Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Слаткар

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Angelche, 14 јули 2010.

  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Имав прилика да присуствувам на еден настап на дотичниов,(не по моја желба) никогаш не би отишла и освен попалени тинејџери не видов никој кој ги знае неговите песни. Јас дома со моите буквално го скокам на тв.Ми нема никаква харизма дечково која би ме натерала да ислушам една цела негова песна.И еминем пцуе и е вулгарен, ама можам да седнам и цел ден да ми е во позадина без да ме иритира. Овој слаткар,пекар не..
     
  2. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Денис екс да,глупчо невиден...
    Ама на Врчак и на ДНК,слаткар неможе ни на мал прст да им се фати.
     
  3. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Во споредба со Цврчак и ДНК, Слаткар барем сам си ги пишува песните. :lol:
     
    На Stam му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Сеедно,почитувам кога некој сам си ги пишува песните,ама сепак слушам тоа што ми одговара...А тоа сигурно не е слаткар!
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ете ми текна на една случка пред 1-2 години баш за Стара Нова Година поминував поред еден кафиќ во кој настап имаше Еклеров, и пред кафичот седнати на скала едно 4-5 девојчиња расплакани абе до немај каде и сеа слушам муабет едната вика, не бе нееее не се мрдам од тука додека не го видам Слаткар!
    ЛОЛ!
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  6. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Днк,Врчак и Денис ЕКС и Слаткар не прават иста музика.
    Слаткар е РАПЕР! Последните неколку песни кои ги направи не личат на рап,но тоа е за пари.
    А првите никогаш не правеле рап,прават клубска музика,за дискач.
    Како што Слаткар не се споредува со САФ,така не се споредува ни со Врчак.
    Пред една/две години Слаткар уште беше познат како ЕДИНСТВЕНА ОПЦИЈА и само љубителите на хип-хопот беа запознаени со момакот.Уште имаше вистински тврдокорен рап и важеше за квалитет на андерграунд рап сцената.
    И во кој кафич настапуваше Единствена Опција ? Кастро?
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Добро, знаеш што зборуваш воошто ?
    Ако е дотичниов РАПЕР треба да рапува од љубов, а не за скапани 100 евра кои ќе му ги дадат од еден настап.
    Раперите ги опеваат тешкотиите во животот ? - Ако е тешко тоа што одел на шопинг со женска му, кесите му биле розеви и му се исповратил на конобарот у врат, тежок живот живеел - морам да признаам.
    Од друга страна пак, Да полетам е скроз друга приказна. Сфаќам дека почнал oд нула, но не е начин.
    Сфати ме како сакаш, ништо лично - сепак. Знам дека повеќе си воодушевена од ликот на типов, отколку од делото, но тоа е.
    Па бар оргиналите слушај ги. :lol:
     
  8. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Прочитав некаде дека видео клипот за Шоп Шопинг имал гледаност од над 1 милион views :o :o Се запрепастив целата, не знам кој го гледа, ама јас - не. Не го слушам Слаткар и го ставам во кошот заедно со Џеј Џеј, Мекич, Врчак, ДНК... Многу ми се искомерцијализирани.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  9. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Шопинг и Топ не се рап. И никој не рече дека се.Воопшто тоа што го прави сега не е рап.
    Да полетам е обновена заради албумот имат стара верзија,со гитара со некој си Кире.
    Од старото дело на Слаткар сум премногу воодушевена и со задоволоство го слушам и ден денес. А со денешното не воопшто,дури и криво ми е.
    Но се на се,го почитувам.
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Е како ти е Слаткар достоен за почит кога и сама кажуваш дека прво имал топ песни рап тежок, а сеа искомерцијализиран за мизерните пари што му ги џитка Џеј Џеј, и што тука вреди за почит кај овој човек?
    Тој ако е толку голем љубител на рапот и од срце пишува и рапува не се продава на Џеј Џеј.
    Ама ако си ги вози он сите :clap:
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Во Ана Марија во Велес, на бина две на две. После тоа спиеше во амфи театарот затоа што немаше пари да си купи карта за воз до Скопје, па чекаше утрото да се врати шверц уз гужва со студентите. Не велам дека немал тежок живот, но кој имал? Да земеме сите да кукаме колку ни е тешко. Плус има мал милион социјалки кои се достојни за почит. Мене ми е многу веројатно дека за песната Да полетам црпел инспирација од Фатаморгана. Контекстот е тој, само не е со таков гнев, зборови и метафори опеана.
     
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    @ Mims: ЕО ја слушам и ден денес. А го почитувам заради ЕО и заради успехот кој буквално го постигна преку ноќ.Го почитувам за преполната Метрополис Арена и го почитувам за тоа што стана човек од копиљ кој дремеше пред зграда и настапуваше на бина две на две.
    А Офспринг,како тоа црпел инспирација во Фатаморгана? Тука се и Ќе направам јас,Јас сум јас,Како боли,Полетај,Нервоза,Полтрон,Една љубов,Еден живот,Сите моменти,Остај ме да пишувам,За предавниците,Остани горе,Крвави солзи итн.
    И за што се работи во рапот,ако не се прикажува реалната слика на животов? Фатаморгана не е кукање? Сафра не е кукањЕ?
     
    На NICKRIVERS му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ајде фати ме за врат, ако не и удави ме, Бог да чува. Не го сакам и одвратен ми е, тоа е факт број 1. Го знам каков копиљак беше со единствена опција кога идеше овде во Велес 2004 година кога имав 14 години и дружеше со мои блиски (тогаш) луѓе. Фактот број 2 е дека Рап Тврдина беше одличен албум (со исклучок на Н.Л будало), ама исто е факт дека Скит многу повеќе придонесува(ше) за единствена опција. Така да, тогашниот успех не е само по Слаткаровата заслуга.(сегашниов не го ни рачунам за успех.) Сега да ми се прави најјак шизик у маало неможе, знам те пушко кад си пиштољ била. Факт број 3 е дека едно ебено интервју незнае да даде на ТВ. Незнам дали го прави филмот и се глупира, ама изгледа за ретардиран морон со посебни потреби. Кукање се и сафра и фатаморгана, ама оди слушај ги и внеси се, ќе се загубиш, ама тоа е кукање на висок стил и не е за сечие уво. Дури и јас што не слушам рап и таква слична музика САФ ги слушам со задоволство, а од Слаткар ми иде таков ќењавец страв да те фати.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Офспринг, како општа инспирација за која било РАП лирика ги земаат САФ.
    Кој сакаш прашај рапер, истото ќе ти го каже, освен нормално оние ептен хаце(читај:Легија фанови) кои се нафурани до крај(несвесно генерализирам,но општа слика добив при неколку муабети,а општо и од арогантноста на рнс).
    Секоја рап-лирика(значи буквален рап) е социјална, плукаат по тешкиот живот, така да кога ќе видиш и САФ од некој копирале, според таква теорија.
    *Е да ме убијаш неможам да ја сфатам сличноста меѓу Да полетам и Фатаморгана, освен мотивот како што кажа и самата.

    -НЛ будало е врв песна, ако си од НЛ ќе ја сфатиш.. маалски муабети. Сите се диват на таа песна, тебе ти е нелогична, бидејќи не си од НЛ што се подразбира.

    И не го споредувај аман Слаткар со САФ. Никој не рече дека е подобар е Слаткар од нив.
    Рап тврдина да речиме дека е просечен рап албум, како и останатите да речеме на стр2, грин аут, свп итн.
    Така да, не е за мене ЕО врв во македонскиот рап, само ми се вбројува на листата од подобрите рап-артисти некогашни.
    Патем добар вокал е Слаткар за рап. Барем гласот не му е рапав.
    Второ кај него што ми се свиѓа е неговата љубезност,за разлика од РНС.
    Да го застанеш ќе ти направи муабет, нема да ти сврти глава, РНС ем е на ексклузив.. ем уште се прави хаце.
    Епа ТВ со андерграунд се небо и земја.
     
    На NICKRIVERS му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Не рече де, само пример си дадов од каде е веројатно да црпел инспирација, според некои си мои претпоставки кои немора да бидат точни. Да не станеше таков каков што е сега, можеби ќе го почитував, како што ги почитував предходно. За успехот предходно како Е.О. неможе да се зборува, затоа што како што кажав не е само негова заслуга.
     
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Јасно.
    Слаткар лирика, Скит на бит! :D
     
  17. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    а каков е сега?
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Таков каков што е. :)
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    според мене е супер :)
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ако се убедувате темава ќе си ја изгуби смислата и не мора да се пишува реплика со само една реченица колку да се билда мислење.
    Тие што го слушаат нека си продолжат да го слушаат никој нема право да ги осудува нити да ги обвинува за тоа нити да ги убедува дека не треба да го слушаат.
    Тие што не го слушаат нека си го искажат слободно мислењето без да бидат "нападнати" од слушателите и нека не го слушаат и нема никој право и нив да ги убедува дека треба да го слушаат.