Јас лето без сладолед не можам да замислам, буквално живеам на него, од сега од овој период па се до Октомври. Обожавам сладолед во корнет, омилен ми е Родео чоколада-ванила мешан и Киткет, а ги сакам и тие од слаткарница, ама строго во голем корнет и со чоколаден прелив Баш прееска си купив семејно пакување од чоколадо со парчиња чоколадо внатре, иако ќе го јадам сама, ама да си имам на залиха И јас како Старфиш не се дружам со овошни сладоледи, не ми ги сака душава - единствено вишна, ама во комбинација со чоколадо и ванила, инаку јагода, киви, капина, малина- тие не можам да ги смислам. Затоа сакам чоколадо, лешник, бисквит, страчатела, капучино, карамел, а бе се што е темно Еј, сега ми текна- сакам сладолед и од смоква
Изгледа само јас овде воопшто не обожавам сладолед. Летоска го јадам ради реда,пошто сите јадат,па ајде и јас.Инаку воопшто не го сакам,формално го јадам.Дали 10 сладоледи цело лето ќе пробам и тоа ми е многу.Не велам дека не се убави,најубав е чоколадниот ама ете,му го немам меракот. Мајка ми ми кажува случки од ко сум била мала.Ме носела на плоштад да ме прошета и еден чичко продавал сладоледи.Ми вика сите деца плачат за сладолед,а јас тебе со сила те терам да ти купам,ти плачиш на цел глас и викаш дека не сакаш.Чудно дете сум јас
СЛАДОЛЕД! Посладок лед нема на светов! И нема ни да има. Лето па и зима без сладолед е нешто како, шопска без сирење (едино ако нема ренде па да прогледам низ прсти) Во секое време, и НА секое време. Дали врне дали има сонце или паѓа снег, јас морам да имам дома сладолед. А сепак во лето чуството е оргазмично. Ми текнува кога бев дете, ги обожавав Снешко, потоа оној најобичниот сладолед со вкус на ванила во топче, Капри, Тигри, Ногер џог и секако ненадминливиот сладолед од автомат ф’стак&јагода Денес обожавам да јадам Магнум (со вкус на ванила, наједноставната комбинација) и од Алгида има еден кој е комбинација на ванила и шумско овошје, многу освежителен. Во суштина бирам некоја идеална симбиоза на благо и кисело, чоколадо и боровница, ванила и лимон, страчатела и малина. А најдобриот сладолед во Скопје - Џино. И за ова можам и да се испотепам со некој Малага не е тоа што беше, плус брзо се топи и ме нервира, а јас полека го лижам. Малага го уби хедонистот во мене кој сака секое задоволство да го искуси полека. Овака се нервирам, брзо се топи, па не знам што попрво дали да го лижам или да го грицкам корнетот или да пазам да не ми капне некаде Џино затоа ми прави оргазам на сетилото за вкус Освен ова најдобар сладолед кој сум го јадела во животот е овој или со вкус на чоколадо. Ах гревови! За ова ќе ме пратат во пеколот
Сладолед ?!? - да , секако ! Ванила , ванила..и уште ванила. Овошните сладоледи ми се убави..шарени за очите, егозтични се да..ама грди ми се за јадење , освен шумско овошје некогаш , ради реда. А ванила..ќе се удавам во ванила Чат-пат може и лешник. But too much calories..
Не јадам сладолед... скоро воопшто... А многу ми се допаѓа ете таа ,,еуфорија,, околу сладоледот, па леле ајде лето, да седнеме на сладолед, па вашиве постови од кои ми течат и мене лиги, од што ви е на вас убаво, па тоа разгалување сетила за мирис, вкус и криво ми е што не учествувам, ама ете , ми несака душата Го јадам само лоли поп , оној од лимон, и некоја малина или што и да е во средина, и можам да изедам 2-3 такви, како мразулци ...
Сладолед обожавам, го јадам секогаш. Обожавам чоколдо, и кога купувам сладолед мора да има топка од чоколадо. Сакам и ванила, лешник, и други вкусови кои содржат чоколадо. Го сакам сладоледот на топки во Палма и обожавам Магнум со чоколадо и бадеми. На лето ги јадам и оние мразулците, ме разладуваат, некогаш и по 5 на ден знам да изедеам . Ма каков и да е, сладолед да е.
Кога ќе помислам на сладолед помислувам на Палма во Рамстор. Најубав ми е таму... Инаку сакам од бадем, лешник, ореви, кекс, нутелаааа... Повеќе сум по млечен отколку овошен сладолед. Па уште ако ми стават одозгора прелив и мелени кикиритки или лешничиња, мх мх мх... Оние што се купуваат во продавници во корнети или стапчиња не ги сакам ич. Понекогаш и сама си подготвувам дома, па ќе му ставам внатре јаготки, оревчиња, рендано чоколадо или што било... Сега сакам сладолед!
Му се извинувам на богот на сладоледот но заборавив да кажам, дека еден од најубавите ми е сладоледот во Мекдоналдс, оној најобичниот од автомат, со вкус на ванила и со прелив од јагоди, карамел или чоколадо. Е така. А ме потсетивте дека морам да си кажам дека мразам лешници, ореви, кикирики и што и да е крцкаво во сладоледот. Сакам да лижам не да чистам заби Плус сум алергична за жал на кикирики и бадеми, па и лешници ако не се убаво испржени така да и заради тоа не поднесувам ниту чоколадо ниту пак сладолед со вакви тракатанци. Абе ванила е - ВАНИЛА
Го ОБОЖАВАМ ,неговотовисочество сладоледот највеќе го сакам оној во АЊА на кеј ,a од оние на стапче јамммиииииии...
Ќе да го губам интересот кон мојот режим за здрава исхрана, па се овие теми, а ги забележам итам со сета сила сеедно ќе ви ги изедам фоткиве.. а фини некои сликички ми редите прекрасни да не речам. За темава , сакам сладолед, макар што понекогаш се случува цело лето да изедам најмногу до 2, како на пример минатото лето . И јас не знам зашто . Секакви ги сакам, ама нај нај оние со ехтра чоколадо вклучено, ма цело милка нека му буцнат всушност, најчесто и чоколадни избирам, накинџурени секогаш со некои лешници и слични јаткасти убавини уф.. доста е нема да барам слика да лепам, денеска си го изедов бедниот ручек, ќе се чувам за уште победната вечера ах, ах, ах ќе ме убиете со сликивеееее... ајде уште малку ќе се поѕверам во нив и ќе ве напуштам, вас прекрасни фотки, убави такви згодни, привлечни, дотерани сладоледи
Сладолед кој мн често го јадам и ми е еден од најомилените е сладолед од малага со карамела,страчатела и бисквит,и одозгора чоколаден прелив мммм...нели звучи слатко
сакам сладолед го обожавам најмногу од чоколада и страчатела тие ми се најомилени ама не одбивам и други
Незнам дали почнале малага со сладоледите,ама би требало,оти таму ми се најубави-чоколадо и карамела-мој најомилен сладолед Инаку дома никогаш не шлакам сладолед,секогаш купувам готови кутии...и да,обожавам сладолед
Пред 2 дена за првпат оваа година лижев сладолед овошен беше со прелив од чоколадо а најповеќе ги сакам чоколадните
ААААхххх кој не сака сладолед... почнав да јадам уште пред еден месец Омилен ми е мачо од чоколадо на стапче што е, и топган од лешник... а иначе не одбивам никаков сладолед. И знам многу често да си купувам за правење од кесички мислам на Ц се најубави со млеко, па им додавам уште триста глупости мх мх мх
Обожавам сладолед,иако сеуште оваа година немам пробано ама ќе биде оваа недела а најомилен ми е од чоколадо ммммммм