Вчера ми се пријаде нешто освежително, и решив да експериментирам.. Зедов 4-5 чинии ( мали, од оние што се за сладолед ) и во нив насецкав јагоди.. Потоа во друг сад изматив шлаг пена и ја додадов во јагодите.. После тоа над нив растопив чоколадо и убаво ги промешав.. Ги оставив во фрижидер 2-3 часа, и потоа следи едно вистинско освежување .. Исто како сладолед од јагоди, ванила и чоколадо .. Пробајте, многу е вкусно
Ако слатка павлака (или шлаг) изматите со кисело млеко и додадете малку вода со вкус на анасон ќе добиете сладолед со вкус на струмичка Мастика. Незнам уште како да се направи плавата боја...
Мене поубав купечкиот. Не знам многу рецепти, но едно знам. Сладоледот во една слаткарница во нашиот град е најубав !
Да не знае некој каде може да купам стапчиња за сладолед,сакам за децки роденден да им направам сладолед на децата ама ми требаат стапчиња.
Обожаваам!! Во Италија на екскурзија си дадов 7 евра ама преубав беше посебно ги сакам вкусовите како Неро, Куела и некои други овошни
Замрзни банана (на кругови), малини, праска (сецкана), јагоди, диња, лубеница. Следниот ден извади ги и остави ги 5-10 мин. да се пуштат малце, па пикај во блендер секое посебно. Ќе добиеш прекрасен овошен сладолед. Сега видов дека бараш рецепт за чоколаден сладолед. Ако ти се пријаде некогаш овошен сладолед, сега имаш рецепт во џамбо има стапчиња за сладолед.
Незнам дали е за тука ова прашање ама незнаев каде на друго место да прашам Каде да најдам вакви калапчиња за сладолед во Скопје ?
Летото освен жештината со себе ми носи и инспирација за експериментирање со сладоледот Вообичаено правам различни вкусови и ги редам слој по слој, па си сечам на коцки. Спојлер Сликава е од лани, ја постирав на форумов Најчесто купувам ванила и чоколада, а потоа ставам додатоци и правам различни вкусови. Ванилата ми е основа за вкусот капучино - ставам млеко во ѓезве (онолку колку што е мерката млеко за сладоледот), пред да зоврие го ставам во шолја со неколку лажички капучино, а откако ќе се олади го матам сладоледот заедно со свареното капучино. Толчам лешници и нив најчесто ги комбинирам со сладоледот од чоколадо. Рендам 100 грама чоколадо, го додавам на веќе изматениот сладолед од ванила и правам страчатела. Кршам бисквити (не ги мелам, туку ги кршам ) и ги додавам на сладоледот од ванила. Нов рецепт за оваа година - Raffaello сладолед! Матам една кесичка сладолед од ванила, додавам 100-150 грама кокос и една рака сецкани бадеми. Перверзии Еден ден слаткара ќе си отворам
Сладолед? хмммм..обожавам,па во овој летен период? Ооо не можам без сладолед.Па сакам повеќе од чоколадниот сладолед,нешто така ми текнува си земам од Романса оној од Цермат.... Дека од малечка обожавам чоколадо па со сладоледот-секогаш кога ќе купувам ќесичка,на стапче или од корнет-обавезно мора да е чоколадо!
Ова е еден рецепт обичен во кој може да додадете ваш омилен вкус и да добиете сладолед со тој вкус. 5 јајца се матат со 7 лажици големи шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер. Во друг сад 3 шлаг пени се матат со млеко. Се спојуваат двете смеси/филови и тоа е основата. Доколу сакате чоколаден сладолед, земате од филот определена количина, ја префрлате во посебен сад и додавате млечно растопено чоколадо, парченцс чоколадо и мешате. Ако сакате сладолед со банана земате во сад од филот и додавате парченца банана. Ако сакате сладолед со кикирики/бадем/лешник( само да се печени и несолени), земате од филот во посебен сад и дробено го додавате и промешувате. Се става секој вкус во засебна кутија.
Заборавив да напоменам дека јас бадемите ги лупам. Не дека нема да биде вкусно со нелупени бадеми, ама сладоледот од ванила е бел, кокосот исто, па ајде и бадемите. Башка така мене ми се поубави, некако вкусот е мек