Лелеее, сладолед! Најубавото нешто на свет!!! Денот не ми минува без барем едно залченце сладолед, едноставно морам да лизнам малце за да ги смирам нервите.Обожавам чоколаден сладолед,абе секаков сладолед сакам
јадев јадев сладолед ова лето некако слабо ми оди ако ептен начекам во фрижидер да знаете дека сум себична и ќе го решам сама а сама да одам да купам нема шанси
Редовно си јадам и во лето и во зима, во зима малку поретко но јадам повремено. Фаворит ми се оние млечните вкусови страчатела, ванила, јогурт ... по можност со додаток шумско овошје. Ова лето фаворити ми се на Алома големите од по 1кило што се, тој што е со шумско овошје и плазма, мх мх мх мераци... За 2-3 дена ја празнам цела кутија, нема ништо А од оние запакуваните најчесто Бест или Кинг, пак некој млечен, со ванили, страчатели и сл. не сум некој обожавател на чоколадото, сакам чоколадо но само како глазура а не чоколадото како вкус на сладолед. И да додадам дека оние овошните од по 10-20 денари ми се одлични за жешки денови, поготво ако начекам некој од лимон, како освежува...
Два дена по ред одолевам на едно од најголемите искушенија - одам во Меконалдс и не си купувам сладолед со прелив од карамела. А бе карактер! А само што ќе помислам на топлата, течна и лизгава карамела, истурена врз најубавиот сладолед од ванила... Мирна!
Обожавам сладолед и се давам во него. Било каков, млечен, овошен ги мешам, го јадам цело канче и уживам. Исто сакам кога ми го декорираат со кршен чоколадиран корнет, чоколадни стапчиња, и прелив. Па дури и кафето во лето го пијам со топка сладолед од ванила или лешник-ајс кафе.
Мојата најголема и непреболена љубов....неговото величество: СЛАДОЛЕЕД! Го обожавам,го јадам и лето и зима и пролет и есен! Мразам само од ванила и карамела,страчатела ретко јадам (ако нема друг). Сите други растур ги правам,ама баш сите! Не сакам од оние во кесички за правење,преферирам да си купам фамилјарен и цел сама да си го јадам два три дена ( не сум себична,мајка ми не е љубител на сладолед,а татко ми сака на стапче ), абре уживанција. Мајка ми се чуди колку сум опседната со сладолед,кога со некој ќе почнам зборам за сладолед устата не ми се затвора,како да сум родена во Сладоледија Обожавам чоколаден сладолед,ама во жештиниве преферирам овошни вкусови.Сакам и капучино,бисквита,сникерс,тирамису..абе секакви.Само од банана не љубам,другите можам да ги јадам без престан - јагода,малина,боровинка,шумско овошје,цреша,киви,јаболко,портокал,лубеница...абре све! Од фамилјарните речиси сите ги сакам.Го обожавам оној од цермат,метрополи - Шварцвалд , - Variagato од смоква,и од вишна . Од фриком фамилјарни - ,незаменливиот Quatro Oд милина фамилјарните омилени: и Шварцвалдот. Од сладоледите на стапче ќе издвојам по неколку: Руменко ,Мачо , , - Лео,Пралинато- ,кловнот- и мноогу други. Корнети не обожавам многу,ама се случува да купам.Најомилени ми се милка и родео,и секако обожавам сладолед на топче во Канела и Гете . Леле колку се изнапишав! Ќе помислите дека сум луда,ама стварно сум...по сладолед.Ајт тргнав јас да си ја наполнам чашата со сладолед.. :смајлиштоуживалижејќисладолед:
Обожавам сладолет би можела само него да го јадам но за разлика од многу други не сакам чоколаден туку ванила.Го сакам мирисот и вкусот и се останато поврзано со ванилата.И не ја одбирам ванилата само кај сладоледот туку и кај се останато
Јадам (каков било), мама го приготвува, таа е мајсторот. Последното беше со вишни, и многу ми се допадна, веднаш го снема.
Мммм, сладолед Многу сакам , особено од чоколадо и јагода. Немам пробано некој како од киви,малини, капинки, сега од што не ќе направат. Си ги сакам овие специфичниве. ФЕМИНКИ, и така е топло времево, почестете се сите. Наздравје
Ретко јадам сладолед. Не сум некој голем љубител. Може да помине и цело лето, а јас само еднаш да пробам. Инаку обично дома купуваме од цермат овие фамилијарните кутии или пак од лидл си купуваме од овие малите корнетчиња.
Голем обожавател на сладолед сум од секогаш. Порано повеќе ми се допаѓаа млечните додека сега подеднакво ги сакам и млечните и овошните, ма само сладолед да е. Па ко ќе помислам така фина порција полна со топки сладолед, па целата прилиена со шлаг, чоколаден прелив и некој овошен сируп и мелени ореви најодозгора. Мхмх мераци. Ај забришете се, на здравје!
Јас не знам дали сум јадела поубав сладолед од овој Го има во некои хотели низ Европа а верувам и светот. Така да за оние кои допрвин се спремаат да одат на одмор, доколку сте сместени во некој поубав хотел - обавезително барајте го сладоледов. Ни Хемингвеј не би имал капацитет на зборови да опише какво е чуството да се јаде сладоледов. Не е премногу водест, ниту премногу калоричен и кремаст за да не можете да го изедете. Јас имав со парчиња црно, швајцарско чоколадо, кое е таман во количина за да не ви пречи, се топи нежно на јазикот и остава впечатлив вкус кој трае. Наредниот ден да ми простите да ждригнете, ќе мирисате на чоколадо (копирајт ЛГ) А ова панакотава е сон! Може да се спореди со чуството да паѓате на илјадници меки јоргани и перници со мирис на малина и ванила. Ма сладоледов добива Оскар од мене и крај!
Премногу сакам сладолет и јадам постојано само што сега сум на диета и не можам да каснам ах ми се плачи