Немам нарачано торта од таму, ама сите ептен ми ги фалеа колачите, па два пати имам купено од таму. Мене лично не ми се ништо посебно колачите, од други места ми се многу поубави. За тортите не знам.
Јас имав од Ле Креме земено мафини за една прослава и искрено ми беа најсуви до сега што сум ги пробала....
New york ми се онака просек, Кувертира прилично добри беа, барем за мој вкус. Е сега јас специфичен вкус имам, овошни торти/колачи мразам, само чоколадни, лешникави, карамел.. Канела во Аеродром, дно дна, последен пат ролат нарачав, сув, пресушен беше, доста понизок од оној чоколадниот од ВеМикс што го обожавам. Во Палма имаше едни колачи со 3 видови чоколадо, душа давав за нив. Шарлота во комшии ми беше, од многу добри, станаа најужасни. Ханибал баш добри тортички имаа, бар до пред некое време. Веројатно и сега, само името го сменија, да ме утепа човек сега нема да ми текне името, нешто делиција, долче лече, тропам нешто, не ми текнува хахаха О ла ла како и Њујорк, просек вкус за висока цена. Имаше една мислам Амарена се викаше во Лисиче, убава торта јадев од таму. На една свадба јадев торта од кејк бутик, па после кај истите и на крштевка, во двете прилики одлична беше. Чери Блосом онака просек ми беше, за парите. Други не ми текнуваат, освен на Апче за трилече хаха
Што стана со онаа Канела на Рузвелтова ја нема,ја затворија Денеска мажот ми купи од Шеќерезада торта,ама не сум ја пробала уште Еве ја на слика
Ухуу ти сите слаткари со ги протерала Јас одев во Вемикс на пракса тортите им се секогаш тазе. Само предупредување од таму само бомбици да купувате друго се можете. А во шарлота пак тазе им се колачитр ама тортите не ама сепак се вкусни многу сега ги поскапија
Ќути, ги имам поминато повеќето затоа што сакам чоколадна торта, ама не онаква што мириса на какао или па да осетам маргарин.. Ептен се нервирам Во Шарлота ми се многу тужни тортите, знаеш, преблаги, а порано и премногу шлаг ставаа иако потенцирав по 1000001 пати. Пофалба е што не штедеа на лешници и ореви. Комшии и пријатели ни се, ама не можам да фалам нешто што не бендидувам хаха
И ти да не си ми комшивка? Ај сега за муабетов кажи кај да најдам права чоколадна торта, бидејќи гледам по професија ти е благото
Незнам иам одено на пракса шарлота и вемикс е се торти од шарлота купувам.... И знам една слаткарница таа беше пред 13години кај билетарата сеа што е за ЈСП
Искрено, мафините никаде не ми ги погодиле ко што треба. Секаде се така некако суви и делуваат нетазе. Затоа сега само дома си ги правам со готова смеса на Dr. Oetker. Превкусни испаѓаат. Ние торти секогаш зимаме од Канела или Ваташа. Во Ваташа секогаш тортите се тазе и се предобри. Штета што немаат многу слаткари низ градов.
Пробај ги на Перфето тортите, не знам точно каде се наоѓаат, некаде кај Универзална, јас лично не сум купувала, ама сум пробала во повеќе наврати на родендени. Преубави се, особено лешник тортата, прсти да излижеш. А ептен чоколадна, чоколадна торта, само Влашка од Романса. Има да се убиеш од толку чоколадо Инаку и јас си земам стално од Ве Микс, ептен ми се вкусни тортите, ама и со нормални цени. Колачите нивни не ми се бендисуваат воопшто.
Влашка па и богата со чоколадо? Ме зезаш? Мислев синоним за скржавост се Во следна прилика ќе ги пробам, обично земам чоколадна и чоколадирана од горе од Вемикс и поминува некако. Колачи не сум земала Данкешен
Ако ти е од некаква помошПоследен пат кога купував тортата чинеше 530 за 18 парчиња,а истата со фондан околу 1 100 денари.