За нарачка вистина се тупаџии. Обавезно или е рано, имате време или се фул се. Со години ја тераат шемата. Секој роденден викам ќе ги откачам и пак им се враќам вкусовите ми се незаменливи. Инаку обично понеделник макс вторник праќаш слика на вибер, чекаш да ја видат, па ги бараш за цена...протоколов ...
Ми треба торта за дома 20тина парчиња. Делициа малина или Шарлота киндер. Малината од делициа ја имам пробано, лесна и вкусна. Од шарлота немам пробано. Од шарлота кружни се за 20 парчиња или ролати се?
И од двете слаткарници имам земано, од делиција се непотребно скапи, шарлота имаат понормална цена, 20 парчиња може кружна, земав за син ми за роденден ,презадоволна сум,вкус ројал имав, претходно дипломатик двата вкуса се супер, само за дипломатик се доплаќа плус 200 ден. Во делиција имаш 10 еклери 150 ден супер се, или грклани,принцес крофни,можеш на парче да си земеш,парче торта ти е 70 ден,зависи што сакас
Само од Канела. Шарлота ми е бљак. Имам познаничка која порано работеше таму. Многу прљаво работат. Од Ваташа порано имам земано, многу на маргарин вкус се осеќаше.
Здраво, дали може слика од тортата се двоумам меѓу моцарт и аромати а тортата ја видов во моцарт, али е поскапа..
Па како без кора, белка беше матено, жолт фил, кафен фил. Убава беше. И фонданот го изедов. Нема утка со Канела. Само изгледа навикнав на вкусот на Нутела Малина и најубава ми е. Не знам, белка е "кората" без брашно, фил имаше и жолт и кафен. Лесна торта, мене ми се допадна, е сеа нема лешници мислам и такви ствари, ама вкусна. Гледав на нивната страна не постои торта со такво име, а другарката вика 100% така било, Свилена торта.
Какво искуство имате со слаткарница Зафир, со достава и колку отприлика чини тоа? Сакам да нарачам мафини по желба и некои колачи, ама нема да биде некоја огромна бројка тоа. Околу 15-20.
Дечки, да не знаете колку чини овошна торта од Кувертира 18 парчиња? Нарачав и ми рекоа 540 денари, ама се ми се чини да не не ме слушнала добро девојката на телефон, да не мислела дека сум и рекла 12, ова 540 многу ефтино ми се виде.
Мене ми се океј, искрено за тие пари и повеќе од добри. Овошната неколку пати ја имам порачувано, единствено не ми се допаѓа што ставаат многу шлаг и е премноогу благ, и негде на средина на тортата има доста парчиња ананас и како прелив/џем од јагода и парченца од јагода и иако многу им удираат на благо, вкусни се. Минатата година нарачав овошна од Делициа, 18 парчиња беа 780 денари, и искрено тортата па не беше доволно блага, внатре немаше ич овошје, ко да штеделе, не беше лоша, ама пак би ја одбрала оваа од Кувертира. Царската исто ја имам јадено неколку пати, исто и таа е убава, иако секој пат различно ја прават, како им текне, не знам зашто... Иначе, за тоа што пишав, препрашав уште еднаш и 540 биле 18 парчиња, ми потврдија.