Дали имате препорака за ефективни лекови/капсули/ампули за анемија во бременост? Јас веќе месец дена пијам ферозомал прашак и семе од коприва со мед, но железото ми паднало од 24 на 9. Значи џабе било. А иначе почнав да ги пијам заради паднат хемоглобин. Читам тотема ампули, сидерал капсули..Не знам кое е по ефективно.
Јас уште почеток ги пијам new iron, тие ми ги препорача матичната ама колку што увидов ги нема во секоја аптека. Железото од 3ка сега последно ми е 22, ама затоа требаа неколку месеци.
Мене од сидерал фолико ми се качи одма железото, првата бременост пред 4 и пол год. Кесички тогаш земав.
Мене само Сидерал Форте 1100денари се 20капсули. Скапи али ефективни. Мене ми беше 22 цела бременост еден месец имаше паднато на 8 со еднна доза од капсулите по 20 дена пак си се врати на 22.
Мене ми помогна сируп флорадикс, го земав од зегин некои 600 денари. Плус семе од коприва со мед и ЛИМОН. Треба и вит Ц за таа комбинација, не само мед и коприва.
Јас тотхема пијам по препорака на докторот по 2 на ден првите 10 дена па после по 1 на ден. Кога ке испитам железо следен пат ке пишам резултати баш. Иначе на многу им е гадна тотхемата а мене искрено баш ми е убава. Ја кршам ампулата во еден цеден портокал и пијам со цефка најбрзо што можам.
Од секогаш ми било ниско железото но сега катастрофа. Скоро 3 ми е сега. Ми препиша матичниот тотхема па ке видиме како ке биде после 10 дена пак ке проверам. Што препорачувате вие на природна база?
Мед, семе од коприва и лимон. Јас блендирав семе од коприва со индиски ореви 100гр зошто ми беше мн гадно и иако е ситно пак го блендирав, мешав со тегла мед и лимон. Немам прецизни мерки на семе од коприва и лимон, ќе видиш по самата конзистенција.
Девојки, дали некоја ги пиела овие таблети? Железото ми е 12(реф.вредност е од 10.7), хемоглобионот ми е ок,135. Матичната ми ги даде, а сега гледам во нив имаат и фолна и б12. Јас тоа веќе пијам посебно, ептен ми е на мисла сега, да не е премногу фолна
Не ги знам овие, но и јас пиев малтофер со фолна и кога го прашав матичниот рече не е проблем што имаат фолна
цела бременост железото супер. сега уште еден месец до пораѓај ниско ми е . референтна вредност почнува од 6,6 , а кај мене ми е 6 . ми препорача матичната флорадикс сируп или таблети да земам. добри ли се на таа фирма. ќе се среди ли со нив?
Мислам кој и да земиш ќе ти покачи, јас Ферсан форте пиев 1 месец од 11 на 16 ми го крена железото, Сидерал се исто така мн добри од претходна бременост знам, сега зедов грчки за смешна цена од 120тина ден а сите ги фалат, пошто мат му рече до пораѓај да ги пијам.
И мене истото ми се случи од 22 на 8 ми падна со сидерал форте на 20 дена пак ми се качи на 22 и така си остана и после бременост.
т И кај мене паѓа, железо се качи ама хгб од кај 127 на 119/118 па на 108 последно пред месец, тој тешко се крева.
Очекувано е во овој период да е ниско зошто плодот е поголем. Јас го користев сирупот, исто месец дена пред пораѓај со + цитамин Ц 1000 дневно и ми се покачи железото. Можеш да пробаш и семе од коприва, мед и лимон, ако ти е баш гадно стави нешто да го замаскира вкусот. Јас бледнав семе од коприва, индиски ореви и додавав мед и лимон, вака ми беше поубаво и како паста се направи.