Дефинитивно Шварцвалд од Милина- абе стварно милина е сладоледот луѓе Ем преубав ем ефтин 1200мл за 100 ден. Кој може да го најде обавезно нека го проба оти го нема секаде: Нема да зажалите
Похован сладолед Ми имаат кажано дека постои вакво нешто и би сакала да пробам,па ако некој знае како се прави или има идеа нека пише Знам дека похован сладолед има во ресторанот Ореов Лад но не сум имала прилика да одам таму па.... :? Мислењето е изменато од модератор. Пишувајте кирилица, и друг пат користете големи букви и бои само кога сакате да потенцирате нешто!
Обожавам сладолед и многу ретко го правам дома секогаш си купувам од слаткарница.Омилени ми се вкусовите од страчатела.капучино,ванила,јагода,од бисквити,чоколадо,лимон,праска.
Обожавам сладолед и тоа најмногу од чоколадо......ммммммммм, најубав ми е. Најчесто купувам, но знам да направам и дома понекогаш и да си ставам и чоколадно преливче одозгора. Абе прекрасен е....
Многу сакам сладолед, на лето обавезно си правам. Ќе изнакупам повеќе вкусови да имам за секој ден различен Некогаш и правам микс, ставам овошје, стопена чоколада ммм ми се здојаде сега ама нема
а знае некој да ми каже домашен рецепт за сладолед иначе јас сум луда по готвење и секогаш сакам да пробам нови и нови рецепти тоа ме прави срекна
во еден сад мешате 3 јајца и 4 лажици шекер го изработувате убаво...во друг сад 2 шојли ( за млеко) млеко и 150 гр шлак пена ( од било кој вкус сакаш) и тоа го изработуваш тие две смеси ги спојуваш и ставаш во сад и во флижидер...
Обожавам сладолед, ама не приготвуваме дома, идеш си купиш и ајт.. Го обожавам магнум - бадем, а и сакам сладолед од чоколадо и страчатела.
Рецепти немам за споделување , ама и јас го јадам цела година, буквално сум зависна од него. Најмногу сакам сладолед од ванила, и омилен ми е од МекДоналдс. Најголема казна ми е кога одам во мекдоналдс со децата, и не смеам да си купам ако нив ги боли грло. Еднаш пробав да ги смувам со крофна како замена, ама како ме гледаа додека го јадев, морав да се откажам и на крај памет не ми падна друг пат да си купам ако не можам да им купам нив Од слаткарниците најмногу ми се допаѓа во Палма, иако порано мислам дека беше повкусен, во последно време некако го расипаа. Сакам и страчатела, а и од тие чоколадните, ама со додатоци - на пример тартуфо, нутела, сникерс (од црниот) и слично За малку ќе го заборавев сладоледот кај Џино. Можеби и повеќе ми се допаѓа од колку тој од Палма, ама има помалку вкусови, тоа му е маана. Многу го сакам и сникерс, ама тој што е во кутија, а и марс. И магнум дабл карамел... и не знам уште кој се не. Го сакам и во ладно нескафе, а мнооогу го сакам на вафли! И не сакам овошен сладолед.
Oфицијално одручеква ја отворив сезоната за сладолед . Покрај мене и другарките си купиа и сега сите ги боли грлото . Па не ги терав јас да го јадат брзо Инаку домашен рецепт за сладолед немам и не ми притребало оти не обожавам од чоколадо Повеќе сум по обошните сладоледи од фриком
обожавам сладолед.го сакам толку многу па јадам дури и во зима .најмногу сакам марс,најубав ми е а може да помине и било каков друг ама чоколаден да е
Како успеав да ја пропуштам темава , стварно не ми е јасно. Јас сум еден од најголемите сладоледо-јадачи во моето маало. Не, сериозно, редовен посетител на Палма, башка пред нос ми е, не иде да ја одминам, грев е. Секој ден си каснувам една-две-три топкички. Дефинитивно најубав сладолед имаат, иако еве да кажам, изјавувам јавен протест што цело време ја накачуваат цената на сладоледот и практично поефтино му доаѓа да си купиш кило сладолед, отколку 4 топки во палма. Тие сладоделите на стапче, мапче, кутивче и не знам што ги прејадов како мала. Магнум си е магнум. И чоколадо си е чоколадо. Исто и сите верзии на чоколадо, страчатела и лешник. Во мојата порција мора да има кафеава топка сладолед, без тоа нема добра порција. Овошните од секогаш ми биле интересни за гледање, а не и за јадење. Се имам веќе изјаснето за садоледот од јагода- бугарски суви смоки, идентични. За сладоледов се распишав како да дискутирам за којзнае што. Ама стваарно многу сакам сладолед, можам и да живеам на него, поготово летоска, кога дневно јадам по кило.
Ааааааа, ја летоска дневно не поминувам без 3 сладоледи . Каков било јадам, чоколаден, од карамела, од ванила, овошен СЕКАКОВ! Не е битно дали е Бест, Магнум, Марс или Лолипоп,Хит, јас сладолед не одбивам! Уште од пред една недела си ја почнав сезоната. Сега еден на 2-3 дена, после 1 на ден, па ќе почнат и по 2-3.
Ахх обожавам...најмогу ги сакам милка на стапче и сникерс сладоледод од корнет несакам многу.....најубави ми се од чоколадо и карамела....а и несквик сладоледот многу го сакам....
Леле денес одејќи накај работа поминав покрај фрижидер со сладолед и да не речам ама лиги ми потекоа Не практикувам да јадам сладолед пред мај месец , знаат крајниците да ме заебат, ама после дефинитивно ќе си земам еден од 1 кг страчатела , ммммм па полека со лажиче дома
прекрасен е сладоледот, послне него лешник, боровница обавезно во секоја порција, лимон или вишна и чоколадо не сакам ванила! иначе многу е убав сладоледот од фрижидер на ул македонија веднаш до гирадиго што е,прекрасно нешто и што е најважно големи се топките!!!
Порано јадев многу повеќе,а сега и да седнам да јадам тоа ќе биде Палма затоа што им е најубав сладоледот и само од таму можам бесконечно да гнетам.А овие што се на стапче некако не практикувам да ги јадам.