Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаткарници

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од lolitaa, 4 февруари 2011.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.649
    Допаѓања:
    6.508
    За декорирање стварно не знам да ти кажам, тие ние што ги јадевме беа со чоколаден прелив и некои ружички и форми од чоколадо одозгора само.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    400
    Ве молам, дали сте пробале вкус на торта од Канела прима Москва или Киндер?

    Се мислам за прв роденден за синко, неможам да се одлучам
     
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Мислам дека претеруваш, згадување, срам од гости, плачки, хорор... Декарацијата си е добра, со измени какви што си барала ти и не е ниту грда, ниту гадна на изглед... Нормално е да има минимална разлика меѓу слика и во живо, ништо страшно.
     
    На BlackNight, naturally, Glowy и 19 други им се допаѓа ова.
  4. MissJD

    MissJD Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    И што ќе кажеш за кучето? ок е? озбилна си?
    ај да ти кажам дека ми се јавија и извинија. И нив не им се допаѓало кучето како е направено и девојчето можело подобро. Ама чим викаш ти дека е добра... ок... добра е. да си порачаш ваква изветоперена за роденден на детето.
    4500 денари платив за 38-40 парчиња за нешто што не личи на девојче и на куче.... Алооооо....
    кажав, вкусот е ок, ама фигурите.... и тоа ти личи на балон што држи? :o
    не не... немам коментар.
    Еве, од мене имаш извини што не се сложуваме. И нема потреба да ме тешиш дека е ок, кога сериозно не е.
    Да не се лажеме, ФИГУРИТЕ СЕ УЖАСНИ!!! - значи сами си признаа. ама прв роденден на ќерка ми помина со ужасов од торта :(

    Викаш претерувам... да, а? Пошо дете мое има 3 први родендени и 5 крштевки. стварно претерувам, сега сконтав.
    Абе стави се за момент во моја кожа. 1 месец бирав торта и се одлучив за оваа затоа што првата година ја поминавме во парк и на водно а не по молови. Ама мора па тебе да ти се објасннувам.
    Прочитај го претходниот мој одговор. Се јавија од Канела и ми се извинија, сами признаа дека кучето не личи на ништо, а девојчето можело подобро.
    пак ќе пишам... ВКУСОТ.... ТОП! Изглед ТАПА :(
    ама ти си во право, ок....
    А кога истотот ќе се случи на твое дете, е тогаш ќе разговараме, до тогаш те молам кажи ми дека претерувам, за мои 4500 денари. Не твои. МОИ!!!
    Фино лепо ги прашав 2 недели претходно, можете или не можете. Можеме. Колку? 4500 ден. ОК, повелете. фала и еве ви ужас декорација, пошо уметникот не му било ден. А мене ми беше ден да фрлам 4500 денари. Буквално фрлени.
    Само за инфо во Cake Boutique истата кошта 3300 денари.

    Де те молам кажи ми како претерувам. И еве слободно дај ми ти 4500 денари и кажи ми дека " Декарацијата си е добра, со измени какви што си барала ти и не е ниту грда, ниту гадна на изглед... Нормално е да има минимална разлика меѓу слика и во живо, ништо страшно."
     
    Последна измена од модератор: 27 јули 2023
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.027
    Пол:
    Женски
    Ти се извиниле од култура и за да не ги давиш.
    Инаку, извини ама тортата изгледа убаво.
    Претеруваш.
     
    На BlackNight, Glowy, La-loca и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Тортата е убава и слатка. Не знам што измислуваш. Боите се дури поубави од оргиналната торта. Аман со вашите драми за се да биде перфектно за вашите деца па имате очекувања кои самите не знаете да ги објасните.

    Ама стварно, тортата е прекрасна, сигурна сум дека ниедна особа од гостите не помислиле ништо лошо. За помалце од 4500 денари можеби веќе ќе била за гадење.

    Да не кажа како си славела роденден ќе помислев ти си славната од летниковецот.
     
    На BlackNight, naturally, Glowy и 20 други им се допаѓа ова.
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    И мене она ми падна на памет од прва. :rofl:
     
    На naturally, Waverly Raven, sweet-cherry и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Оригиналната слика со нивната торта според мене врска нема искрено. Тортата како торта е добро направена ама кога ќе ја споредиш со оригиналната слика е прилично лошичка :D
    Ама сепак мислам дека претеруваш. Нема за што да се срамиш од гостите ниту пак да викаш оти роденденот се уништил. И самата кажа дека била вкусна, а тоа е побитно.
    Сигурно утре девојчето кога ќе ги гледа сликите нема да вика леле каква грда торта си ми порачала за првиот роденден.
    И мене за крштевката Моцарт ми испорачаа искривена торта платена 7500 денари ама не дозволив тој момент да ми ја уништи забавата. Секако дека се изнервирав ама после дознав дека гостите мислеле дека намерно таква ја имам нарачано :D на сликите кога ја гледаш си мислиш дека во секој момент ќе падне.
    Им пишав, ја префрлија вината на ресторантот и ниту извини не рекоа туку само ме оставија на seen, а додека нарачував по телефон со газдарицата станавме бфф :inlove: додека да ми ги земе парите. :devil:
     
    На IRBBB и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  9. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    10.525
    Пол:
    Женски
    Смири страсти. :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Nausicaa, MissJD, Konfetka и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.835
    Допаѓања:
    13.426
    Тортата не е лоша, да кажам аматерски направена, но далеку од прекрасна. Мое мислење сепак.
    Инаку и мене ме зафркнаа од слаткарницата Ве микс за роденден на детето, а платив 4. 000 денари. Колку што сакате зборувајте, во тој момент ќе се изнервирате ако не е погодено.
     
    На IRBBB и MissJD им се допаѓа ова.
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.815
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Види искрено, им ги разгледав другите торти на слаткарницата и таа од членката е една од подобрите... верувам дека членката видела нивни креации и требала да знае што да очекува. Мене ми е супер тортата, но ако сакала членката мазни мат површини до степен како кај оргиналот, немаат никаде на инстаграм толку професионална торта.

    Реален проблем е крива торта, таа на сликата е супер според мене и тоа е тоа.
     
    На Glowy, Celltica, Angie1432 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    За оваа ли си дала 4,000 и кусур денари, ц ц ц те зафркнале, види ја на ништо не личи, ниту чупето е како шо треба подзинато и извретено цело, балонот како истушен, кучето замислено со нозете предни само шо не испаднало, за формата на тортата да не спомнувам ич поубо, наместо кружна оваа цела деформисана со ќошој :tmi:

    Само пеперутките ми се бендисаја.

    Да ти ги вратат парите да им речиш :!:
     
    На Ladybug98, Konfetka и manako1 им се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.487
    Пол:
    Женски
    Ми се случи. За првиот роденден на постариот син. Тортата утната и на вкус и декорација. Се изнервирав, да, ама драми не правев. И погоди што? Помина, и слики имам, да ме потсеќаат за што не треба да драмам во животот, оти реално, има многу, многу поголеми проблеми.
    И дај Боже ова да ти е најголем проблем во животот. Оти ако за ова драмиш вака, за друго што останува....
     
    На BlackNight, Glowy, Konfetka и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Женче, тортата е сосема солидна
    Само затоа што не е тоа што си го замислила, не значи дека тортата е ужасна на изглед.

    Грда не е, па да имаш трауми.
    Гостите не знаеле каква си ја замислила па да мислат дека е згрешено..

    Се е само во твоето главче..
    Уживај таму, замисли па да ја плеснеле на под носејќи ја тортата... Немаше никаква да имаш:D


    Гритингс :D
    funny-cake-fails-expectations-reality-7-58db647fc462e__605.jpg
     
    На mal.ecka, Glowy, Konfetka и 8 други им се допаѓа ова.
  15. MissJD

    MissJD Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Хаххахаха... Враќање пари на куково лето што се вели или кога врбата ќе роди грозје.
    Е
    Ok e.. пиши ми кога ќе ти се деси ова
    До тогаш...сајонара
     
  16. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Ми се десило повеќе пати, што мислиш ти? Дека пред 15тина години имаше вакви перфектни модли за фондан па кучињата мачките и какви уште не фигури излегуваа како цртани да се во фотошоп?:D

    Ако ова ти е животен стрес и нервоза, чекај на посериозните работи во животот. Операции, болести, болни блиски, отпуштање од работа, останување со 200 денари во паричник а уште ни 25ти не дошол.. И ред други стресови.
     
    На BlackNight, Glowy, Konfetka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. MissJD

    MissJD Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Супер шо си драмиш и психолошки ме изанализира во група Слаткарници. И целата е тоа да си кажеме што како со нив. Ама да се драми вака ....немам коментар.
    И да... Немам проблеми пиши живеам во мк. Изгледа ти драмиш за глупости, а тешко е да си ја видиш драмата.
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не знам кај ви се очите ама ова прекрасно? Или инат и водите на членката или нешто не ви е денот.
    Оригиналната е многу слатка ама ова како учениче од пластелин да го правело.

    Не треба да се прогледува низ прсти.
    Значи она ги прашала можете? Рекле да. Не се малце пари, особено во денешно време.
    Јас кога прашувам за торти, се случувало некои да ми кажат одма дека некој дел не можат да го направат ист или сличен и тоа е многу фер. На мене е дали ќе прифатам или не.

    И го скршиле меракот. Многу од нас не би реагирале на ист начин ама и вое лажете со пва дека е убава тортата.
     
    На marta993, mal.ecka, doll.a и 5 други им се допаѓа ова.
  19. MissJD

    MissJD Активен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2022
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Па проблемот е да признаат дека е лоша, пошо првиот пат кажале дека е добра.
    Слаткарницата призна дека им е утната. Они не. Не разбирам... Како тоа е добра? Што?
    Уште цела психоанализа ми направија....
    Групава е слаткарници и нормално е да се пише за нив, вкус декорација, не знам веќе што...
    Целата вест ја истераа на тоа дека имам проблем и драмам.
    Па ја сериозно, не знам во оваа држава човек што нема проблем, ама па во група Слаткарници не планирам да пишам за моите операции, болести итн...
    И да порачам една факинг торта .... И таа да не ја погодат. И уште да ме убедуваат дека е одлична декорацијата. Запрепастена сум. Од вакви молчење за ситници сме до ова дереџе во државата. Де па ти торта.... Де па ти улицата, де па ти плукнал на улица, де па ти не собрал гомце од пес, поминал на црвено и да не набројувам ред ситници... Па животот е ситници госпоѓи.
    Извини @Emotional123 што некако изгледа ко тебе да ти се истурам. Ама...
    Фала за разбирање.
    И да тоа им кажав на слаткарницата. Внука ми е 7 години, подобри пластелин фигури прави од уметникот вајар :(
    Професионализам... Умре, го закопаат. :(
    Жалосно што само се научи да се спинува
    Секое добро
     
    На Aнонимус_ и Emotional123 им се допаѓа ова.
  20. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.027
    Пол:
    Женски
    Арни ни се очите, ништо не ѝ фали на тортава.
    И во живо ни една варијанта од тортава не им изгледа лошо.
     
    На Dust, Srckata28 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.