@theowndemon оваа тема е посоодветна, па ќе прашам овде. Баш торта, какви се тортите на вкус, како домашни или? И како се со цени? Одамна во Битола не можам да најдам убава торта, да не е со слаткарските кремови и тон маргарин.
Обично се одлични, има многу избор на вкусови. Овој пат сетив маргарин и малку ме разочара то ама и покрај то е доста добра. Ама ова е прв пат да е вака, а редовно земам од тука. Е сега вкусов (чоколадо+портокал) беше во новите вкусови и можи и то игра улога. Претходно имав земено Буено и беше феноменална. Тешко ми беше дека не е цела за мене. Визуелно ги прај исти како референците шо ги праќам. Исто секогаш има одличен баланс на пандишпан и шлаг. Еве слика од пресек од последната: За цени, ова е за 25-30 парчиња околу 2900 беше ама сакав да е висока зошто и визуелно ми е поуба и ми е полесна за сечење. Претходната со комплексна шара, 30 парчиња мислам дека беше и со околу 200 поефтина. Ама рачунај над 2.5к easily.
Дали некој знае каде во Скопје прават торти исклучиво со путер? Многу слаткарници немаат наведено точен состав... Делиција се океј, ама во последно време ми се преблаги. Симфонија еднаш ја купив и беше тажно блага. Дали сте порачувале од Ла Крем? Мариели чоколадните ми се океј, малку сува кората, а таа со фстак од едно парче ми се слоши, ужасно многу шеќерна. значи се ми е преблаго на мене
Во тој случај барај некоја овошна. Со јагода, портокал и тн. Овошната во Делиција им е топ, ама мислам дека е сезонска и ја има на лето. Лесна е за јадење и не е многу блага. Прашај за секој случај дали ја имаат сега.