Има измеѓу филовите, гријаж, крцкасто нешто и и дава ептен шмек. Најмалата им е 18 парчиња, најголема сум земала со 30. Ама бидејќи земам до сега округли не ми е некако релевантно.
Ја порачав тортава за роденден на ќерка ми и стварно е фантастична. Е сега зашто беше со форма со фигури дрн дрн беше поскапа, а мм заборавил да праша обична колку е. Да не знеш колку им е таа од 18 парчиња?
Каде во Скопје прават мафини за Halloween, парче до 50 денари? Оти навистина претеруваат со цените за еден мафин.
Грчката и само Грчката. После Делиција на Мариели тортите се покажаа многу по убави особено чоколадната.
Убава ли е овошната на Делиција? До сега само од Кувертира имам нарачувано овошна, супер им е, посебно делот со јагодите ама последниот пат многу шлаг нашлакале и преблага беше целата.
Денес јадев бабл торта од Кремисимо. Нешто најубаво што сум пробала до сега. Дефинитивно следна нарачка ќе ми биде од таму. Имаат гледам трио чоколадо со бејлис, карамела, чизкејк, плазма со портокал , јас јадев чоко малина и топ беше