Значи тортата нема никаква точка со таа лево. Грда е и не вреди за тие скоро 5000 што ги фрлила. И не е Карен жената ако не е задоволна со изгледот, не знам како може да се тешите дека изгледа убаво, буквално личи на детски цртеж, Канела не смее вака да си дозволи, ветуваат едно а прават друго. Јас ако направам нешто со кое клиентот е толку незадоволен и тужен, давам рефундација своеволно. Ем пари до плафон ем минимум труд за торта. Значи не е едноставно играње со пластелин ова, треба да изгледа предобро во сооднос на парите. Не сте реални.
Јас на роденден сум јадела торта што од надвор беше украсена со триста тракатанци ама на вкус беше никаква, плус 90% од парчето беше фондан и шеќер да ти се приповрати од благо. Требаше да им драмам на домаќините или? Ама битно изгледала убаво за на фејсбук за rodenden na srcenceto na mama. И за друго благо сум иста. Обично Милка чоколадо ми е трипати поубаво него некои курнаски светликави бонбоњери што имаат вкус на смачкана смрдливка (пардон, марципан) или ментол. И кога носам благо некаде бирам нешто што знам дека е исто така вкусно Па и леле леле клетви, жена на жена волк била, да не доживееш како мене, не знаеш како е, драми чиниш ти умрело најмилото или збориме за семејно насилство, силување да извините вака а не утната (што не е ни утната) торта. Можам да замислам да ви утнат нарачка во ресторан, во воздух ќе ги дигнете сите. Патем да, ми се случило, место увијач, да ми донесат ражнич (изгледа така ме слушнал) со многу мала разлика во цената, плус ист тип на месо беше. Си поќутев и си го изедов. Али јебига и полоши ствари сум доживеала од тоа во животот, можда затоа.
Не сте реални вие да очекувате да е идентична со сликата. Прво, секако човекот шо работи на неа не е ист. Па и ист човек колку идентично може да ја направи. Второ и може и побитно е што не е ист материјалот што се користи, како и времето потребно за изработка. Тортата од лево сигурно не чини 4000 денари. Е сега проблемот е што Канела не рекле дека секако не може да е апсолутно идентична, плус промените што се нарачани. Ама ваљда мислеле тоа се подразбира според општа логика. Во секој случај торатата воопшто не е толку лоша ко што ја направивте овде. Мислам повеќе членките реагираат на реакцијата за тортата, ужас била, сакала да ја фрли, и се плачело. ОООК...мислам е overreaction. Треба да се имаат реални очекувања, колку пари - толку музика.
Идеш на роденден, да ја гледаш тортата, дали е таква каква ја нарачале? И сериозно мислиш дека ќе ти се докажувам? Што не е во ред со вас луѓе?
Јбг Некој со проблем со торта, некој со фрустрации па лечи на оној што има проблем со тортата. Декорацијата, да сум поточна И така... Те срече си, полна со фрустрации и злоба Јбг Очигледно овде не треба да покажеш емоции, и да се пожалиш, туку онака... Да вирееш... Да ќутиш на оние каде што ќутат онаму каде што не треба да ќутат. Поздрав женишта и оние женчињата што се силни на тастатура, ама во лице... Мирни
Севкупно тортата не изгледа лошо, слатка е. Не може да е иста како оригиналот и плус со филтери ги измазнуваат дополнително за инстаграм ама дефинитивно можеле естетски подобро да ги направат фигурите, на свој начин. Девојчето и не е толку лошо ама кучето изгледа ептен аматерски. Сепак не се работи за мала сума.
Да не ви покажам како прават трикови во рекламите за храна со боја за кондури, пена за бричење, лепак, пур пена, детергент за да изгледа идеално. Инаку кога сме кај измами, пред некој ден во страната за онлајн измами, имаше жена постирано дека хотелот каде се сместила во Грција бил ужасен и немало ништо од понуденото, а уплатила преку агенција. Па напуштила хотелот одма и се сместила на друго место, а од агенцијата се правеле наудрени. Е тоа е вредно за враќање пари па и тужби, ако ме прашувате мене
Јас се согласувам за се што пиша, не знам до кога ќе се толерира ова едно покажуваат друго прават и за торта над 50евра па некој две недели работи за тие пари, башка си прашала дали можат или им дошло само за пари у џеб и ајд ќе помине ко и се друго, не знам дали сте слепи ама да не се праиме при очи такви, фигурите се далеку од саглам направени кучето ко да ќе падне ми делува искрено, не е сеа тортата грда, убава е за убава ама нормално е човек да се изнервира кога не испаднало како што се очекува а од страна е секогаш најлесно да се збори кога нема да ти се задеси тебе лично, ми иде сите овие што едно ветуваат а друго прават да ги објавувам на нет секој ден и да им пропадне бизнисот па да видиме тогаш дали ќе биде важи важи само плати, безобразно многу, јас те разбирам бидејќи и јас на некој начин сакам се да ми е совршено, посебно за мој пари.
Де бре, шо ви е, во тема за Слаткарници си пиша жената лично мислење за торта што ја порачала. Као, во ред е да кажеш "мене океј ми е декорацијата", ама што ја исмевате дека драми? Што сте се фокусирале на нејзините чувства? Како и да е, ете ви фотки како слаткарницата изработува торти, ако ви се допаѓа порачувајте, ако не ви се допаѓа не порачувајте. У секоја тема банални расправи...
Да океј само едно е чисто да дадеш забелешка дека не си задоволен во една две реченици, друго е да пишуваш реферати дека си згрозен, си изел срамови пред гости, па глупости од типот жена на жена волк, па да не доживееш. Мислам...се гледа по пишувањето дека женава е од оние што очекуваат све да им е погодено во животот до максимум, иначе мислат дека најлошото го доживеале, не дека е до тортата
Ваљда пошто жената се изнапиша секакви работи како ГАДНА ми беше тортата, морав сликите да ги бришам и други слични работи што дефинитивно се overreacting за торта за роденден. Да не зборувам па за односот после на секој што најкултурно и пиша мислење дека тортата е убава и нема потреба од грижа, па почна да драми на вашите деца ваква торта да направат за 4500. Притоа тортата иако не е по нејзините очекувања, може не е ни убава за некој, дефинитивно не е совршена, изгледа сосема пристојно и не е никаква причина за пропаднат да е роденденот до тој степен како што опиша членката. Да пишеше разочарана сум од декорациите, не ми се допаѓаа, очекував и нагласив баш идентични, никој немаше да реплицира најверојатно, ама дека бришела слики ради тортата.... очигледно тортата била битна за инстаграм и за покажување пред луѓе, па секако дека ќе има реакции
Зошто е друго? Нејзино мислење, што му мења некому како таа ја доживува тортата за која она дала свои пари? И да очекува сè да и' е погодено, нека, има право на тоа. Пиша жена на жена волк откако многу и' ја коментираа реакцијата и ја анализираа ко човек, како тоа да е потребно.
Се претера малце со ова. Јас скоро секогаш порачувам од Канела прима и плавата и ми кажувале нешто кога не можело исто да биде до сега. Тортава не е толку лоша, ама некогаш ти треба ситница за да пукнеш од нешто што ти се собирало предходно па дури и за торта.
Факт е дека многу клиенти имаат преголеми очекувања, сакаат copy paste резултати и не конкретно само за торти туку во секоја услужна дејност. Ама затоа треба консултации што може што не може, секако дека нема да е ист резултатот како од слика, ама може на свој начин естетски да се направи. Реакцијата на членката е претерана ама и не е мала сума да лупнеш 100 евра за торти а да не испаднат како што треба само затоа што на работникот не му бил денот.
Прво го исчитав мислењето. Така се исплашив што откако ја отворив сликата очекував да видам нешто навистина грдо, а реално не беше така. И среќа што имаше слика, инаку сликата што си ја имав во глава дека се работи за нешто толку одвратно што довело до бришење на слики ќе ми останеше. Сумата воопшто не е мала, за тоа нема што да се лажеме. Ама декорацијата не изгледа толку лошо. @MissJD си имала премногу големи очекувања. Ретко кој може да дуплира нешто и да го направи идентично. Тоа мислам дека е common sense. Ако ништо друго, декорацијата изгледа како да е од оние постарите цртани филмови, кучето исто така Можеби не е според твоите очекувања ама навистина не изгледа онака како што мислиш дека изгледа. Нема зошто да доживуваш нервен слом, ова е само торта и на крај декорацијата и не е толку важна туку споменот од целата таа дружба и прослава
Не знам зошто те нападнаа, ова е форум и тортата не ти се допадна па дојде да си кажеш. Да, тортата не е прелоша ама е аматерска и далеку е оргиналната. Ти го разбирам револтот бидејќи јас сум огромен перфекционист и да, вакви работи ми предизвикуват стрес. Секако дека постојат многу постресни и поважни работи во животот ама на некој едноставно и ова му е битно. Не можам само да сфатам зошто некој нр може да си искаже сопствено мислење без да му дофрлаат со коментари: драмиш, претеруваш, беж мамичка...
Дали е тортата иста ко на сликата? Не. Дали е ружна? Не, убава е искрено. Се гледа почетник ја работел, али мене ми се свиѓа, на темата е, технички добила тоа шо побарала, само не copy paste. Тоа е нивна грешка, требале да и кажат, да си знае, ете цепидлака е, фрлила 100 евра за торта, лол, па шо да не и биде криво. Е сеа, и скокнаа сите, и со право поради филмањето, и акањето од земја ко да и направиле сосем 17та торта, за парастос, место за крштевка или шо и да е, али ај да цитирам : ,, Значи... Ми се згади и зажалив што воопшто ја знам слаткарата. За вкус беше вкусна, ама декорацијата...Шо ме кошташе избришани фотографии и срам од гостите Ми се рика ми се плаче Така да... Ако порачувате тортасо декорација, немојте од Канела прима, за да не ви се случи хорор,, Така да, друг пут фотошопирани слики од нет да не глеате, или па ако сте жена мајка краљица на био у инста, ќе си платите и фотошоп на тортата, да не се брукате по родини. Ајт.
Место корисни совети за торти, темава стана препукување. Да тортата не е во целост тоа што го барала членката. Аматерска е декорацијата, а цената е висока. Од слаткарницата не требало само да одговорат дека не му бил денот на уметникот, требало да се извинат професионално и да намалат на цена. А за драмењето, можеби и на членката не и бил денот кога го пишувала постот. Со здравје антиреклама на слаткарницата.
Што пари се тортите од Стела? Да знам што да очекувам пред да се јавам, онлајн немаат понуди. Кој вид е добра од таму?