1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сладолед

Дискусија во 'Рецепти' започната од Viiiiip, 18 април 2010.

  1. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Па ми се чини нема човек кој не сака сладолед. Омилен сладолед ми е сникерс мммммм убавини е тој,би можела секој ден да јадам колку што можам, ама исто обожавам и од чоколадо,ванила,абе секаков сладолед обожавам, не прибирам многу многу околу него. :)
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сладолед обожавам од чоколадо,ванила,лешник...и не само во лето јас и во зима јадам сладолед,ама со граница за пак да не се здебелам.Порано јадев многу,а сега 1 сладолед во 7-8 дена :( ми се јаде многу,ама мора во се да се има граница.... :)
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    10.188
    Најубав сладолед на топче во Скопје ми е без конкуренција од Ескимо. Па и тоа од горе што го ставаат чоколадното мх мх. Одамна не сум го испоштувала. Исто понекогаш јадам и од Џино.

    Кога сакам нешто поблаго го јадам тој од милка на стапче, мачо или сникерс. За освежување ми се твистер од алгида, сите 3 вкуса ми се погодени. Исто и лолипоп, ама се искурназија 20 денари ми го направиле :devil:

    Од големите кутии најчесто ги бирам тие со шумско овошје и ванила. Тој се јаде исклучиво со лажица директно од кутија, пред компјутер :D Некогаш знам да додадам домашно направен сос од вишни или шумско овошје, за уште поинтензивен благо-кислелкаст вкус или да додадам овошни мусли од виталија па да крцка ^_^
     
  4. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    141
    Обожавам сладолед!! Најомилен на стапче ми е:

    а ако нема од тој тогаш го бирам

    Важно да е или Магнум или нешто дупло(по возможност двете) :lol: :lol:
    За во кутија најомилен ми е Quatro без размислување

    Од сладоледите во корнет ги преферирам Родео :inlove:

    и Top Gun

    Домашните сладоледи кај мене или ги прави мајка ми или јас ги правам тие што се од ќесички :D
    Најчесто го правиме чоколадниот или тој од јагода. Let`s just say кај мене дома ванилата не е една од најбараните :lol: ;)
     

    Прикачени фајлови:

  5. B.Waldorf

    B.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    33
    ах сладолееееееееееееееееед :inlove:
    јадам постојано, нема период дома да нема сладолед. обожавам со вкус на карамела.ммммм. најубав сладолед што сум пробала во Дубровник, во една слаткара знам тие спонзори што беа и ни викаат ајде сега што сакате земете си, се е платено. и јас и другарките :o :o :D е тоа било сладолед, го чуствуваш вкусот, леле мераци :D на крајот последното топче од јаболка неможев да го дојадам.
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Сладолед од свежи јагоди

    300гр свежи јагоди
    250-300гр шеќер во зависност колку се благи јагодите
    2 шлаг пени
    1 канче к.млеко

    Јагодите се ставаат во блендер со шеќерот и се блендираат додека не се добие кашаста смеса. На страна се матат шлаговите според упатство на кесичката. Во кашата од јагодите се става к.млеко се мапроматува со лажица и се става шлагот. Се убаво се измати и се стави да замрзне.
    Преубав е!
     
  7. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Обожавам сладолед од: Чоколадо, Ванила, Банана, Јагода :inlove:
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Палма си е палма. :)
    Поготово кога ти е пред нос и нема ден да не поминеш покрај неа. А како да поминеш без да земеш барем едно топче? :wasntme:
    За мене дефинитивно најубавиот сладолед, а нема вкус што не сум го пробала. Имаат околу 40-тина вкусови, а секое лето има мање-више нови.
    Убаво е што може и за дома на кило да си купиш, ама не е баш исплатливо, бидејќи го рачнуваат по топка.

    Од купечките омилени ми се на Nestle, Aloma.
    Е не можев да најдам слика, ама тој од нугат е нешто феноменално.

    [​IMG]


    А да, има и еден од Кам, во огромно пакување, германски, од ванила и бурбон.
    Многу е вкусен, посебно со прелив чоколаден. :)
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    еве еден рецпт од мене си го правев вчера многу е вкусно и освежувачки :D :D :D


    Потребни состојки:
    киви
    стопено чоколадо (240 мл)
    кокосово масло (120 мл)
    дрвени стапчиња

    Начин на подготовка: Излупете ги кивите, исецкајте ги на парчиња со дебелина од по 3 сантиметри, ставете им стапче и замрзнете ги.Измешајте ги чоколадото и кокосовото масло во еден сад додека се многу топли и оставете ги да се оладат до собна температура.Извадете ги кивите од замрзнувач и потопете ги во чоколадната смеса. Таа веднаш ќе стане „крцкава“ облога врз кивите. Послужете ги веднаш или вратете ги во замрзнувачот за да не се стопи чоколадниот дел…
    :D :D
     
  10. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Шумско, ванила, банана.. омилени <3
     
  11. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    ај еден рецепт за брз и ефтин сладолед
     
  12. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Најубави ми се ванила , чоколадо, , киндер , шумско, јагода...
     
  13. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Мене најомилен ми е од боровница :).
    Не сум сретнала низ маркетиве кисичка за домашно правење сладолед од боровница, за жал. Во Палма јадев доста често од овој, и кога го пробав таму, почна многу да ми се свиѓа.

    [​IMG]

    Исто и Нутелата не е лош.
    [​IMG]

    Што се однесува до оние од продавница, одамна немам јадено и не се ни сеќавам веќе кои постојат, најверојатно има излезени и некои нови уште подобри. Порано ми се допаѓаа корнетките, било какви, дали од чоколадо, ванила, јагода, сеедно.. Само да е корнетка. Исто и Магнумот има оргазмичен вкус.
    [​IMG]
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Споделете некое рецептче за домашен сладолед бе, што сте такви пааа :angel:
    Јас ќе правам еден денес, ако ми успее ќе го пишам, а од прост попрост е :lol:
     
  15. stefiy

    stefiy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    71
    15 гр. ливчиња од чај нане
    200 гр. шеќер за дијабетичари
    500 гр. вода
    1 белка
    Водата, шеќерот и чајот да постојат 20 минути во еден соодветен сад. Потоа се процедува течност и во неа се додава 1 изматена белка па се замрзнува.
    Одличен сладолед за овие горештини нелии ???
     
  16. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Чоколадо и страчатела ми се омилени...
    Иначе ги обожавам сладоледите на Нестле...
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      21,6 KB
      Прегледи:
      383
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Јас ќе споделам рецепт за сладолед-торта
    400 грама шлаг пена
    Едно чоколадо за готвење
    Две кесички желеатин
    300 до 500 грама бисквити
    Ореви,лешници мелени или овошје по желба около 300 грама
    Едно литро млеко
    Млекото да е ладно се става во пдолабок сад во кој што се мешаат шлагот.желатинот и се миксираат се додека не се добие густа смеса. Смесата се дели на три дела/во едниот дел се ренда чоколадото,во другиот се ставаат претходно издробените бисквити и во третиот се става по желба мелените ореви,лешници или овошјето,а може и да не се става ништо.Во длабок сад-калап се става ред од смесата со чоколадо,ред со бисквити и третата смеса.Сето ова се става во фрижидер за да се смрзне и се јади :D .На здравие нека ви е ;)
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Без сладолед не можам ни летно ни зимно време .... :D
     
  19. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    страчатела :inlove:
     
  20. sweetyy1

    sweetyy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    66
    Највеќе обожавам сладолет од страчатела, чоколадо, ванила, шумско, киви, банана и др :D