1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сладолед

Дискусија во 'Канта' започната од Trendafilka, 2 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ништо ново, меѓутоа колку од вас девојки сте зависни од овој десерт?
    Јас сум целозно обземена кога доаѓа време за сладолед.
    Веројатно една од ретките кои го јадат во текот на целата година.
    Во состојба сум да јадам сладолед дури и кога паѓа снег надвор. :D

    Се смета дека потекнува од стара Кина, иако тогаш бил само студен десерт, помалку или повеќе благ, направен од овошни сокови чувани во снег во подземни простории. Рецептот го презеле Персијците, Индијците и Арапите, а овие го пренесле на Сицилија, каде рецептот е усовршен.
    На времето сладоледот бил резервиран само за богатите, а денес веќе не се смета за луксуз.


    Дали повеќе преферирате домашен сладолед или си купувате готов?
    Каде сладоледот ви е најубав?
    Кои ви се омилени сладоледи?

    После долго фалење , морав да го пробам сладоледот во Ескимо, и не бев нешто посебно воодушевена.
    Си гласам за Малага, иако нели неминовно секоја година се провлекува по некој отруен :lol: , ама решавам да ризикувам.
    Ми се допаѓа сладоледот во Палма.

    Обожавам сладолед од ванила со прелив од вишни, страчатела, амарето, орев, карамела.
    A овие слатко задоволства се веројатно измислени ... да не мачат.
    [​IMG]

    Посебно сакам кога во чаша боза од Апче, нормално ;) си ставам топка сладолед и лагано чекам да почне да се топи, за да уживам.
    Вкусот е ... божествен.
    :inlove:

    Споделете некој добар рецепт за домашен сладолед, доколку го имате. :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    :(
    се извинувам од радост не сум ја забележала.
    клуч
    и нема да се повтори
    никогаш.
    :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.