Слаткар

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Angelche, 14 јули 2010.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Слаткар & company.
    Се разви дискусија за Слаткар во една од темите, па би можеле дискусијата да ја довршиме, тука.
    Да се надоврзам:
    Некои ги слушаат, некои не. Некои ги сакаат, некои не.
    Сигурно имате слушнато барем една песна од горенаведениот, макар и против ваша воља. Кога ќе размислам подобро, па и да сите ги имаме слушнато песните на Слаткар и компанијата, барем еднаш со оглед на тоа дека барем еднаш во денот се пуштени во повеќето скопски кафичи, можеби и во другите градови. Слаткар пишува, пее; рецитира рап песни, кои би требало да се некој вид на негова, ‘‘автобиографија‘‘ во кои го исмејува, понижува целиот женски род, а некои од нив се негови верни обожаватели, и користи вулгарни зборови. Јас иако не сум негов обожавател и неговите песни ги имам слушнато само два-три пати, мислам дека премногу вулгарности има во песните, но со најновата песна, Биди Зелен, Слаткар и ‘‘компанијата‘‘- што би требало да биде Тони З.; пријатно ме изненадија. Нема толку вулгарности и безобразни зборови а и мило ми е што учествуваа во таа акција. Само таа песна им ја прифаќам, а можеби има и други добри песни, којзнае, како што кажав ниту сум негов фан, ниту негов непријател или го мразам, ама апсолутно ништо. Па би ве замолила да ги споделиме нашите мислења околу Слаткар и неговата музика, позитивни и негативни, нема лутење. . :)
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски
    Немам некое мислење за него ама оваа песна му е добра

    <object width="480" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/qkjrPhAlqTU&amp;hl=en_US&amp;fs=1"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/qkjrPhAlqTU&amp;hl=en_US&amp;fs=1" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="480" height="385"></embed></object>
     
    На cresa-jagoda, MarchelineAmaru, capri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Прво нешто морам најискрено да кажам, НЕ вреди да има ваква тема на форумов, било да е во негативен, било да е во позитивен контекст.
    Тоа што го прават Слаткар, Тони Зен, Денис екс и што ти ја знам за мене не е музика, не е уметност. Не можам да слушам некој како во секоја песна ги омаловажува и навредува девојките, а и не можам да ги сфатам истите што ги слушаат. Кој сака нека каже, ама факт е дека на 90% од овие тројца секој втор збор во песните им е навреда.
    Не вреди повеќе да дискутирам за него, ептен е тапа исто како и целиот Балкански рап.
     
    На CoverGirl10 и faye им се допаѓа ова.
  4. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    ужас.Не можам да го смислам чоеков и компанијата. Сите што ги знам побудалеле по него, а јас не го поднесувам. Тоа пцуење, јас стварно се прашувам што се случува, па и тоа фановите негови незнам што слушаат.Само навреди.
     
  5. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.755
    Допаѓања:
    8.347
    Пол:
    Женски
    Не го слушам ич.Сега многу нормално дека сум слушнала некои негови песни,секаде по кафичи ги пуштаат,ама дома така да ми текне да слушам таква музика...пу пу скраја да е!Без навреда до тие што го слушаат,прашање на личен вкус е секој што си слуша,а за вкусови не се дискутира.Мене ми е малоумна таквата музика.
     
  6. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Се разви дискусија во темата ‘‘Песни глупави лесни‘‘ за Слаткар, па мислев дека би требало да има некоја тема за него, каде што не би оделе во оф топици. Но доколку сметате дека Слаткар не заслужува тема, слободно клуч. ;)

    Јас како што си кажав, не го слушам па за да имам некое мислење за него. Факт е дека ми смета сето тоа омаловажување и понижување на женскиот род во неговите песни. А не слушам ни таков вид на музика, случајно, сите имаме слушнато некоја негова песна, макар против своја воља, како што кажав, па така и јас, неколку пати. Но никогаш немам пуштено негова песна на You tube, освен таа биди зелен, не дека ми се допаѓа премногу, туку сакав да ја преслушам и да ги пребројам вулгарностите во истата. И морам да признаам дека таа песна му е најдобра(од тие неколку што ги имам слушнато) затоа што нема вулгарни зборови, сето останато ми е некој тип на, кантата тропа или јас пеам, рецитирам во овој случај. За негов хејтер не се сметам, а далеку сум од негов обожавател, така кажано, сосем малку го регистрирам. ;)
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Абе не беа офф топик таму, неговите песни се всушност „Песни глупави лесни“. Не спомнав клуч, туку има многу врвни музичари кои оставиле траен белег во музиката, а сепак за нив нема тема, тоа ми беше зборот, да не ме сфатиш погрешно. ;)
     
  8. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски
    Нормално дека имам слушнато некои негови песни, ама не го слушам, може затоа и не сум го слушнала нешто особено да пцуе по девојки. Инаку ако зборуваме за навредување на женскиот пол , прво место дефинитивно зема Пенис :lol: упс грешка Денис Екс. Е од него ми се повраќа :puke:
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    не дека слушам ја обично рап,но има навистина некои песни што стварно ми се свиѓаат,како на пример остај ме да пишувам.не дека му се сите со навреди и слично.на крајот на краиштата и од она што ја сум го слушала,рапот без навреди и пцуење не ќе да е рап,така што тоа воопшто не ми ни смета.ко да не слушам такво изразување во секојдневен живот.плус,дури треба и храброст да се има за така да се изразува во нашава држава.како и да е,многу го сакаат,тоа се покажа и на неговите концерти
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    302
    Човекот ако се смета себе си за рапер-тогаш јас сум Мадона.Хаха :) шала на страна,имам слушнато некои песни од него онака случајно во сите песни нешто пее ама во секоја негова песна се исмејуваат и понижуваат женските...па што бе ние нели спаѓаме во категорија живи суштества?Единствена песна од него каде што нема исмејување е да полетам што верувам и дека не го напишал тој текст... а највеќе ми беше ќеф кога излезе таа песната од Софија Манева-Лигав Тип баш како за слаткар,ама пак одма вратиле со иста мера,направиле песна одговор на Лигав Тип...и на крај слаткар нема веза со песни и рап...се што испеал е ср*ње..се извинувам ако навредив или повредив некого,ова е само мое мислење.
     
  11. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    124
    воопшто не го сакам слаткар и не ги слушам нековите песни некако ми се безвезе освен онаа ДА ПОЛЕТАМ
     
  12. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Абе тој од га*от си вади во уста си става. Не ги сакам неговите песни.
     
  13. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    па и не сум некој обожавател на Слаткар...имам слушнато некој негови песни..онаа Шопинк беше многу популарна лани летото многу се пушташе по кафичи ....ама сега како малце да се подзаборави...и тој и неговите песни.. :D
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.599
    Слаткарчо комшијата од населба не го познавам лично и не знам што човече е. Вака и не ми оставил некој впечаток, уфуран е и невоспитан, ама ко ќе видиш сите се такви, така да не заостанува зад другите неписмени.
    Му го имам преслушано албумот, и ако сам ги пишува текстовите, има надеж (тука не ги вбројувам Шопинг и Спушти се долеееее), туку таа Сакаш да си фаца, секоја чест за таа песна :y:

    И толку што да се каже.... Мене во принцип ме нервира некој што пее против спонзоруши, лигуши, глуми хард кор, а седнал на маса со Џеј Џеј и му лиже гз за да сними албум! Па не иде тоа така. Од 1-10 му давам скромна 2ка. :lol:
     
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.088
    Пол:
    Женски
    :y: eх тој самонаречен џеј џеј уфуран е у филм демек е Џастин Тимберлејк заприметивте ... :fubar: :lol: гревота ...
     
  16. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    да не се залажуваме до некаде има вистина во песните на Слаткар... го познавам лично,не многу но ... не сум негов фан ниту хејтер...ги имам слушнато скоро сите негови песни пошто факт е дека е слушан и пуштан кај нас... навреди да има и тоа премногу особено за женскиот пол :swear: ( врие спонзоруши и ред други типови девојки како што ги опишува ) но исмејува и претставници на посилниот пол во Сакаш да си фаца делот на пример : А кантар не го мери нешколуван криминалец,има се што и треба само нема памет... фино си кажува дека има и такви момци по земјаваааа и тооо :D оставете го да пишува кој си се пронајде алал да му е :rock:
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Ма ниту да полетам. Слушни ја Фатаморгана од Саф милион пати повеќе ќе се пронајдеш. Барем секој збор тежи. Не планирам понатаму да зборувам за него. Затоа што веќе доста кажав! И да, одвај чекам за година две парите да си ги потроши на мара па да дојде пак да служи во локалните кафичи. Простаклук и малограѓанштина!
     
  18. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Со исклучок на 2-3 песни се друго од него е УЖАС... Ама ајде секој си има некој свој вкус па ако толку го сакаат нека го слушаат и нека му одат по концерти додека тој ги нарекува со секакви погрдни имиња (за женскиот дел од публиката)... Од друга страна дечкото вака или така си заработува... - Комерцијала тоа ти е ...
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.998
    Јас се прашувам каков вкус треба д аимаш за Слаткар да ти е омилен, и со кој по ѓаволите го споредуваат за да биде одличен :?: Ќе видиме до кога ќе заработува. Албумите не му се продавани, ги спуштааат од нет, која македонска будала ќе даде 150 денари за албум? Ќе заработува, додека не излезе вечи кловн од него да ја забавља простата маса. После парите што ги заработи во овие година две, ќе ги потроши на мара.
     
  20. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски
    Да , ама како беше таа песната... мара, мара лесно не се дава .. :D