на 17 дојде железото следниот месец. Ама тоа треба со матичен да види, да ја прати.
Јас денес бев за крвна слика, железото ми е 5,7... Дали смеам да пијам малтофер таблети? Утре сум на контрола инаку..
Знам дека Темава е за слабо железо. Но јас напротив имам над граница. До 30 беше дозволено мене ми е 33. Дали е нешто опасно тоа?
Дали после 1 кутија тотхема треба да го проверам железото па според тоа да знам дали да продолжам да ја користам? Докторката ми рече 10 дена по 2 на ден, а после по 1. Ама не ми спомна дали веднаш да продолжам или прво да направам крвна слика
мене овие ми помогнаа најмногу на крај железото си го качив на граница со нив и плус комбинација ова го пиев бидејќи ми беше многу ниско 7 а бев 37та недела за 3-4недели ми се качи на граница ми
Здраво, сакам да прашам како го дозирате Флорадикс сирупот/ тоникот? Матичната ми рече види според упатство, ама нема за трудници. Поздрав
најубавиот сируп, пиев во бременост и уште 2 шишиња после породување, железото ми се качи на 15 прв пат во живот. пиев наутро на гладно 10 до 15 мл, во дозерката од капачето
Добри се, ама може да почне да паѓаат. Можеш превентивно мед со семе од коприва наутро по една лажичка, многу помага.
Јас цел живот сум со ниско железо. И со првата бременост, не успеав да го кренам ,што се не пиев . Во оваа бременост почнав олиговит да пијам и еднаш дневно цеден сок од цвекло,морков,јаболко,портокал и лимон и за прв пат во живот крвната слика и железото ми се супер.