Во околина на битпазар или веро џамбо каде има убави ролати/торти 10-15 парчиња отприлика. Чоколаден класичен, или чоколаден со вишна, нешто слично..
Дали некој знае како се вика слаткарата од чаршијакаде што продаваат падобранци и орасници? Разбрав дека најубавите падобранци од Дојрана и др. ресторани се од таму, па дали некој знае каде поточно се наоѓа, како се вика, телефон или некакво инфо?
Да не мислиш на Слаткарницата "Охрид" случајно? Ако е таа, навистина имаат и орасници и падобранци, а бомбиците им се немам зборови. На почетокот на Чаршијата е, ама од оваа страна, кај Џамијата, од кај Плоштадот Скендербег. На друга ако мислиш незнам. Затоа што има уште една малечка, една жена со Хиџаб прави многу убави баклави, тулумби и халки, алва, произведува боза од просо, лимонада и сл. Таа е малку забутана на едно ќоше и нема за седнување (маси).
И двете имаат одлични торти, ама Романса држи повисоки цени. Моја препорака Нова од Романса, или Сахара од Делициа.
Влашка ми беше фаворит додека не почнаа да ја прават Нова (или бадем нескафе). Ама во последно време само од Делициа земам.