Во четврток и петок оние верници кои ќе отидат во црква се молат да го почитуваат препорачаното растојание меѓу себе, и да носат маска и ракавици. Внатре во храмот ќе бидат пуштени само одреден број на верници, другите ќе бидат пред храмот, исто на препорачано растојание. Веројатно колку ќе излезат во меѓувреме, толку ќе бидат пуштени да влезат, како по маркети и банки што функционира. Во сабота, недела и понеделник на службите во црква ќе биде присутно само свештенството, без верници бидејќи е полициски час. Од вторник натаму, ќе важат истите препораки како за претходно. За сите православни верници, во 23.45 часот во сабота, излезете на балкон со запалена свеќа, поминете го времето до 24.00 часот во молитва, испејте го велигденскиот тропар (Христос воскресна од мртвите, со смрт смртта ја победи, и на тие во гробовите живот им даде). Среќен и благословен празник, молете се крепете се меѓусебе, посебно во вакви невремиња.
Од уставот е ова. Не биле пишувани со мисла за пандемии...чак и во војна, во турско време што се вика, и комунистичко (кога се забранувало), црквите биле отворени и народ се збирал. Играле важна улога низ историјата. Никому не му текнало дека е можна ваква ситуација. Сепак, повикаа да се почитуваат мерките. Забраната за движење е една од нив. Па ќе видиме. Оревокршачка, од МПЦ ли е тоа?
Жабче јавно изразувањена мислата и вероисповеста не мора да значи одење во свет храм. Никаде небсе потенцира тоа, значи може да се забрани ова.
Јас мислам слободно да остават кој сака да си иде во црква. Тој што е спремен да стави во уста лажица која ја излижале милион луѓе во време на пандемија, си заслужил да добие корона. Мене во нормални услови ми е гадно тоа што сите бацуваат икони, а не па сега....
Власта има апсолутна моќ во вонредни ситуации, како и во оваа, тука секуларноста паѓа во вода. Ова е чист дипломатски потег. Сепак таа проста раја од луѓе е гласачко тело и тоа незанемарливо, а избори кога тогаш ќе има. Кој сака нека се навреди, ама јас дигнав раце од убедување на кременковци зошто треба да се избегнуваат масовни собири и зошто не треба поготово во време на пандемија да кусаш од иста лажичка со илјада други гнаси од луѓе. Кога самите не им доаѓа у глава, труби до сабајле, џабе е. Колку и да е сурово, и 500 заразени и 500 жртви да има од нив, око нема да ми трепне. Амин. -.-
Во Уставот пишува јавно изразување на верата,мислата,вероисповеста,ама не пишува какво изразување,дали вербално,дали невербално или двете,па некој може да си толкува дека државната власт не смее да му задира ни во кажувањето молитви,ни во одењето во црква и бакнувањето икони.
Не е така, Јуле. Затоа што и црквите се отворија со сите мерки за гарантирање заштита од ширење - минимум луѓе. Иако прво затворија. Во полициски час се даваат дозволи за движење на вработени во фирми итн. Ваљда сите имаат протоколи со кои и гарантираат дрн дрн.. ако и црквата ете се држи до тие протоколи, јас ко поединец доставам барање и миоа ме одбие, можам да тужам за спречување на моето право според уставот? И тоа што не е дефинирано како идење во црква, како ти ќе го спречиш мојот начин на изразување..
Абе какви тешки фанатици се има. Еве фејзбукот мој не го отварам, треба каша попара да направам, све да избришам. Викаат многу луѓе, абе нема таква сила која ќе ме спречи мене во црква да не одам....ќе си одам и крај. И што понатаму???
Пола од тие верници шо запињаат за црквиве ако почитуваат еден заповед од 10те да ме обесите на мудата на Букефал на плоштад
Ништо од тебе. Требаше државата да се договори со МПЦ да се држи богослужба само со свештени лица во црквите, без верници.
Утре ако се разболат ако дојде време да биде ставани на респиратор нека се откажат од тоа, поради такво курчење.
Жабче, на крај ете сите ќе бареме дека правата ни се ограничени и за секое едно нешто ќе бараме потврда. Дали според ова значи дека може и во сабота да одиме на црква оти ете не смеат да ни ограничат одење во црква? Едното е контра другото. Како може сите останати држави да затворат цркви, храмови, ние не. Сега се вадеме на Уставот и на правата, кои претходно ги кршеме ако имаме потреба и ако целта ги оправдува средствата. Можеме и сега кога е загрозено јавното здравје.