Да ги пофалама Аромати, ми земаа 4400 за 60 парчиња, со 4 фигури големи, нутела малина , беше превкусна и на изглед преубава Бев скептик ама Канела ми побараа 6000ки , Делиција 6300 , ко за свадба. Сакав да прашам , дојде ред за првачето торта, ми рекоа уште сега да сум нарачала многу имале гужва дефинитивно ќе биде од Перфето , дали сте ја пробале карамелот?
Дали од Аромати имаш порачувано некои пообични торти без фигури, само декорација со шлаг, дали и тие им се добри и да не знаеш како им се цените отприлика за таков тип торта? Или некој друг ако има порачувано од тука?
Што можам да почастам за роденден 6,7 души а да не биде парче торта? Предлог некои колачиња/ или слично а да не е прескапо? Сегде кај што видоб едно мафинче 150 денари а ништо посебно немаат …
И да купиш помал ролат и да земеш колачи исто ќе ти се фати. Оди во било која слаткара во близина која ја имаш и ќе видиш што ти одговара најмногу.
Леле овие во Перфето бог да чува... им пишувам на фејсбук ми викаат пиши на вибер. Пишувам на вибер ми викаат јави се на телефон. Денес одам кај нив, десет до три беше, и им викам само да нарачам торта за роденден, таа ми вика јави се во понеделник на телефон сега сме при крај на работно време... Зарем немаа пет минути да ме ислушаат и да запишат? Се изнервирав излегов, отидов до Моцарт иако ми беа поскапи, барем испаднаа професионални, а целата нарачка не траеше ни две минути.