ОК, ајде и јас да се обратам..еве вака..на 5ти ми е роденден...се мислам дали е добра идејата да ги повикам поблиските пријателчиња и дечкото на пијачка, и пица..нормално и парче торта во кафич... незнам дали е добра идејата или не..па ве молам за помпш и совет..инаку 21 година правам..и не сум некој тип кој сака славења дрн, дрн...сакам да се назначи тоа но ете на некој поскромен начин....зборам за мојот роденден..а за блиските е тогаш сакам да го направам онака баш за паметење...ете таков тип сум
Леле, ми ја погодивте темата, ооо. ОБОЖАВАМ родендени, дали е мој, дали на некој близок, секоја година без исклучок го славам, и многу луѓе викам.А другиве почнаа сите да избегаваат родендени, демек големи биле за славење, јеа рајт. Па кога ќе почнаат да честитаат сите, ѕвони телефон, на фејсбук секоја секунда објавуваат абе ќејфови, колку ми е мерак не знаете тоа. Сега ми е роденден за некој ден, оваа година мислам јако журче да направам, само не ја знам локацијата точно за сега. Леле одвај чекам.
Јас па многу мразам славење родендени...за мојот роденден им викам дома доста ми е само една торта да добијам,сама да си ја изедам и најсреќна ќе бидам
си го славам дома. моите си излеваат одат кај сакаат а јас сама дома си средувам и вечерта иде друштвото и лудуваме
Кога ми е роденден го осеќам денот некако подруго како да се врти се околу мене хехе. Се шалам. Убаво се чувствувам. И башка тоа и не се родив самичка со бате се родивме заедно близначка сум Кога бев помала славев секоја година роденден по дома, потоа кога пораснав малку со другарки во диско, кафич. Е сега е друго, сега во домашна атмосфера со мм ќе си го славам мојот роденден што се наближува на 25 јануари
Со другарки ден пред тоа или по тоа на кафе муабет. А дента обавезно со дечко ми одиме некаде - евентуално во домашна атмосфера го прославуваме.
Во принцип, јас не сакам родендени! Поточно мои не сакам - никогаш не сум ги ни сакала, на тој ден се осеќам премногу напнато, премногу форсирано.. Што знам. Напорно ми е ептен. Се осеќам како целиот универзум да ме притиска и редовно ми текнува само на лошите работи што ми се исподесилe годината што изминала, па знам и да си удрам 2,3 тури плачење. Па така на 3-ти февруари секоја година јас сум стандард потечена во лицето, црвена како чили пиперче и без волја за било што.. Ми се чини да си легнам и да си го преспијам денот. Далеку од светот, далеку од сите, и што подалеку од напразно речени зборови - без нивно мислење.. Грррррр Јас кога честитам нешто на некого - го мислам тоа. Честитам со срце, било да е роденден или шта год. А не вака, од сите страни фрчи Среќен роденден а колку од нив го мислат навистина тоа... На вакви работи се ежам до максимум. Инаку, порано родендени славев од што морав. Нормално, никој не ме присилувал па со сила да ме тера да го славам, него како сите така и јас. Ако кажеше дека не славиш роденден одма беше прогласуван за чудак, лузер на годината, ненормален.. Ууу, какви епитети, а.. Последниве неколку години не го славам, него оние најблиските другарки ги викам на торта кај мене и тоа е тоа. Исто како и секое останато дружење ни поминува времето. Мило ми е што го нема оној притисок како кога сум со повеќе луѓе.. Годинава ми се паѓа во недела, мноооогу ми е мило што не е работен ден! Cheers to that!
Јас многу си го сакам роденденот. За мене роденденот е славење на животот, а нема нешто поголемо од животот Овабезно го прославувам со друштво, кај мене дома. Некогаш седенки, некогаш журки, зависи од расположение. И на работа имаме собиранка со торта. Оваа година на роденденот бевме на одмор, и некако се чувствувам како да не ми бил роденден, затоа што не ми беше „соодветно“ прославен. Не затоа што бевме сами, иако чудно ми е кога сме сами за некој повод, туку практично ни беше прв ден од одморот, претходниот ден цел ден по пат. А кога си во викендица првиот ден баш и не е некој одмор, мислам кога прв доаѓаш во викендицата на почеток на сезона. До сега, само еднаш се чувствував како роденденот да е една година плус, како годините да ми натежнале, а тоа беше кога полнев 25. Ниту еден друг пат. Сакам да честитам, и сакам да ми честитаат. За мене тоа е израз на почит.
И јас сакам родендени . Убаво се чувствувам кога е мој/нечиј роденден и сакам да им честитам на луѓето и според мене тоа е еден мал знак на внимание. Не сакам фешти и церемонии за прослава на роденден, туку славење со најблиските - со тие што ги сакам и што знам дека ме сакаат, ми мислат добро и навистина се радуваат за мене и со мене на мојот ден. И на прсти да се бројат (а богами кај мене и се бројат), барем да знам дека се искрени и дека се’ е од срце, а не ради реда. Многу си го сакам датумот/денот на кој што сум родена . Како дете, многу си се радував на роденденот, тоа беше еден посебен ден за мене и тој ден јас бев „главна“ и секако најсреќна. Паметам, со нетрпение чекав да ми дојде роденденот, да дувам свеќи, да ми дојдат гости, да ми донесат подароци , да славиме и да се радуваме заедно. Секој роденден го славев дома, па ми доаѓаа другарите од училиште, роднините. Секогаш бев среќна и весела што сите што ги сакам се покрај мене. Потоа почнавме да славиме по слаткарници, па по кафичи. Сега повеќе се радувам на роденденот на сестра ми и на другите, отколку на мојот - некако почна да ми е како обичен ден. Последниве родендени, покрај тоа што сум среќна, сум и тажна и се тогаш се’ ми се насобира, и спомени и чувства и луѓе што не се тука и тие што се и секогаш си заплакувам за да ми олесни. Не славам како порано, торта има секогаш, па си прославуваме дома со моите и доаѓаат некои роднини на торта. Истата вечер или потоа, се собираме со сестра ми и дечковците и ги частам нешто. Инаку, многу сакам да ги изненадувам луѓево за нивните родендени, да им подарам/приредам нешто интересно и оригинално, а искрено и јас потајно посакувам некој да се сети и мене да ме изненади .
ах мојте родендени некој ги славев во кафич или дискотека но последниов и не ми беше до некоја забава па затоа мојте пријатели и роднини дома кај мене си ги викнав и имавме мала прослава
пфф овој 14-тиот ни го славев ни ништо со една другарка само излеговме да гледаме фудбал ии не дека ке гледаме туку ке ми го местеше еден шо веке 100 пати му имам репнато корпа -.- веке незнам не ми е интересно да славам роденден или па нова година.. тоа се само обични денови..
Мене ми е скоро роденден, и сакам да го славам (иако уште незнам ништо што како..) лани го славев, исто и годината пред тоа..со друштво секогаш.. Имам другарка што роденденот и е ептен до мојот, и планиравме заедно да го славиме... има ли некој искуство со славење заеднички со некој, да сподели, позитивни страни, негативни.. пошто родендените ни се блиску, а скоро истите луѓе ќе ги викаме, па да не биде ајдее кај едната, па ајде кај другата..вака сите ќе ги собереме заедно и ќе славиме.. што мислите...идеи, совети ??
Даа јас имам неколку такви искуства и многу е забавно особено моментот кога и двете дувате свеќичи Како негативна страна може да го дадам само терминот оти нема да биде баш на твојот роденден туку ден два порано или подоцна инаку е многу позабавно сметката си ја делите на пола така што можеби и поефтино ти излегува од материјална страна гледано.Јас пред десетина дена по трет пат славев роденден до другарка и единствена глупост што ми се случи е што таа каснеше пола саат, а јас бев на време отидена во локалот имаше и само нејзини гости повикано(не ни беа заеднички -6 души),а баш тие ко за беља дојдоа навреме и беше малку смешна ситуација но сепак многу убаво си поминав и многу се забавувавме
Значи препорачуваш славење со другарка а? Дека јас секогаш сама сум славела Ќе треба сите по два поклона да купуваат Супер...а во однос на облекување, слично се облековте или различно? Јас дури и локал имам најдено, нејќеме дома, кој ќе пази стварите, па садови чаши, миење собирање чистење на крај, храна спремање....најдов едно место на изнајмување и супер е..нит многу големо ни мало...го пишав бројот, па ќе се јавам деновиве да прашам..а тоа што нема да е баш на мојот ден, нема везе..нема да биде ни на нејзиниот..туку во средина негде..нема везе тоа..
Си го сакам роденденот и ми се паѓа во летото додека сме на распуст. Пред 2-3 години роденден славев со повеќе другарки во дискотеки,простории со околу 50-100 души...Не се знаше кој е поканет а кој не.Тоа го мразам и ме нервира. Сега роденденот си го славам наједноставно со неколку личности што мислам дека навистина ме почитуваат и слават за тоа што сум се родила и навистина ме сакаат.Со 5-6 другарки си поминувам најубаво и незаборавно
Па да и јас во локал славам ние лани дури само маса си закажавме за 20тина души без да го изнајмуваме локалот го наполнивме дека беше мало местото никој друг не влезе цела вечер а за облеката се прашуваме која што планира да не испадне една во фармерки а друга во свечено фустанче инаку не сме нешто униформирани така на слободен избор пример годинава таа носеше фустанче а јас суќна
Обожавам да планирам забави. Особено забавата за мојот роденден. Секогаш го славев роденденот, само еден досега немам славено пред 2 год. Па бидејќи ми е во лето и бидејќи оваа година ќе полнам 18 години, планирам да го прославам во еден луксузен хотел, нешто како коктел забава и со шведска маса, покрај базен. А јас облечена во преубав фустан, а под него купаќи. Колку гламурозно. Ќе биде преубаво, одвај чекам.
Бидејќи само еден ден сме разлика со другарка ми, решивме заедно да го славиме роденденот. Е сега проблемот е тоа што незнаеме каде да го славиме. Планираме да биде некој кафич со оглед на тоа дека полниме 16 год. но, незнаеме како се движат цените за изнајмување на просторот Е сега сакам ваше мислење каде точно да го славиме, и да не знае некој колку отприлика се движат цените за изнајмување на кафич