Оооо Пирамидо, како го опиша, го намирисав бре Немој вака друг пат И добро што ги испочитува авторските права Сакам ваков сладолед.
Дома никогаш не правиме затоа што мене ми се одвратни, а ги мрзи да праат хаха така да стално си купуваме во кутии а јас највеќе сакам на корнет ауууууу уживам во него Најмногу ги јадам Nesquik, Milka.... i taka nataka
Домашен сладолед никогаш повеќе! Ќе земам ќе си купам Чашавко јагоден ;d иако во последно време не јадам сладоледи.
Домашниот ми е океј но ништо посебно не е. Повеќе сакам овошни од млечни.Например тој од јагода,лубеница ... ммм. Мразам сладолед од ванила.БЉААААК А ако веќе купувам млечен мора да биде чоколаден и да има нешто "криспи" на него ... дали лешници,ореви,кикиритки,било што.А да.. и парчиња чоколадо во него.. мф мф мф. Еве да ве почестам малце со Мачо :geek: чоколатце внатре,лешници надвор.. мераци + сникерс сладолет,афффф или пак марс,но сепкак повеќе сум за сникерс. внатре карамела и кикиритки ..
Сум пробала различни рецепти за домашен сладолед, но никогаш не сум била задоволна. Се откажав од правење, а најверојатно финтата е во тоа што додека мрзне треба да се меша во соодветен апарат за таа намена. По продавнициве има изобилство од видови за сите вкусови.
Повеќе сакам сладолед во корнет, поубави се вкусовите. Од тие на стапче Best и Milka би ги издвоила како поубави и овошните сладоледи што се пола вода пола боја. Знам и дома некогаш да направам, ама не е тоа тоа. Еве каква личност сте според вашиот омилен вкус
Пупи.грл Делта веќе не постои . Инаку обожавам сладоледи и купени и дома направени, њаммм. Обожавам чоколада а и со ванила е добар. Денес се убив од јадење, мајка ми кога ќе види аш сладолед е мојто ќе е .
На работа служиме сладоледи на топче од Фриком и баш се убави Милката, страчателата и лешникот навистина се мммм
Обожавам сладолед од чоколада, каков и да е само да е со чоколада... Овошни сладоледи мразам, премногу ми се водени а знам да приготвам и дома, најчесто од ќесичка и со додаток се разбира - чоколада...
Сладолед од ванила дома сматен и кога ќе се измати во него се тура слатко од јагоди и чоколада на парчиња и мелени бисквити...ммммм немам пробано од ова може година-две...ај после диетата
Во недела 2-3 пати матам по 6 ќесички, комбинација од ванила, чоколада/лешник и страчатела, по 2 ќесички од секој. Најчесто земам на Dr Oekter, најубави ми се или на Подравка, исто така се многу вкусни. Надвор ретко јадам сладолед, најубав ми е Top Gun на Делта.
Едвај чекам да ја отворам сезоната на сладолед Од купечките дефинитивно омилен ми е Марс, во форма на чоколатце, внатре со карамела и ванила. Во слаткара или кафич најчесто порачувам страчатела, чоколада и задолжително едно топче овошен. И дома често правам сладолед. Правам различни вкусови и ги редам еден врз друг. Често експериментирам со вкусовите, па така си додавам рендано чоколадо, кршени бисквити, сецкани лешници и слично. Последен експеримент ми беше сладоледот од капучино - преубаво испадна
Ммм обожавам сладолед.. Јас дури и во зима си јадам..Сите ме праат будала за тоа но мене ми е убаво и во зима.. Најмногу сакам од јагода, ми има киселкав вкус и го обожавам.. Сакам и ванила.. Комбинација од ванила и јагода ми е комбинација смрти.. Можам цел ден да јадам и да се натапам ко буре
СЛАДОЛЕД омилен десерт во било кое годишно време , кај мене дома има секогаш сладолед , не подготвувам дома , си купувам кутии со сладолед , омилен ми е од чоколадо , кокос , и страчатела еве и некоја слика да ве настрвам
Најчесто ги правам дома ,мојот маж ги обожава моите рецепти за сладолед ,а некогаш купувам кутии. сега купив трио сладолед на цермат од 1500мл,супер е