Жени како сте со хемоглобинот, мене секое испитување ми се намалува од 118 па 109 денес 103г/л, серумското ми е добро од 20 на 17,5. Нешто исхрана која помага земал некој? Постојано јадам цвекло ама еве сега фалат белковини за да го врзат хемот. Некој предлог?
Мене железо на 6 ми беше паднато, па со Тотхемата на 16за неполни два месеци го вратив. Ама не било доволно. Хемоглобинот ми е 110, Тотхема заменивме од вчера со Хеферол, изгледа ќе си го терам до крај. Мој совет ти е или да бараш од матичен некој суплемент или во Пчела (мислам така се викаше аптека) природни препарати имаат. Со храна мислам дека е многу тешко да се одржува. Јас и аронија јадев, и мед со семе од коприва, се живо пробав ама добро може дека две се кај мене и така е. Сепак советувај се со доктор.
@Charlotte* утре ке му ги носам резултатите ке видам како ке ме крсти, и јас се јадам и аронија и калинки и цвекло и ништо пак исто. Кажи ми знаеш ли дали смееме маџун во бременост?
Реф. вредности за серумско се од 7-28 значи речиси на долна граница си обично гледај до 20 ка бар да го одржуваш, а за хемоглобинот е од 115-165 норнално, а кај тебе е под тоа. Значи пожелно е во исхраната да внесеш месо, јајца, млечни производи, цвекло, спанаќ, семе од коприва клинки ....
Жени можно ли е ова, минатиот месец испитував железо и серумското ми беше 5ка, терапија имав со хеферол 2*1 и фероглобин. Правев крвна слика минатата недела, сега ми дадоа резултати железото ми е 13ка.. Сто посто имаат грешка некаква, која е логиката железото да ми скокнало за 8 единици...
Napravi napravi pak krvna slika inace jas vcera imav vrtoglavica najverojatno pak mi e zelezoto nisko ama ke pocekam uste edna Ned koga imam termin za ctg pravo ke zemam I upat za krvna slika
Треба да помине барем една недела од последната испиена терапија, за да ти ги покаже точните вредности. Ако си пиела железо претходниот ден, нормално дека ке покаже поголеми вредности.
Се качува многу од Хеферолот. Јас го пиев 4 месеци 2x1, и уште два месеци по едно дневно, серумското железо од 0.5 ми се крена на 20. А не бев тогаш бремена. Мене лично ми е најефикасен препарат за анемија.
Мене ми е чудно затоа што само 1 месец го пиев хеферолот, а сум 34та недела бремена, велат дека на бремените жени во трето тромесечие нагло им паѓа железото, а кај мене за краток период се накачи за 8 единици. Ќе правам утре пак крвна слика па ќе видиме што ќе испадне..
Мене ме чуди пак во цела бременост ништо немам пиено за железо, и серумско 15, а хемоглобинот 125 ми беа пред 2/3 недели. Ќе испитам деновиве пак да не е грешка или да не ми паднало. Сакам и јас хеферол да пијам пред пораѓај без разлика какви и да ми се резултатите. Дали мора со упат од матичен или се купува и на приватно? И дали има не сакани појави како тотхемата или лесно се поднесува?
Мила не сум сигурна дали може да се купи без рецепт, а и мислам дека подобро е да се советуваш со матичниот дали има потреба да го пиеш. Јас тешко го поднесувам, желудникот ме боли константно откако почнав да го пијам, а првите 4-5 дена и повраќав. Тотхема немам пиено за да направам споредба..
Може да се купи и без рецепт, ама ако немаш потреба , не мораш да го пиеш. Јас лично Хеферолот најубаво го поднесувам од сите суплементи, а имам пиено доста различни видови. Само од Хеферол немав мака.
Zenski sto pievte posle poragaj za ppdobruvanje na krvta? Porodena sum pred 8 dena. Pred odenje doma ne mi napravija krvna slika demek 10ipol hgb pred poragaj bilo super i nemalo pptreba. Ama imam nesvestica i znam deka mi e do toa. Taka bev i so prvoto, na poragaj izgubiv mnogi krv. Sto da zemam suplement osven zdrava ishrana? Pozdrav