1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Славење родендени!

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Steff.Unique, 1 април 2012.

  1. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Многу сакам родендени :D и мојот отсекогаш си го славам и ќе го славам, и да, многу се радувам на подароците а уште повеќе кога ќе ми дојдат сите луѓе што сум ги поканила, едноставно тоа е мој ден кога сите дошле заради мене и да се забавуваат и тоа ме прави многу среќна и еве за неколку дена ми иде роденден и уште од сега си планирам кого ќе викнам, дали ќе биде дома или на некое друго место итн. :)
     
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога бев дете беа тоа славења, подготвување, спремање-роднини, еден куп
    а во последниве години е излегување на кафе,пица, слаткарница(по желба) со најблиските другарки, колку да се одбележи денот, дома семеен ручек
    а минатиот роденден се погоди така што имав пари, и си направив еден шопинг и бев пресрекна :$
    а оваа година се надевам дека ке ми успее тоа што планирав, иако има време до тогаш
    и да се радувам кога на некој/а личност од мојот круг ие роденден
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    сум била на родендени..сум славила со блиски и се разбира од кога сум со децкоми со него сме биле,,на вецера,,некои изненадувајна и така...
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Тууу, и овде се погодив со мислењето на Тренди. :)


    Епа значи се радувам бре луѓе. Некој ќе каже роденденот е интересен за славење до 30та година, после веќе секој роденден си се потажен пошто старееш. :^)
    Е добро де, уште не сум доживеала 30ти роденден ама луѓенца не знам, за мене има посебно значење роденденот, на тој ден си се родил, подароци, торта, искажување љубов, епа си сакам родендени бре, мислам дека цел живот ќе сакам да ги прославувам и моите, и на моите најблиски.

    Последниве 2 години луѓево мислат дека веќе немам роденден па не ми обраќаат таква пажња ко помала, со гужви, песни и подароци. Де бре луѓе, кој ве излажа дека сум стара за подароци ?! :^)
    Не знам дали знаат, или им влегло во мозочето дека може цела година да ме даруваат а тој ден да ме прескокнат, ама мене ми значи бре подарокот. Ќе кажам: `Не си требал/а!`, ама секако дека требало да си донесеш подарок. :!: :rofl: Макар и ситница да е, кутија за накит мене ќе ме израдува ко кола некој да ми подарил, сериозно!

    На најблискиве кога им е роденден со месеци го смислувам подарокот, сакам да ги направам среќни, ги анализирам нивните потреби и желби и према тоа го подготвувам подарокот со многу љубов. Ја дури повеќе се радувам на нивниот роденден, затоа што копнеам по нивната реакција, и многу се натажувам ако не им се допаѓа мојот подарок (што ретко се случува :P ).
    На пилево мое му е роденден за неколку дена, лелееееееееее 100 пати го прашав: `Не се радуваш? Ејјј роденден ти е уште малце!` Ко некоја ретарда сум бре, и едвај чекам прво да го купам подарокот што го мислам, и да го видам како ќе реагира.
    100% ќе му се допадне, пошто изјави дека сака, ама не знае што му спрема дада Лил. :rofl:
     
    На Buttterfly, Steff.Unique, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Значи еве неколку интересни идеи за славење роденден, што малтене се без пари.
    Обично најубавите работи се бесплатни. ;)

    Караоке забава е секогаш полн погодок.
    После две-три чашки сите се таленти за пеење.
    Потребно, еден микрофон, не мора да е којзнае колку професионален, за една употреба што се вика од пазарче. До кај 300 ден тераат цена најскапите.
    Можете да си симнете инструментални верзии од омилените песни и да си ги отпечатите стихови, па секој да си извлекува песна од кутија... или уште полесно, да си ги најдете на youtube со lyrics-от.

    Tематска забава е секогаш ок идеја.
    Ние планираме забава во духот на 90тите, со музика од 90тите, па што да не се искомбинира за роденден?
    :)
    Плус, секој поседува пар комбинезонки или карирана кошула за доловување на автентичен аутфит од 90тите.

    Можете забавата да ја почнете со неколку хитови од годината во која сте се родиле. ;)
    Најавете го отварањето на журката со песни од најдобрата година :up: (јас веќе си симнав за мојот следен роденден. Прилично бев изненадена од хитчињата за 1985 година). :D
    Good Stuff.

    Ако правите журка дома, секогаш имајте доволно мраз. Било да е лете или зиме.
    На менито имајте работи што апсолутно сите ги сакаат - доволно чипс, пилешки прсти, тартар сос...
    јас една година имав ќебапчиња и помфрит со сирење :D , зашто ми здосади од сите тие мини мали сендвичи. И сите јадеа, фала на прашање. :lol:

    Никогаш не си доволно возрасен ниту стар за да дуваш свеќички.
    Сакаш нареди ги сите до една согласно бројот на годините, сакаш купи си бројки... ма стави си и прскалка на средина, од каде е тоа правило дека се само за мали деца?
    За мојот 21 роденден, не можеле да најдат бројка 1, најмногу се трошела, па земале 5ка. :D
    Дував бројка 25. Сеедно, супер беше.
    Ситниците ги прават журките.

    А последниве неколку години со кризата ме фаќаат тотално креативни моменти, како за славење роденден, така и за подароци.
    На пример албум.

    Албум е прилично просечна идеја за подарок, ама вие бидете креативни.
    Сега со фејсбукот имате пристап до секакви бебешки и младешки фотографии од славеникот.
    Одберете 20тина добри фотки и направете чудо - развијте ги во фото студио. :D
    Фино наредете, залепете... напишете некој интересен коментар, смешна дешавка... наведете интересни податоци за годината во која се родил славеникот. Чичко Гугл е секогаш тука на помош.
    Направете scrapbook кој нема да биде воопшто лејм.

    Направете му/и торта, направете мафини, некое омилено јадење или десерт...
    продлабочете го мозочето кога се работи за подарок, секогаш постои некоја креативна и уникатна идеја, за секого.
     
    На Philippa, Monna.Monna, babybelle и 7 други им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.754
    Пол:
    Женски
    И јас сум тотален манијак кога станува збор за родендени, мои, туѓи не е битно, битно е само да се слави :lol:

    Станав ептен вешта во организација на роденденски прослави, нешто како wedding planner, ама за родендени, се можам да организирам за ден, два, и во сон да ме праша некој знам да му кажам каде се најефтините хелиумски балони, декорации, каде има костими за тематски родендени, каде е најефтината пијачка, опрема за изнајмување итн

    И јас си се радувам на подароци како мало дете, а највеќе се нервирам ако некој ми подари пари :@ демек нема време да мисли што да купи па ај на ти пари, ако не знае што да ми подари тоа значи дека воопшто не ме ни познава.

    Јас со недели мислам што и како да подарам, на сите блиски им ги знам родендените нема шанси да пропуштам некој, и на сите родините што ми се во Мк обавезно им праќам некоја убава честитка (морам по препорачана пошта да ги праќам зошто поштарите сеуште мислат дека се праќаат пари во честитки па се случуваше да не им стигне :@ ) и им се јавувам да им честитам.

    Од што толку многу сакам роденденски прослави како за инает на брат ми близнаците се родија баш на мојот роденден, ми го земаа денот, they took the spotlight away from meeeeeeeeee ;( , ај нека ми се живи и здрави за некоја година ќе слават со другарчиња и ќе ми го вратат денот.

    Како да знаев дека ќе ми е последна само за мене роденденска прослава 30-тиот роденден ми беше legen wait for it dary :rofl:
    Иако роденденот ми е во сред зима имав tropical theme, машките во хавајски кошули, женските во цветни фустани или сламени сукњи како хавајките и сите добиваа цветен венец на врата за добредојде исто како на Хаваите.
    Храната исто беше во тропски стил а за апсолутен хит на вечерта беше прогласен the slushie mashine, смрзнати коктели, маргарити, водка/портокал и дакари :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]

    Додека бевме културни и пиевме само еден ист коктел добро беше ама како што се одвиваше забавата почнавме да мешаме од сите бои во иста чаша, оф немам појма како сум ги дувала свеќите, знам само дека :puke: сите бои на виножитото :rofl:

    Заедно со изнајмувањето на slushie machine идеше и професионална караоке опрема, пеевме што пеевме, после завивавме до 7 саат сабајле :rofl:
    Дефинитивно најдобриот роденден ever :rock:
     
    На Buttterfly, teddybear, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Какво сме си друштвенце погодено - најпогодено!
    нема славиш не славиш роденден! ние идиме работава ;) :)
    и затоа најмногу си ги сакам и си чекам родендени по дифолт и најубаво си поминувам
    потребно е само пиење а другото е - еден зема звучки друг става пиење, трет крева теписи мести маси , четврт дува балони :) :)
    Многу сакам родендени , и со мерак си ги чекам а подароци ОБОЖАВАМ! сакам да ме изненадуваат :)
     
  8. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Еве една моја идеја за темава. Како би сакале да изгледа вашиот следен роденден?
    - Прикачувајте и фотографии за како да ја спремите вашата трпеза за роденденската забава.
    - Некои декорации.. за тоа како би ја украсиле вашата собата во која што ќе го прославувате вашиот роденден.
    - Или пак некои ваши идеи за добра музика на роденден.

    :angel:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  9. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    До пред 3-4г Роденден беше за мене Wooooow :D сега ми е сеедно а сум славела а не добро не е баш се исто 1г си постар/а ама не се радувам како порано.Си викнам 4-5 дурагарски торта и уше нешо и така.Инаку досега немам чекано по игротеки туку по дома. :)
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Оф леле, јас би секој месец да си имаме по еден роденден. Па не е фер вака :D

    Од кога ќе дојде јануари си викам ајде уште 5 месеци, па уште 4, па уште 3, и се така додека не дојде денот кога ми е роденден :)

    Еве го се ближи, а јас не можам торта да си најдам. Мислам торта можам да си најдам, ама не таква каква што ја замислив точно во главава моја :D ама ќе најдам па што сака нека е. ]:)

    Кога ми е мене роденден и него му е роденден, на ист ден не родиле, добро, со некоја година разлика ама нема врска, а тоа е причина плус што си го сакам тој ден. И во најубавото гоишно време е, абе шта да ви причам кад све знате :D

    Таква сум еуфорична пред родендени, кога им е на блиски роденден, мислам, планирам, што да сторам, што да купам, на кој начин таа година да ги изненадам, штедам, праам се и сешто, за таа пуста насмевка и гушка да ја добијам, а кога е мојот роденден истото го праам, само не за поклон туку за спремање. Па планови како ќе скубнам поише пари за поубаво, па мајка ми ќе рече достаааааа, па после ќе ми докупи се и ќе се смее :lol:

    Сите те гушкаат, телефоните фрштат, честитки на фејсбук, па поблискиве и пораче и јавување, па некој откачен ќе се најде да ти пее на телефон ... :$
    Си го сакам тој ден, зошто да не, на тој ден сум дошла на овој пуст свет, како да не го славам? :D
    Обожавав и ќе обожавам родендени, се радувам, си ги славам и ќе си ги славам, не сум од оној тип на луѓе што на роденден се затвараат во соба и плачат зошто веќе се една година постари, смешки :D
     
  11. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Јас речиси никогаш не сум славела родендени. Ко прво бидејќи роденден ми е сред лето, на крај на јули кога сите се на одмори и никој нема во Скопјево. Ко второ никогаш не сум имала некоја посебна желба да правам огромни родендени. Како помала единствено до кај пет-шест години ми правеле поголеми родендени со повеќе луѓе. После тоа ме прашуваа дали сакам да славам и речиси секогаш велев не, ама на крајот пак најблиските другарки ќе ги почастев нешто. Имаше родендени кога воопшто не славев/частев. Едноставно ме нервираат сите тие пораки, честитки, кога пола од нив знам дека не се искрени туку се кажани ради реда, роденден и е, па ај да и честитам.

    Годинава не знам што ќе правам, но нема да го славам. Доколку се уште сум блиска со еден другар можеби со него ќе ја го поминам денот.
     
  12. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Јас славев заедно со другарка и еден другар....И супер си поминавме ем и поевтино не фати и за локацијата и тората и пијалокот...:)
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.414
    Допаѓања:
    17.002
    Еи..во сабота ми е. Никогаш порано не сум се радувала како на овој што му се радувм. Ги бројам деновите до роденденот уште од 1 мај. :D Оваа година сакам дома да правам журка ама не може, така да ќе им земам повеќе пари и у ресторантче некое со најблиските две другарки ќе се частиме. :)

    Ептен се радувам на подароците, да. Па нејќам јас оари, пошто ќе би поебам онака, без везе. Ма за тие пари земи купи ми нешто да знам еј, тој и тој ми го донесе тоа и тоа. А не шо се научиле пари, добро додуша и јас давам, ама на некој што знам дека собира пари за нешто нели шо неможам да дозволам јас да му го купам.

    И така, уште 5 дена и четарнаесче. 8)
     
  14. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    од секогаш сум славела родендени со многу луѓе :) од првиот роденден со 100 луѓе и 3 торти, е тоа било циркуз :D ни го скршиле лустерот :lol: :lol: имам голема куќа, долниот спрат порано бил дискотека, сеа не е, ама се е опремено, па таму си славам роденден :) сега 14 наполнив, на 7 мај го славевме со другар, имаше околу 60 луѓе и многу убаво си поминавме :) не ми се битни поклоните, јас обожавам музика, смеа, се изнаигравме, како и секоја година :)
     
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    уживам кога станува збор за родендени јас сум родена 00 и некоја минута кога бев мала во тој час ме будеше мајками и со свеќичка во мало тортиче ми велеше среќен роденден принцезо моја малечка тоа го практикуваше додека беше жива,сега добивам подароци од сопругот,другарки,таткоми,но се би дала барем уште еднаш да го слушнам гласот на мојата мајка да ми посака среќен роденден уф ми надојдоа солзи
     
  16. supergirl22

    supergirl22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2011
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    11
    Се што си напишала од а до ш односно од ј до т во ништо ме си погрешила и потполно си во право, иста сум, само роденденот ми е во есен :) а оваа година роденденот ќе го поминам со 3 другарки, би викнала само две али мама ќе почне да вика ајде нема смисла викај ја ама други кои сум викала нема повеќе да отидам на нивен роденден ниту пак ќе ги викам :^), мразам кога ќе се спомне мојот роденден... :envy:
     
  17. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Како да кажам..јас обожавам родендени..Мојот роденден одсекогаш бил интересен, до сега најмногу деца поканив кога требаше да полнам 11 години (пред 2 години) имаше околу 75-76 поканети..Инаку роденденот ми е во понеделник(2 јули) ке го правам на базент со 40 деца.. Исто како една забава...сега се мислам што да има на нејзе. Како и секогаш обожавам да пеам и секако дека ке има караоке забава...но незнам друго што ве молам за предлог нешто??? :rofl: Сакам сите да бидат облечено во иста боја што ке бидам јас облечена...но многу ми е срам да кажам ххх.. :$ :$ :$ Поздрав до сите феминки :inlove: :* :D :lol:
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Супер идеа :D Ако роденденот го славиш на базен зар нема сите да бидат во купачи ? :D
    __________________________________________________
    Поздрав и до тебе :*
     
    На chocolate...girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    Да да ке бидеме ... :* :* :D
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Сум славела родендени.Повеќето ги имам славено дома,и неколку во слаткарница.
    И никогаш не сум им давала некое големо значење.
    Ама годинава со нетрпиние го очекувам.И јас самата незнам зошто? :lol: :^)
    Инаку планирам да го славам во кафиќ,планирам да имам околу 15тина сигурни гости. И сега прашањево ми беше што викате девојки да носам ли од оние,малечките тортички? :$ :rofl: :rofl: