Мене ми се баш убави, додека бев во СК најчесто од нив или од Делиција нарачував, дека близу.. ма да една другарка скоро нарача и ми рече дека малку ги расипале..
Не можам да се одлучам за од Делиција која торта. Изборот ми е меѓу Чоко малина, Сахара, Овошна или Сникерс. За овошната прочитав лоши коментари а ептен ми идеше натака изборот, исто и за чоко малина..
Зависи каков вкус сакаш и двете се убави иако јас не преферирам овошни..па штом мене ми се убави, значи убави се Ма да од овие две овошната ми е поубава.
Торти од Шарлота земам. Еклери од Апче. Принцес крофни од слаткарница Калина. Во Шехеразада порано ама сега одамна не сум била и таму има убави благи. Во Палма се ми се допаѓа буквално вафли, слатки се. Сладолед од Ескимо или Малага. Други слаткарници не посетувам.
Не ти се многу тужни од Шарлота? На времето (пред 10тина или 15 год де па и 20 леле летнале годиниве ) земавме се од таму, домашна ќе да беше таа полна со лешници ореви и чудесии што им беше ама после многу маргаринести станаа.. На времето дека во населба ми беше, еднаш неделно смачкувавме по едно мало тортуле Ама ја баталивме од таа причина.. сега одамна немам земено од таму..
Само Канела за торти и слатки. Дефинитивно најдобри се. Земавме од Шарлота порано, ама откако видов кај ги прават и во какво нечисто место не ми паѓа на памет повеќе од таму да земам. Во Канела имам видено пре чисто е.