Od Kuvertira kupuvam sekogas dali za rodendeni proslavi praznici zadovolna sum.Cokoladnata torta ne sum ja probala ama drugite vkusovi se preubavi.
Има ли некој искуство со О ла ла? Ми се допаѓа концептот, ги пратам на социјалниве мрежи а немам пробано сеуште ништо... Јас во суштина барам екстра кремаста торта, кремовите онака, со чоколадо, лешник, силен и млечен вкус...Надворешниот изглед ми е исто многу важен, сакам да е ептен цакана и уникатна!
Прескапо е во О ла ла.Прашував за торта за 35-40 пачиња со апликација со шлаг,нивна слика од фб и околу 3.600.Е премногу е
За слаткарници кои ми се допаѓаат би ги вброила Палма во Аеродром, Кабела во Козле, Апче - Скопје, Канела - Битола, и РАФАЕЛО во Ресен, преубави торти имаат и на изглед и на вкус.
Од Кувертира вкусни ми се чоколадната, комбинираната и царската торта. Освен царската, другите ги имам порачувано за родендени. На други родендени ги имам пробано нестле и бармен, ама не ми се вкусни. Тортите им се со пристапни цени. Пред некој ден јадев чоколадна торта од Канела. Превкусна беше. Според мене, Канела имаат највкусни торти. Само што цените на тортите се високи.
Имам слушнато од пријатели на родителите, за свадби кога порачувале дека влакна наоѓале во тортите од кај Грозданка. Сега порачуваат од кај Соња.
Да прашам, дали некој/а има искуство со колачите и тортите од La Creme во Лептокарија? Имаат понуда за cakepops на Групер, фини ми се видоа, ама на вкус? Секако сакам да правам такви за роденденот на синко, ама слабо стојам со време. Лани правев, ама бев послободна тогаш и можев да експериментирам.
Јас за роденден купив торта Опера, ја платив 700 денари и многу убава беше, богата на вкус. Исто имам купено и профитероли и падобранци и беа баш убави.
Од кувертира порачавме царска торта. И ни го испорачаа ова Ај кажете и вие што веќе сте јаделе царска торта од кувертира. Ова не е таа. Царската има повеќе тенки филови. А вкусот што да ви кажам. Бљак, бљак сите филови исти на вкус и грозни. Никад више од нив.
I jas samo pofalni zborovi za kuvertira i za slavnata carska torta. Koga stigna, koga ja probav,mi se slosi. Katastrofa ziva. Ic ne mi se bendisa. Nikad vise, lom od torta. Dali jas sum azdis ili stvarni ne e dobra nexnam.
И ние секогаш нарачуваме од Кувертира. Имаат солиден избор и пристапни цени, ама оваа што ви ја испорачаа на сè личи само на царска торта не. Дефинитивно нешто утнале или набрзина е направена, колку да ја откачат нарачката. Следниот пат кога ќе нарачувате од таму, или пак пиши им на ФБ страната ако воопшто ја користат, дај им критика, веројатно ќе се поправат. Од тортите инаку ги сакам комбинираната, Нестле и овошната ми се свиѓа, ама овие моиве дома не сакаат овошна торта, и Павароти не е лоша.
Како сте задоволни со NEW YORK слаткарницата, дали вршат достава и дали го имате составот на тортите?