Аууу колку си го сакам овој ден, мојот роденден. Обожавам да си го дочекувам како Нова година, односно сите чекаат полноќ, па ај да ми честитаат. Тогаш сакам сите да бидат среќни и пијани, па овде со уцени кој не се опие - не ме сака! Обично јас највеќе ќе се натрескам, сам човек ако не се сака, кој друг... Обожавам да дувам свеќички и да си замислувам желба, пошо знам дека таа со сигурност ќе ми се оствари. Овој ефект во психата ми е изграден во главата уште од малечка и кога ќе одам на бастун, нема да ми се разнише довербата во таа моќ. Кога некоја моја другарка слави роденден исто сум права срцка и гледам се да направам за да се чувствува пријатно и во центарот. Пример ако сме во кафана, обавезно мора сите присутни да и пеат Па ќе и го ангажираме за нешто дечкото и така сите се радуваме Изненадувањата исто ги многу сакам! За мојот шеснаести роденден бевме договорени да седнеме на кафе денски, прославата беше вечер. И јас со една другарка ги чекам веќе пола саат со солзи во очите, клапната надвор на сепарето. Кога гледам овие идат со торта, направена како цицки, и сите ми пеат и ми шлакат раци. Ебати среќата! Со душа си го чекам следниот...
Ох .. се ближи, за некој ден ќе дојде и 16ката. Не знам зошто но не осеќам некоја посебна еуфорија .. веројатно зашто не знам каде да го славам. Се мислам дали да го правам во кафич или пак само да викнам неколку деца дома на торта. Работата е во тоа што само 5 другар(к)и најискрено сакам да бидат тука на роденденов, па затоа сакам дома. А ако правам во кафич уште 7-8 души ќе морам да викнам, зашто нели славам роденден. Ваш совет .. што да правам?
Пааа... благо кажано мразам родендени. Свои. Туѓи сакам. Особено на блиски и драги луѓе. Нема шанси ако тој човек ми е битен во животот да не му честитам точно во 00:00. Имам навиено аларм обавезно или чекам до секунда. А за мојот, не знам, некако сум посебна. Го осеќам ко некој суден ден, некако ко да ме притиска дека обавезно мора да размислам што сум направила до тогаш, што треба допрва да се направи... А јас немам време за тоа. Не можам да седнам и да мислам. Уште ништо не знам. Особено не некои големи планови за животот да дефинирам. Далеку од тоа дека сум мала, само некако сега ми е така, оставам да течат работите природно, не притискам ништо, не вештачам. Значи подепримирачки ден од роденден нема. Т.е. од една страна сум весела среќна, си го сакам денот како датум, најубав ми е, почиња летото , ама ко што кажав некако премногу обврски и главоболки ми задава и едвај чекам што побрзо да помине. За славење го славам, не дека дома седам, секоја година различно го одбележувам. Пред некоја година ги викнав ептен најблиските 10тина луѓе дома на седенка онака лабаво опуштенко, лани бев на вечера со сега веќе бившиот партнер, оваа година исто лепо фино одбрано друштво во кафана. На тортата највише се радувам може од сите тие роденденски детали и марифетлуци и секогаш е некако посебна, се издвојува. не толку по облик или нз што, туку вкусот, сум имала лимон торта, вишна, шумско овошје, нестле, карамела, и мока (кафе вкус ). Чоколадни такви избегнувам, нема шанси, ем на секој роденден по дифолт такви гледам, ем топло време пеколи, уште тешка торта и капут. Не јадам такви, па затоа такви не ни купувам. Правечка не практикувам. Мада сакав лани таква ко виножитко да бидне, ама мајка ми одби да учествува, ја сама не сум баш по готвењето и ништо не испадна, не дека е нешто тешко да се направи. Спојлер Оваа година на баба ми и го заборавив. И честитав после 2-3 дена. Никогаш нема да си простам. Претажна бев. Најозбилно. Преланскиот на бившиот дечко имав наместено аларм, ама бевме искочени, гужви, и не сум го слушнала. Леле кога погледнав на саат 00:15 Жива ќе се изедев бе. Многу се потресов. 100 пати се извинив. Срце ја. А овој последниов негов му направив такво изненадување... Бев кај него и 5 мин пред 12 излегов од соба демек до вц ќе сум идела. не дека не знаеше ама ај. хехе. Се враќам со изненадување точно до секунда во соба. Пресреќен беше. Аууууууууу роденденска инспирација. Доста беше. Иначе многу сакам поклони и се тоа. Ептен глупо ми паѓа ако не ми се свиѓа (а не ми се свиѓаат поклоните 90% случаи, мн тешко да ми погоди некој нешто) , ама си глумам таква цела демек среќна . На крај краева не се слави ради поклоните, битна е дружбата. А искрено и ја нешто не се замарам многу со одбирање подароци. Мн пати ми се има случено нешто мене што ми дале ја на друг да дадам, или нешто по дома што ми се наоѓа да однесам, ретко да искочам низ град да шетам да разгледувам да мислам , мозгам, али ко што кажав и претходно има исклучоци за чии што поклон и те како се замарам.
Кога доаѓа јули мене ме фаќа сафра, некое нервозно чувство и негативна енергија. Утре ми е роденден и ретко која година не врнело или не ми се десило нешто лошо. Родендени на други сакам, честитам во 00:00 и се нервирам ако некој пред мене честитал. За подароци секогаш освен купеното правам честитка, пишувам нешто итн. Моите родендени најчесто дома ги славам. Обавезно до лани ми доаѓаа на ручек поголем дел од фамилијата. Се собираме околу 15тина луѓе на трпеза. Тој дел и ми е омилен, семеен човек Потоа доаѓа друштво, за жал повеќето ми се на одмор тој период, а најкриво ми е што една од најдобрите другарки речиси секоја година и се погодува тогаш одморот. Речиси сите си одат до 00 и останувам со моите, кафе и резимирање на денот. Оваа година сакав да ги носам на базен, па кај мене на торта и вечерта на пијачка некаде, но поради сплет на околности идејава нема да се реализира. Базенот ми беше огромна желба Вечер сакав да го дочекам со една личност со која знам дека најверојатно никогаш повеќе нема да се видам и најверојатно ќе ми се исполни желбата. За утре повторно ручек и вечерта собиранка. Се надевам наредната година ќе ми се исполни базенот.
До пред некоја година славев голем роденден, големо друштво, славење до сабајле ма еве 4 години наназад го славам со најблиските, во некој ресторант или дома обавезно имам торта, нешто за пиење и музика, што се тие што ги сакам до мене друго не е важно..
Кога се работи за други луѓе, посебно многу блиски, абе свадба! Ептен славам за раѓањето на дотичната. И многу памтам родендени и скоро секогаш прва честитам и тоа со оригинална порака. Кога се работи за мојот, го мразам. Мразам да си го славам мојот, уште немам расчистено од кои причини.. Најверојатно е од тоа дека мразам да сум центар на внимание. Па макар и на мојот роденден.
Прано многу едвај чекав да ми дојде роденденот , но сега како се повеќе растам не не го сакам.Тоа ми е еден доказ дека полека си стареам
Епа хелоу иако роденденот ми е во октомври (ке полнам 16), ке дое побрзо од што мислам иам многу другари и другарки и тоа е проблемче пошто незнам каде да го славам а да не ми отиде многу буџет па феминки ве молам за идеа или совет
Скоро со никој од мојте другарки се немам само со 1 и таа не е баш затоа што дознав што ми прават зад грб подобро да бидам сама отколку да бидам со нив а знам дека ми прават лице.Еве роденденот ми се ближи и јас немам другарки како ќе ми биде тешко само јас си знам само со дечко ми ќе треба да бидам...
Се радувам многу за туѓите родендени, за родендените на најблиските, сакам да правам посебни подароци, изненадувања, а за мојот...сликава кажува се
Роденден Девојки на 11ти октомври ми е роденден и се прашував каде би можела да го славам, проблемот е што сакам во кафич, немам голем буџет а имам многу деца за поканување, ве молам помогнете ми ако знаете некој кафич ефтино каде би можела да поминам или некоја друга идеа доколку имате ви благодарам <3
Сеа во сабота ми е роденден , и бидејќи неам поим каде да го славам :/ сакав да Ви се обратам на Вас. не сум нешо нај нај со финансиската состојба .. од дома би ми дале 1 500 денари. :/ и каде би било поубаво да идеме? да идеме во парк? да купам грицки.. или во некоја слааткара. како на пр. Малага.. се двоумам помеѓу две работи.. -дали во сабота да го прославам со моите две нај. другарки и мојот брат.. -дали да го викнам мојот муватор ии неговиот другар.. (другарот за моја нај. другарка, одамна се свиѓаат, па ете сакам повеќе време да поминат заедно) (вие што би одбрале , иако мислам дека поромантично би ми било со муваторот,и другарот негов и другарка ми) што мислите ? како е поубаво..
*Роденден* За слаткара мислам дека си голема, незнам денес во слаткара слават само дечиња Идејата со паркот и не ми е баш најдобра Јас би играла на тоа да си ги викнеш другарките, брат ти (секако), и мувачот и неговиот другар, ем повеќе луѓе, ем ќе ги "споиш" другарка ти и тој другар му на мувачот твој
*Роденден* па штом сте малце луге можете и кај тебе дома да купиш за пиење и јадење за тие пари па после тоа можете да отидете негде.Исто така можеш да ги однесеш во кафич некој на пијачка со тоа што ке им објасниш дека имаш ограничен буџет од 1500ден да имаат во предвид да не се опуштаат многу,после тоа можете во диско да отидете.(барем јас така праам секоја година за мојот роденден првин на пијачка па во диско до сабајле) Во парк некако не ти препорачувам затоа што навечер е веке свежо па да не ви студи па да гледаат сите што побрзи да си отидат.Исто и слаткарата ти е интересна идеја. Ако ептен ти се праи мерак и сте во комуникација викни го муваторот зошто па да не. Срекен роденден (однапред) и се надевам ке си поминеш најубаво.
*Роденден* мене кје ми биде срам од брат ми :/ он е поголем од мене.. и глупо ке ми е да ме глеа соо дечко а морам да го викнам -.- инаку планирав да речеме у петок со брат ми и другарките. а у сабота со другарка ми и мувачот и другар му.. и тоа шо викаш они се возрасни глупо ми е у слаткара да ги однесам.. но каде? исто така да напоменам дека..мама ми рече дома да не ги викам ..
*Роденден* Зошто да не дома, јас најчесто така правам дома ќе ги соберам најблиските и готово. Инаку нема од што да се срамиш од брат ти, мислам не ми мала да имаш мувач, дечко. Ако толку тие што ќе каже брат ти пред да донесеш одлука разговарај со него, види тој што ќе ти каже. Брат ми е помал од мене 6 години, на роденденов годинава ја донесе и девојката негова. Не гледам причина зошто да не ти дозволи. Разговарај и со мајка ти, објасни и дека нема друго место каде би можела да славиш, можеби ќе ти дозволи. Како и да е однапред Среќен Роденден и се надевам дека се ќе се среди
*Роденден* хм.. шо знам :/ некако нема да ми биде опуштено. . не е тоа тоа за да го славам дома. бидејќи моите кје бидат дома.. ја ако донесам дечко дома.. мама и тато кје помислат дека сериозно е со него.. :/ -сепак фала Ви
Неколку години не правам забави само вака најблиските. Сето тоа за мене стана само пусто трошење пари. Вака најблиските и најважните луѓе и најубаво ќе си поминеш! И оваа година пак така ќе направам
го славев дома,имав покането околу 50 другари и другарки,и само за јадење дадив 4000 денари наредната година ке изнајмам простор и до 12 ќе го чекам